По кажаново сметам дека ги имаш позитивните симптоми на шизофренија, и тоа на подвид Параноидна Шизофренија, е сега дали ги имаш негативните симптоми?
(Тука, најчесто, спаѓаат рамнодушно и споро дејствување и емоции,сиромашен говор (алогија), неможност да доживеат задоволство (анедонија), недостаток на желба за формирање на односи (асоцијалност) и недостаток на мотивација. Истражувањата покажуваат дека негативните симптоми придонесуваат повеќе за лош квалитет на животот и функционална попреченост, од позитивните симптоми.)
Доколку ги имаш тогаш најверојатно станува збор за F 20 шизофренија....
Добрата вест е што се лечи, ако си ги примаш лековите редовно немаш мака, и ќе имаш нормален живот, имам блиска личност која што е заболена од оваа болест и води најнормален живот, се разбира си ја прима дозата на лекови, Рисперидон ти е одличен антипсихотик (луѓе цел живот ги примаат антипсихотициве па ништо не им фали живеат и до 100 години со редовна терапија - ова го рече еден од најдобрите психијатри во државава, и најнормално не можеш ни да познаеш дека е со таа дијагноза), ако не ги примаш лековите симптомите ќе се влошат и ситуацијата може да ескалира....