Препорака за вградна фурна и плотна

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
12.056
Поени од реакции
7.238
Па како што кажува името на темата, ми требаат предлози од ваши искуства за вградна фурна и плотна? Кои марки, кои типови, што карактеристики да барам итн...? ;)
 
Ако ти е за секојдневно готвење и сакаш да заштедиш, а не за украс тогаш земи си комбинирана плотна со плин и струја.
Марки, па секој ќе ти каже различна. Некои се задоволни од Бош, други од Беко, јас од Горење, некои пак од сосема друго.
Гледај што ти одговара според буџет. На фурната така нема сите функции да ги користиш. Кај нас има десет, па користиме само две.

Јас да сум сега ќе земам плотна со две рингли, а не четири.
 
Плин не сакам во никаква комбинација. А кои се тие функции на фурната?
 
Без разлика која марка е фурната (рерната), барам мислење за нејзино поставување во кујна.

Дали е практично нејзиното поставување малку погоре од стандарден шпорет? Како што гледам сега ги ставаат на од прилика 1,2 м од земја и настрана од плотната (ринглите).

Дали е практично ваквото постаување со оглед на тоа што и од рерната излегуваат мириси при готвење, кои аспираторот не може да ги впие?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom