Колкава е вашата домашна библиотека?

  • Креатор на темата Креатор на темата Димитар
  • Време на започнување Време на започнување
Сигурно над 100 книги, не вклучувајќи стручна литература за факултет.
Имам солидна колекција на книгите на Фројд, посебна едиција со книгите на Теодор Драјзер, поголема колекција на Агата Кристи, 5-6 книги за светски заговори, колекција од Петре М Андреевски и позначителни колекција од моите омилени книги од македонски автори.
Поделено по жанрови, доминира психологија, право и крими романи.
Од стариот мои има една интересна колекција на Лајош Зилахи и Фиш ама никако да најдам слободно време да ги прочитам.
Мои омилени книги од библиотека се Колапси од Џеред Драјмонд, Американска Трагедија и Финансиер од Теодор Драјзер, 99 франци од Фредрик Бегбеде, Мартин Идн од Џек Лондон, Сексуална теорија од Фројд и Ханибал трилологијата-special edition in English:)
 
Многу немам,али можат да се најдат 50тина.Брат ми ептен чета :)
 
околу 1200-1500 книги, не знам точно , некои 500 се фино лепо ставени во полици а останати за кои немам место и не се читаат често по кутии, куфери и сандаци. Најстарата ми е мислем од 1875, имам доста од почеток на 20 век, од 20сетире, 30 сетите..... никогаш не сум жалел пари за добра книга, жал ми е само што немам место да ги сместам сите.
 
Мојата нажалост е скромна. Средствата толку ми дозволуваат, но сон ми е да имам една огромна библиотека со секакви книги во неа и да ми биде мое катче за читање.
 
3-4 не сум сигурен, сеуште ги немам до избројано :)

EDIT:
5! Незнаејќи сум се надминал себеси!

И да, иако сум љубител на тврда копија, некако по слабо да најдам време за изнајмување/купување на некоја од нив. додека пак во средно, четирите години бев зачленат во жалната ни наша градска библиотека.

Моментално користам pdf формат книги (најчесто стручна литература).

Имам едно искрено прашање до мнозината од темава:
Зошто сите вие не си отворите по една библиотека? И онака просечен кајгана корисник има повеќе книги од колку главната библиотека во Охрид.
 
55 плус-минус некоја. Сите купени од мене. Толку ми се можностите, за една саглам книга од 500-600 денари треба да гладувам две недели на факултет. Во иднина планирам да си направам голема домашна библиотека, под услов да ми се сложат сите коцки во животов.
 
Сега имаше попуст во Матица, си ја надополнив за уште 4 книги.
Бескрајна приказна (како дете многу ја сакав), Жената на патникот низ времето, една од Патриша Корнвел и Празникот на розите.
 
Некаде одколу 100 - 200 стручна литература, чиста теологија ;)
 
Исклучиво јас што сум купил? Cca, 100тина книги. Ако преброиме све некаде накај 1000ка. Некои наслови по два пати (оние мали детски лектири.
 
Мислам дека се над 500 книги, дел се дома другите се во подрум уредно спаковани, од томови како Ана Каренина, Злосторство и казна, дури и Мирјам ја ијам... Последните три колекции ми се многу драги, незнам последнава деценија ме влечат книгите на Роберт Ладлам, Џек Лондон и Ерик Ван Лус Бадер, ми фали уште по 2 книги за да ја финиширам нивната колекција, 90% веќе ми се исчитани, преферирам хрватски изданија, бидејќи имаат супер превод, од нашите преводи неможам да се пофалам ја вадат од контекст книгата, ах да и се што е поврзано со грофот Дракула ијам :)
 
малку оскудно... со брат ми сме во фаза на купување комплети, до сега Долстоевски, Толстој, Гогољ, Хемингвеј, и по некоја од страна, да речеме грубо 50-60книги(не ги бројам стручните на мајка ми)
 
Книгите во последно време почнав да ги купувам, пред тоа од библиотека ги земав. Инаку без другите книги од моите, јас лично што сум ги купил имам 20 сетина, со голема амбиција и желба да си направам една голема домашна библиотека.
 
Многу голема над 500 книги
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom