Дали одите на лов/риболов ?

  • Креатор на темата Креатор на темата ZIKS
  • Време на започнување Време на започнување

ZIKS

Ај за убо да е.
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.582
Поени од реакции
39
Веб-сајт
sportdenes.com
Дали одите на лов на животни, на риболов, или не одите на некои такви, да ги наречам, пред се' спортски активности.
Јас на пример, одам на лов, со братучеди, посебно одам бидејќи се качувам на високи планини, пешачам доволно, го усовршувам пукањето, но и ќе излезе нешто како зајак, дива свиња, и друго, па ќе се нагостиме убаво. :)
А, вие дали одите ?
 
Леле јас сум од Охрид и ми е срам да кажам дека во животов немам фатено ниту едно рипче,немам ни јадица ни мрежи ни блинкер.
Можеби сум еден и единствен :nesum:
 
Јас сум заразен за риболов многууууууу!!!!
 
Како мал премногу одев на риболов, ама сега не :(
 
Од 4 год.сум рибарче ако некој нешто го интересира нека праша
 
КОј сака да лечи душа и здравје, само риболов му е мајката.
 
Моето риболовско деби беше во Маврово, фатив едно рипче и се пензионирав од риболов триумфално! :pos:
 
ajde ribari

jas redovno odam na riba vo mavrovo, ama ne kolku za ribata tuku za da napravime dobro djezme i da se veselime, a ne e loso ako fatime i nekoja riba hahahhahaha
hahah!!!!!!!!
 
Не ме интересираат “спортски активности„ што вклучуваат животни, пушки, крв и скара. И се тоа само за забава.
 
Од Охрид сум, па немам фатено јадица в рака, малку е за срамота, ама тоа е..
 
PSYtisfaction напиша:
Не ме интересираат “спортски активности„ што вклучуваат животни, пушки, крв и скара. И се тоа само за забава.
Ниту мене!Не знам само што им се врти во глава и како не ги гризе совест оние кои одат и упукуваат без малку совест некое животинче и сето тоа чисто ради забава и задоволство.Би замолила некој од ловчииве да ми го опише кое е тоа “болно“ задоволство што ги тера да одат на лов повторно и повторно...:nesum:
 
Nephthys напиша:

епа, секој има различни размислувања. Пример, јас одам на лов, дел за забава, качување по планини, може да се сретне и нешто интересно од природата, а другиот дел за нешто да уловам.

П.С. месото од дива свиња е ептем вкусно, ама ретко некој да го има пробано. :)
 
ZIKS напиша:

Ти можеш да одиш по планини и да и се восхитуваш на природата и без да убиваш диви животни притоа.
 
На риболов имам отидено еднаш,ама се утепав од плачење кога дознав дека јадицата им ги разранува устињата на кутwите wипчиња.:(
Оттогаш,никогаш повеќе,и си останувам на зборот.

А лов...да ми даде мене некој пушка,затворен простор и ловџии преплашени до смрт.Ух,кој лов ќе падне тогаш...
du.gif
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom