Систем за поволни кредити без банки

  • Креатор на темата Креатор на темата Mister No
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.913
Поени од реакции
6.490
Во Италија, на Сардинија функционира клуб со ,како што нарекуваат, систем на поволни кредити, (иако мене повеќе ми личи на систем за затварање на долгови со повеќекратна компензација )
Почнато во 2010 како старт-ап, наречен Сардекс, клубот денес има 3200 членови. Идејата била помош за малите фирми да можат да користат роба и услуги без готови пари и баз камата.

За што се работи :
Фирмите се зачленуваат на платформата, каде плаќаат годишна членарина. Членови тргуваат помеѓу себе во тој затворен систем, односно користат услуги и купуваат роба без да плаќаат со пари, односно компензираат преку Сардекс-кредити со свои производи и услуги.

Пример, забар поправа заби на ѕидар и за тоа добива одреден број на Сардекс кредити. Со тие кредити забарот може да купи храна во маркет, а понатаму газдата на маркетот со добиените кредити да купи, пример, полици од столар или да изгради магацин од ѕидарот.

На ваков начин, малите фирми ја зголемуваат својата работа без да се оптеретуваат со финансии. Во 2015 членовите на Сардекс направиле меѓусебни трасакции во вредност од 51 милион евра.

Платформата има свои вработени кои секојдневно ја проверуваат понудата и побарувачката и бараат можност за работа на своите членови. Истовремено, целиот систем е крајно транспарентен и секој член во секое време може да ги види кредитите и извршените работи кај другите членови.

Иако самата работа е проста, сепак наведуваат дека треба минимум од 600 членови за да се формира база на понуда и потрошувачка, како и дека не е можно да се работи само со членови поради неопходни готови пари за даноци, плати, комуналии.
Како и да е, Сардекс во последните две години бележи раст и освен на Сардинија проширен е и во други 10 регии во Италија. Наводно , за моделот, се интересираат и во други држави.

Повеќе тука.
***
Мене лично ми се допаѓа системот и мислам дека би била одлична помош за малите фирми во смисла на проширување на работата. Дури мислам дека е одлична идеја за сличен старт-ап во Македонија, ако некој има живци да го работи.
Секако дека личи на застарена метода во модерниот капитализам, ама, како и во случајот со утопијата во Мариналеда, Шпанија, вакви методи се корисни за обичниот народ како одбрана од корпоратизмот кој неминовно не гази.
Ваше мислење ?
 
Ne e ova nisto novo. Razgldaj za bartercard, toa funkcionira globalno i ima mnogu poveke korisnici. Se sozdava defakto valuta i nemoj da mislis deka na ovoj nacin ke se izbegne kamatata, prasanje na vreme e od centralata da pocne so krediti i razmena na evra za nivna valuta (bar ova e iskustvoto so site slicni podobro razvieni platformi). Se na se e dobra rabota za start ups i za biznisi koj imaat roba od koja sakaat da se oslobodat, tesko deka ke privleces nekoj asalen zabar koj ima rabota na pretek za realni pari da ti gi pravi zabite na vakov nacin.
 
Се тоа добро ама забарот не можи да набави материјал керамика германски за пломби со сардекс поени. Германецот бара еура батица.

Друг пример сакаш да реновираш дома а кнауфот и абрипот се корпоративни, со тие поени можиш да платиш само работна рака.
 
Ова го смисли Ѕинго 20 години пред нив.
 
Ова го смисли Ѕинго 20 години пред нив.
Далеку е шемата на Ѕинго од ова....
Се тоа добро ама забарот не можи да набави материјал керамика германски за пломби со сардекс поени. Германецот бара еура батица.
Друг пример сакаш да реновираш дома а кнауфот и абрипот се корпоративни, со тие поени можиш да платиш само работна рака.
Забарот е само пример. И пломбата и кнауфот нека се платат со пари, работната рака и во двата случаја можат да бидат компензирани...
 
Ова го смисли Ѕинго 20 години пред нив.
Фикрет Абдиќ во 80 десетите со меници ја разниша економијата на СФРЈ “јас ти борчам тебе ти му борчиш нему он му борчи на оној а оној на мене ... и на крај сите искомпензирани а парите ги нема.
 
Па денес е така во Македонија. Градежна фирма на добављач за месо му плаќа во цемент, и пошто стекот им го дава по 200 ден без ДДВ. после пак им го продава цементот назад. :icon_lol:
 
Фикрет Абдиќ во 80 десетите со меници ја разниша економијата на СФРЈ “јас ти борчам тебе ти му борчиш нему он му борчи на оној а оној на мене ... и на крај сите искомпензирани а парите ги нема.
..чувениот парадокс на стоте долара.....:sneaky:
 
Фикрет Абдиќ во 80 десетите со меници ја разниша економијата на СФРЈ “јас ти борчам тебе ти му борчиш нему он му борчи на оној а оној на мене ... и на крај сите искомпензирани а парите ги нема.
Егзекли,
Кладуша, Ѕинго, ТАТ, Понци, ова, Lyoness, Bitcoin ...

Е сега ти процени шо е фер, легално, дали и колку ти чини и слично.
 
Sинго испадна најмангуп.
Со замени со бонови и на крај народот без леб а он пун како вреќа
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom