Воен Удар во Турција

  • Креатор на темата Креатор на темата Syn
  • Време на започнување Време на започнување
Азербејџан е тесно врзан со Турција, исто така секуларизмот е силно изразен, населението ја чувствува Турција како закрилник и поддршка во една така комплицирана средина, поголем брат на Азербејџан.
Да не ја тупиме, тоа што го кажа за Сафавидите е така, но денешните политичко-религиски односи на блискиот исток се така измешани и конфузни, што и ние што сме таму тешко може да ги разбереме.
Туркмени шиити во проиранските милиции во Ирак, туркмени сунити во тие кои се тренирани од турската армија, борба за превласт над езидите од страна ПДК и ПКК, битка за влијание врз сунитските организации од страна на Турција, Саудиска Арабија, Катар...Секој на секого е волк денес, ситуацијата е толку сложена, што посложено не може ни да биде.
Точно е, ситуацијата е ептен сложена. Многу посожена одошто можат некои неупатени дури и да се доближат до правата слика. Но таа слика не е одлика на денешницата. Точно е имаше еден период, каде што проблемите беа ставени под тепих, со надеж дека ќе се заборават некои работи. Но како излегуваат проблемите на површина, се класифицираат онака, како што било пред 10 века.

Турците биле воини и првентствено изнајмувани како воини на блискиот и средниот исток. Но со тек на време стекнувале моќ и во прво време ги превземале државите, така што ги убивале владетелите и ги посвојувале нивните деца. На пример, во одреден период Калифата во Багдад бил владетел на Арапското царство, но имал 8 години и бил посвоен од некој Турски Хан кој себеси се нарекувал Ата Беј (голем татко). Е сега такви имало во Персија, такви имало и во Арабија. А тие меѓусебно во дадени периоди не се сакале и војувале.

Тоа е ако гледаш од аспект на Турците, ако гледаш од Курдска страна, сликата исто така има своја комплексност, па ако ги додадеме згора на тоа Ерменија, Грузија, Персија, Сирија, Арабија, Египет, Јордан и згора на тоа крстоносните војни добиваме една страшно комплицирана ситуација, која уште повеќе се комплицира ако го додадеме верскиот елемент.

Ете ништо поинаку не е ни денеска. Сум рекол, само со добро проучување на минатото(блиско и далечно), можеме да сватиме што се случува во моментов таму.

Единствена разлика во денешницата е што од сите аспекти гледано, турскиот народ (зборам за сите туркофони) никогаш во историјата не биле волку меѓусебно блиски и сплотени. Иако биле неприкосновени во војувањето речиси 1500 години, неретко воделе брутални и исцрпувачки меѓусебни војни, па дури граѓански внатреплеменски војни.
 
http://www.mkd.mk/svet/vesti/objaveno-liceto-na-ubiecot-od-istanbul-foto

mkd-301358.jpg


Овој е од тие "умерените либерали"
 
Кој ѓавол ги терал сите тие луѓе да слават каурски празници?
Исламот тоа го забранува.
 
Се случи терористички напад во Измир ''општина Бајракли'' и баш денеска ќе отидов таму и се откажав во последнот момент фала богу..
son-dakika-izmir-de-adliye-yakinlarinda-patlama-8300818.Jpeg
 
Турција стана побетер од Сирија,
како тргна годинава, туризмот ќе им биде катастрофа.
 
Молам Бога Ердо да остане на власт иако сум против него,ако падне Ердо ете ти 2 мил. мигранти на Богородица.
 
Турција стана побетер од Сирија
Не до толку..
Молам Бога Ердо да остане на власт иако сум против него,ако падне Ердо ете ти 2 мил. мигранти на Богородица.
Па ниеден од нив не сака да оди Македонија тие просто сакаат да одат Шведска Новершка или Германија
Ако имаа 2 опции Турција и Македонија тие сигурно би останеле во турција пошто стандартите се многу подобри во турција
 
Последно уредено:
Не до толку..

Па ниеден од нив не сака да оди Македонија тие просто сакаат да одат Шведска Новершка или Германија
Ако имаа 2 опции Турција и Македонија тие сигурно би останеле во турција пошто стандартите се многу подобри во турција

Каков е животот во Турција? Има страв меѓу народот, паѓа стандардот, паѓа поддршката за Ердоган?
 
Каков е животот во Турција? Има страв меѓу народот, паѓа стандардот, паѓа поддршката за Ердоган?
Има страв меѓу народот но не за граѓанска војна туку заради нападиве што е сосема нормално исто како во Франција и Германија можам да кажам
Стандартот не паѓа туку малку се подобри во споредба со минатата година
а поддршката за Ердоган според мене паѓа но јас живеам во Измир и тукашните луѓе засекогаш го мразеле Ердоган Мислам дека во другите градови има повеќе поддршка еве во мојата населба Ердогановата партија добила само %17 од гласовите и на наредните избори мислам дека тоа ќе падне до %12
А неговата поддршка паѓа поради тоа што сака да им дава државјанство на сиријците а и грешните пропаганди и политики кон Сирија што ја турне Турција во длабока криза
а иначе јас лично не го сакам и мислам дека Турција би била подобра без него :D
 
Последно уредено:
НАЈТОЧНАТА ФОТОГРАФИЈА ОД ТЕРОРИСТОТ ВО ИСТАНБУЛ: Турските медиуми го бараат терористот по фотографија од Обама!
obama_terorist.jpg


не е ист, се гледа по косата на чело, ама дека личи личи :D
 
НАЈТОЧНАТА ФОТОГРАФИЈА ОД ТЕРОРИСТОТ ВО ИСТАНБУЛ: Турските медиуми го бараат терористот по фотографија од Обама!
obama_terorist.jpg


не е ист, се гледа по косата на чело, ама дека личи личи :D
Брат му од Кенија:pos:
 
Две седмици поминаа, од терористот ни трага, ни глас.Во два наврати полицијата приведуваше или обвинуваше погрешни луѓе, многу се измешаа работите.Пред некој ден имаше и дојава дека бил виден во метрото, ама се покажа лажна.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom