15 години од смртта на големата ВАСКА ИЛИЕВА

  • Креатор на темата Креатор на темата bitushanec
  • Време на започнување Време на започнување

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
815
На денешен ден, пред 15 години, не` напушти големата Македонка и еден од најдобрите природни продорни мецосопрани во македонската и воопшто балканската народна музика, Васка Илиева.

Вечна и` слава.

Нејзиниот глас и песни вечно ќе живеат.
 
Последно уредено:
Има некој шо нема умрено на денов?
May the fourth wasn't with them I guess...
 
Последно уредено:
Васка, Гоце, Тито...ова се другово у три лепе пизде материне.
 
Вечна и` слава !!!
 
Да не го заборавиме и Пере Тошев По Младотурската револуција Пере Тошев и Димо Хаџи Димов учествува во издавањето на весникот „Конституциона зора“, кој излегува во текот на 1908 и 1909 година во Солун. Од 23 број „Конституциона зора“ се декларира како орган на Македонско-одринската организација и ги застапува позициите на Серската група на ВМРО. Во текот на 1910 и 1911 година. Пере Тошев бил назначен за училишен инспектор во Солун, а пред Првата Балканска војна се разболел и заминал за Софија на лекување.

Пере Тошев тешко го доживува Договорот склучен меѓу Србија и Бугарија на 29 февруари 1912 година за војна против Османската империја и поделба на Македонија. Тој протестира и бара да биде примен и ислушан во Народното собрание, но е уапсен. Скршен од болка тој заминува за Македонија. Но, предаден и следен уште од Софија, тој бил пречекан од турска заседа меѓу селата Градско и Дреново. На 4 мај 1912 година (21 април 1912) Пере Тошев бил убиен, а неговото тело исечено на парчиња и скриено покрај патот. Дури по пет дена роднините го наоѓаат телото на Тошев, но Турците им забраниле да го закопаат во Прилеп. Под нивен надзор Тошев бил погребан во дворот на црквата во селото Фариш, Тиквешко. Во 1996 година неговите посмртни останки се префрлени во црквата „Св. Благовештение“ во Прилеп.

Неговите современици ќе забележат дека: „Меѓу најголемите македонски дејци, Пере Тошев е најмалку познат. Тој живееше во осаменост и умре незабележано. Неговиот тивок и меланхоличен лик, сепак е полн со редок и скапоцен шарм. Внатрешниот живот кај никој од соборците не беше така чисто фокусиран и изобилен со морално богатство како кај него“.
 
Веројатно на денешниве генерации треба убаво да им се објасни која била Васка Илиева. Според мене, веднаш зад Гоце Делчев и слични, заедно со Бадев, Сариевски, Манчевски...
 
Веројатно на денешниве генерации треба убаво да им се објасни која била Васка Илиева. Според мене, веднаш зад Гоце Делчев и слични, заедно со Бадев, Сариевски, Манчевски...

Не' отекоа само со Тоше.

Никакво внимание не им се посветува на великаните на македонската народна песна, која ја оддржуваше македонската национална свест низ минатото.

Да не се заборават пензионираните или починатите великани како Добри Ставревски, Бафтировски, Гугулоски, Палазова, Бапчорките, Јонче, сестрите Мавроски, Јонче, Караѓуле, Видец , Спирова, Костадинка и многу други испозаборавени важни ликови во народната македонска песна.
 
... Леб и сол
Со Тоше и треба да не отекуваат, но и овие не смеат да отидат во заборав. Не само да пуштаат песни, туку и документарци да има. Тие се едни од темелите на македонската држава.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom