jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.640
- Поени од реакции
- 27.598
САД НОЌЕСКА БОМБАРДИРАА ВО ЈЕМЕН
Американската армија гаѓаше со ракети три радари на брегот на Јемен, кои се контролирани од локалните шиити, потпомогнати од Иран. Ова е одговор на неколкуте обиди за напади со проектили против борбен брод на САД во областа каде што минуваат едни од најпрометните морски патишта во светот.
Интересно е што и во овој случај, од спротивната страна на бомбардираните сили се наоѓаат брутални терористички сили, кои во последните 30тина години(Од советската окупација на Авганистан, па наваму) потпомогнати од САД станаа силни воени структури.
Арапската пролет, всушност е финале на крвавата салафистичка револуција започната во Авганистан во 80-тите години. Исламистичката интернационала сиве овие години, без исклучок го има САД на своја страна, почнувајќи од Советската окупација на Авганистан, преку војните во Чеченија, Нагорно Карабах, Босна и Косово, па све до Сирија, Египет и Јемен. Противниците на САД се противници и на исламистичките воени структури. Случајно или не?
Американската армија гаѓаше со ракети три радари на брегот на Јемен, кои се контролирани од локалните шиити, потпомогнати од Иран. Ова е одговор на неколкуте обиди за напади со проектили против борбен брод на САД во областа каде што минуваат едни од најпрометните морски патишта во светот.
Нападите биле овластени од претседателот Барак Обама, а ова е првото директно воено дејство врз објекти на јеменските хути кои војуваат против поддржаните од Саудиска Арабија власти.
Пентагон наведува дека тоа не е мешање во конфликтот, туку само елиминација на радари што се користеле за истрелувањето на три ракети врз крстосувачот “Мејсон” од неделата наваму.
“Овие напади на ограничена самоодбрана се извршени за заштита на личниот состав, нашите бродови и нашата слобода на движење”, рече портпаролот Питер Кук во Вашингтон.
Нападите со ракети “Томаховк” се извршени околу 4 часот наутро по локално време.
Ракетните напади против “Мејсон”, се сметаат за одговор на бомбардирањето од страна на предводената од Саудијците коалиција врз погреб во главниот град Сана, при што беа убиени најмалку 150 хути.
Мајкл Најтс, аналитичар во вашингтонскиот Институт за блискоисточна политика, смета дека случувањата можеби покажуваат трансформирање на хутите во воинствената група од типот на шиитската “Хезболах” во Либан.