Колкава е вашата домашна библиотека?

  • Креатор на темата Креатор на темата Димитар
  • Време на започнување Време на започнување
Е баш има поговорка, то ес повеќе како изрека дека единствен опростив грев е да украдеш книга :)
Нема поголем криминал кон книгата, од тоа да не ја споделиш (вратиш). Ако треба кеш да се даде како казна, остави ги книгите пред врата или во сандаче и оди си. Ама голем грев е да ги задржиш дома за себе. Голем грев... :star:
 
Па, бидејќи сестра ми заврши книжевност, (таа е главниот виновник што ме навлече на читање воопшто) имаме доста книги. Не знам точен број, ама кога се омажи ни ја „ограби“ нашата домашна библиотека, сега се на се, кај нас има околу 500 книги, ако броиме и стручна и се. Инаку повеќето се постари, или пак енциклопедии, или пак лектири, ама сега јас годишно ја подновувам, околу 10-15 наслови, претежно белетристика и економски наслови, како што ми е насоката на факултет.
 
Скромна имам околу стотина книги. Претежно земам книги од библиотека, читам и враќам. Сакам да ја подновам со некој наслов, обично сакам да ги имам книгите кои ми оставиле впечаток. Околу 70 % е белетристика од тоа што имам. Инаку правам колекција од руски класици.
 
Многу слаба ми е библиоттеката.Вчера се изначитав и завчера и денес нешто не ми е до читање.А иначе си читам редовно ,некогаш навечер во свечени прилики (обично во викенд,вторник за време на ЛШ,празници),а некогаш и ради разонода во работен ден .:toe:
 
Прескромна со само детски книги (кои сум ги читала во основно). Периодов откако почнав поинтензивно да читам, ги позајмував/м од библиотека и ги враќав/м. Но, планирам и сама на себе си ветувам дека од следниот период ќе почнам да си ги купувам омилените книги (и да не жалам пари за тоа) и на тој начин да си направам една своја домашна библиотека. :)
 
Скромно, се на се 200 од кои 100 и нешто книгички за кои јас самата сум двоела од џепарлак за да си ги дозволам and i'm proud of myself, а другите се колекции од Балзак, Достоевски и слични имиња што ми останале од баба ми и дедо ми. Ја зголемувам секогаш кога имам прилика и се надевам на една убава голема домашна библиотека еден ден :)
 
Не купувам, зимам од библиотека затоа....ама шеесетина има сигурно и тоа дали 20 од нив се нешто што вреди да се седне да се чита...
 
20789918093326471811655.jpg
 
Триесетина GB у ибукс и аудиобукс ... иам и некои стотина физички книги шо се шуткаат по плакари од татко ми
 
Околу 100 тина сите купувани од мајка ми од тие 100 имам прочитано само преку сила 7-8 , книгите што сакам да ги читам ,а ги немам дома ги земам од библиотека , иначе и јас и татко ми си имаме наша библиотека строго полна со билтени од Спортска кладлиница :pos2:
 
Околу 100 тина сите купувани од мајка ми од тие 100 имам прочитано само преку сила 7-8 , книгите што сакам да ги читам ,а ги немам дома ги земам од библиотека , иначе и јас и татко ми си имаме наша библиотека строго полна со билтени од Спортска кладлиница :pos2:

Слично и кај мене. Околу 100 книги, сите на мајка ми. Некои и се подарени, купени или како награда добиени од времето кога била ученичка,учества по натпревари и слично. Јас имав удел од две книги таму. Првиот и вториот дел од Хари Потер, но првиот го загубив некаде така да имам само една моја книга. А за билтени имам еден вагон, и цело време заборавам да ги исфрлам. Добар дел од тие книги ги имав како лектири во средно.
 
Имаме баш библиотека со над 400 книги буквално од секаков жанр. Штета што немам време сите до една да ги прочитам. Затоа татко ми има :)
 
Имам 30тина книги во домашна библиотека. Идам по овој принцип, зашто да купувам книга кога можам да ја земам од библиотека, и така и така не би се нафатила една иста книга да читам по втор пат...Од друга страна, за книги што ми се чинат интересни а што се нови и што ги нема у библиотека, би дала пари.
Касно ми текна за оваа животна лекција ама па затоа па коа внучињата кога ќе почнат да чепкаат ќе почнат да ме сметаат за лигуш.
Како и да е, сеа се` почесто зимам од библиотека, но еве рецимо за добар квалитетен наслов би си одделил средства за да го поседувам. (Нормално и со солиден превод и обработка) Некогаш дури и се трудам ако прво го имам читано преводот, да го најдам во оригинална верзија (Англиска/америчка книжевнсот.
 
Некаде околу 50 но секој месец се множат еден ден сакам да имам нешто слично на ова
16aa6646library-win.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom