Пливање на ОИ Рио 2016

  • Креатор на темата Креатор на темата ColdSky
  • Време на започнување Време на започнување
Дај кажете ми кога плива Фелпс и во кои дисциплини, скроз сум избацен од колосек со ова поплавиве.
 
Дај кажете ми кога плива Фелпс и во кои дисциплини, скроз сум избацен од колосек со ова поплавиве.
вечерва 200 мешано и утре 100 пеперутка :)
 
Дај кажете ми кога плива Фелпс и во кои дисциплини, скроз сум избацен од колосек со ова поплавиве.
среда 03:28 финале пеперутка 200м

среда 19:24 квалификации мешано 200м (четврток 04:29 полу, петок 04:01 финале)

четврток 19:31 квалификации пеперутка 100м (петок 04:34 полу, сабота 03:12 финале)
 
Како да не сврте баш убаво Катинка на 50м. Беше прва и на свртувањето заостана, ма да нема врска пак си лапна пак златен. :D
Лесно може да те дисквалификуваат на грбно за вртењето. Треба да пазиш кај си цело време во базенот, сенс да развиеш кај си и на крајот од базенот се вртиш на стомак и додека си на стомак имаш дозволен само еден завеслај па се вртиш. Ако не пресметаш убаво кога да се свртиш на стомак го јадеше стапот, ќе изгубиш 2-3 секунди како ништо. Уствари цел стил е полн со правила, јас во моите професионални денови само грбно не пливав, ме нервираше :D
 
e8c053eb992cc34eec040af484bf9d37.jpg



Инаку водата во базенот за скокови позеленела затоа што нема хлор во тој базен + температурата е повисока од базенот за пливање и сето тоа допринесува за цветање на алгите кои ја сменика бојата преку ноќ.
 
ФЕЛПС КРАЛУ!!! 20 ЗЛАТО ДУПИ СИ ГИ.

Какви две трки беа ова и ова со Фелпс и претходниот дуел со Ледеки, Сјостром и Пелегрини. Оди спиј да те видам.
 
Чех исплива 1:52.91 во Мај и изјави дека не е во полна форма и би бил незадоволен ако не исплива под тоа во Рио.

Човекот исплива 1:56:24 во финале.

Психолошки крах достоен на Македонија.
 
Американциве на пола трка го освоија златово на штафета.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom