Мачки (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата faraon
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки, поради алергија не можам да го задржам мачево, значи, подарувам маченце старо околу месец дена, доколку некој има искуство и сака да се грижи за него нека ми пише порака. Мачето се храни со шприц уште некои 2 недели, и се стимулира за физиолошките потреби. Итно.
 
мачката моја не ми е добра...окото и солзи и и е подзатворено, снемува апетит и е некако спора..има две мали мачиња сеуште не прооделе и едното маче ги има истите симптоми а другото не..дали некој знае за што се работи? и чаре некое..[DOUBLEPOST=1401104681][/DOUBLEPOST]И многу кива
 
Последно уредено:

Просто и едноставно, тргни ги од провев, смести ги дома, и очињата мачкај ги со хлоранфеникол маст. Ако ги држиш на топло, ќе се опраат. И гледај мачката да не дехидрира.
 
Најдов мало маче и сеа пошо сум нов у овој оддел (чување на миленичиња) сакам да прашам за совети.
Раса: American Shorthair
Cats 101 - YouTube: https://www.youtube.com/watch?v=8z5jTGFBdZw
Close-Up: Photo#1 Photo#2
Сеа прашањата:
Што треба да јаде? Овие 2-3 дена му давав месо и вода. Ништо друго... Да не треба да пие млеко или некоја специјална храна (као оние шо ги има на ТВ).
Каде да иде по нужда? Овака “иде“ у ќоше од собата на лист. И ја го фрлам листот.
Нели треба на песок нешто такво.
И само спие. Едно будење повртка се натам-наам и ај па на спање.
 
За нужда, легенче со песок ќе треба, има песок по продавници за миленичиња, 200 денари би требало да трае еден месец отприлика. Млеко не е препорачливо пошто му се формираат глисти, мевце и вода е океј засега, али полека-полека ќе треба да се навикнува на мачја храна, конзерви, мека и сува, имаш по маркети па можеш да разгледаш. А мачињата спијат околу 16 часа на ден, само ептен испрекинато, немаат некој одреден биоритам, у сред вечерта може да рипне и да почне да ти трча низ соба :D

Па со среќа, ако треба уште нешто прашај :)
 
Луѓе имам мало маче, пред малку го фатив и почна да мјаука силно, го оставив престана. после почнав да го фаќам во пределот над стомакот и пак почна да мјаука, не го стискав значи обично галење.. очигледно осеќа некоја болка, и од оздола кога го фаќам во тој предел го боли и од озгора. што може да е ?
 
Раса: American Shorthair.

Мене на скопски стритерсо педигре ми личи.

За јадење нешто помеко од старт, не знам млеко до колку пијат, вода сигурно. За месо не верувам да има заби, може за пилешка салама или нешто така. Подоцна на готова сува храна ќе го ставиш.

Има специјален миризлив песок за биолошки потреби кој ја сузбива миризбата. Не знам цена но не е скап и трае месец два.
 
Ве молам за помош мало маче скоро втор ден е заробено на дрво дали има некакви шанси некој да помогне во симнување 20-30 метри се во прашање не е малце
 
Кај се наоѓа/? Населба?
 
Дечки планирам да вдомам маче деновиве и би сакал вие кои чувате и највеќе знаете за нив да ве прашам неколку основни работи околу изджувањето на мачето.

Нормално прво од финансиски аспект, колку пари би ми требалo месечно за храна, песок и други основни работи за мачето.
Колку би ме чинела ваквинација, чистења, прегледи и се тоа што треба треба да му се направи на мало маче кога ќе се земе.
И на крај околу хигиената, митарење и слични работи.

За некои совети за чување ќе ве прашам тек кога ќе го земам мачето
Фала ви однапред :)
 
Дечки планирам да вдомам маче деновиве и би сакал вие кои чувате и највеќе знаете за нив да ве прашам неколку работи околу изджувањето на мачето.

Нормално прво од финансиски аспект, колку пари би ми требалo месечно за храна, песок и други основни работи за мачето.
Колку би ме чинела ваквинација, чистења, прегледи и се тоа што треба треба да му се направи на мало маче кога ќе се земе.
И на крај околу хигиената, митарење и слични работи.

За некои совети за чување ќе ве прашам тек кога ќе го земам мачето
Фала ви однапред :)

Од финансиски аспект - вреќа песок чини отприлика 200 - 250 ден, а имаш да ја купиш во сите поголеми маркети и трае отприлика еден месец. За храна, бидејќи е малечко, има џуниор храна за мачки, од која сувата храна чини отприлика 100 - 150 денари за 200 грама, али мислам дека по пет-шоповите ја продаваат и рефус по поефтина цена. Исто имаш и џуниор ќесички храна - каде има месо со сос, и една таква ќесичка чини околу 30 ден. Овие ќесички не се препорачуваат како секојдневна храна, али повремено и помешани со сувата храна се ок. Можеш да му даваш и домашно приготвена храна (варено мевце, риба исчистена од коски, јогурт, салама) Млеко не се препорачува и секогаш нека има чиста вода до чинијата со храна.

За чистење - ќе си земеш Нео Петроид и ќе го поминеш мачето со прашокот. На ветеринар ќе ти дадат апче за прочистување од глисти, кое чини околу 30 ден. За вакцините - не ме фаќај за збор, али мислам дека беа две по 500 ден. Ако планираш да го кастрираш/стерилизираш - тоа е околу 2000 ден за машки, 2500 ден за женски, али обично пред февруари сите ветеринарни ординации нудат некаков попуст за оваа процедура.

За митарењето - ќе се митари и тука нема многу што да направиш. Можеш да го проаѓаш со некакво ситно чешелче, али од мое искуство не помага нешто посебно, а мојов и не седи баш мирен за да можеш да го чешлаш. За хигена, на ветеринар ми препорачаа посебен шампон за мачки (имаш по пет-шопови), али го имам бањато и со обична купка и немало проблем. Ако не планираш да го пушташ надвор, доволно му е и еднаш месечно да го бањаш, а нема проблем ни за поретко.
 
Фала ти за одговоров.
Само уште 1 подпрашње :D Во врска со митарењето. Дали се случува сезонски или си трае цела година и се зголемува како старее мачето. Прашувам затоа што имаме една мачка во зградава што одамна ја чуваме. Порано колку што памтам немаше толку влакна кога ја галев, сега да ми се погали од нога 10 минути ги чистам фармерките. :D

Може делувам смешно со прашањава меѓутоа никогаш не сум чувал мачка и затоа сакам да знам во што се впуштам, да не испадне после еј не ми одговара сеа мачкава, не знаев дека ќе биде вака па да треба да ја давам после :)
 
Ич да не се секираш, уопште не делуваш смешно. :) Одговорно е да се распрашаш, пошто ипак живо суштество земаш дома и треба да ви биде пријатно и на двајцата.

Митарењето е најголемо во пролет и помало преку лето. Во зима не се митарат толку. Во однос на возраста - ја мојов го чувам три години и не сум забележала нешто зголемено митарење во однос на порано.
Ипак, ако се решиш да земеш маче, секако да знаеш дека ќе имаш влакна по мебелот, по облеката, по теписите. Не е нешто бог знае колку страшно, али ги има. Ќе си земеш четка за чистење на облека и пред излегување ќе си поминеш по тие делови кај што те гушкало мачето :P Со истата четка би требало да можеш да го исчистиш и самиот мебел.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom