Скопје calling... асална Архитектура needed!

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допаѓа архитектурата во Скопје?

  • Вкупно гласачи
    236
не е дотолку лоша али сепак треба да има измени дефинитивно е тоа
 
world-business-center1_06.jpg

Ова е еден од помодерните и поубавите објекти во Скопје. Со оглед на тоа што е проектиран во првата половина од деведесеттите години, супер е. Отворен е на 1.10 оваа година, иако ентериерот на трговскиот центар кој се наоѓа на првите два ката (од вкупно 12) и не е кој знае што.
Причината од компанијата Соравија за конфузниот ентериер е дека објектот се градел во други
времиња.
Мене ми се допаѓа. Вакви објекти дефинитивно треба да има.
Еве, сега ќе се гради и ЕРА Сити (кај Скопскиот саем) како еден вид град во град.
 
Конфузен ентериер? Знаеш ли зошто толку години стоеше недовршена зградата? Имаат еден мааааал проблем, кога е во прашање пресметката за градба: некој направил таму ситна грешка и испаднала зградата најпогодна за Пигмејско население (читај: Меѓукатните висини не ги бива). Поред тоа, ходниците се претесни, комуникациите се лудо испреплетени... просто, не ја бива за трговски центар во делот кој го намениле за тоа. И и предвидувам бетер судбина него Сити Галери.

Во доменот на трговските центри, ГТЦ (кој е феноменално направен) ќе биде уште долго време бог и батина. Рамстор, на високото второ место.

А кој има саат време за лутање - бујрум во Соравија.
 
добро бе, за ентериерот викам дека е утнат, ама од надвор објектот делува добро.
башка ако не го купеа соравиа објектот ќе делуваше бетер и од типо. они велат дека го извадиле максимумот.
деловниот простор не знам каков е се надевам дека е подобар

што се однесува до гтц не дај боже некој од децата да игра Мижи баба од страната кај Жена парк или некој да се загледа некаде пошто со одење ќе пропадне во гаражата одоздола.
 
Штета шо не се донаправи ГТЦ по планот, со пешачки мост до транспортен центар... А деца-мижибаба-гледање надолу.... не би коментирал, не го бива муабетот :)

И трговскиот Соравија Е бетер од Типо (кој патем исто така не е за трговски центар од тој тип).
 
И Соравија, и Сити Галери не се трговски центри нели? Тоа се објекти кои одговараат за канцеларии можеби, ама трговски центар - јок. И Рамстор како објект, не е трговски центар туку е повеќе како хипер маркет ако гледаме како странците прават...
Само ГТЦ личи до некаде на трговски центар.
Соравија е крш... инаку.
 
world-business-center1_06.jpg

Ова е еден од помодерните и поубавите објекти во Скопје. Со оглед на тоа што е проектиран во првата половина од деведесеттите години, супер е. Отворен е на 1.10 оваа година, иако ентериерот на трговскиот центар кој се наоѓа на првите два ката (од вкупно 12) и не е кој знае што.
Причината од компанијата Соравија за конфузниот ентериер е дека објектот се градел во други
времиња.
Мене ми се допаѓа. Вакви објекти дефинитивно треба да има.
Еве, сега ќе се гради и ЕРА Сити (кај Скопскиот саем) како еден вид град во град.
koj e proektantot ?
 
добро бе, за ентериерот викам дека е утнат, ама од надвор објектот делува добро.
башка ако не го купеа соравиа објектот ќе делуваше бетер и од типо. они велат дека го извадиле максимумот.
деловниот простор не знам каков е се надевам дека е подобар

што се однесува до гтц не дај боже некој од децата да игра Мижи баба од страната кај Жена парк или некој да се загледа некаде пошто со одење ќе пропадне во гаражата одоздола.

Прво да се разбериме нешто: ентериерот е дизајн на внатрешноста на објектот, и може да биде убав или не (според вкус, нормално), а не утнат. Тоа е што е утнато е функционалната организација на просторот.
Друго, објектот делува убаво, ако се гледа самостојно, исто како што убаво делува и новиот мал деловен објект од другата страна на ГТЦ, од кај плоштадот. Во околината, не се вклопува воопшто. Башка, трендот на грубо пластично обликувани објекти, облечени целосно во стаклена фасада, без хетерогена растер-структура, беше пред десетина години, до пред две-три почнуваше да замира, и сега повеќе не е актуелен. Ајде ќе речиме, и оваа зграда му припаѓа на тој тренд, и потекнува од тој период, па ќе оправдаме.
Pонатака, дали ќе го купеше Соравија или некој друг, нема да коментирам за економската судбина на објектот. Aма ќе го искоментирам ова - архитектонската судбина на објектот ќе беше фатална за истиот, доколку не дојдеше австриски Штрабаг да ги предимензионира катните висини, и да ги доведе на нормална висина за опстојување во таков центар. Инаку, само за мене ќе беше погоден центарот :)

Е сеа, што се однесува пак до ГТЦ, кога го гледаш него, гледаш совршено испроектиран трговски центар, на кој му позавиделе многу странски архитекти, поради неговата пластична обликуваност, функционалност и беспрекорно поврзување на внатрешност и надворешност. Решение вредно за почит. За разлика од горе споменатиов Соравија, ова е објект кој се вклопува во средината, кој ги следи линиите на сите објекти околу него, не е наметлив нити на објектите, нити на природата, а сепак е доминантен.
 
како главен град скопје не би требало да биде задоволен со моменталното ,,Скопје"(Барем според мене)
 
Тоа дека не би требало да биде задоволен го разјаснивме одамна. Муабетот е како да го подобриме тоа.

И според тебе, искоментирај што е тоа што ти пречи во градов, и зошто ти пречи.
 
Мене ми пречат некои градби кои многу потсеќаат на социјализмот во Македонија.
ако ме сфаќате за што зборам:smir:
 
Што знам мене ме бендисува архитектурата на нашава метропола,неопходни се мали корекции ама во глобала баш ни е убав градов,не се жалам.
 
не дека ми се повраќа,ама не е дека би направила МАЛИ корекции.
прво целиот град ми нема некаков концепт,се е расштркано и расфрлано насекаде,ко да праеле ејјј еве празен плац ај да напраиме објект..

второ:секоја населба си има своја политика,секоја е во крајности различна.почнувајќи од ѓорче што најдобро го знам,до ново лисиче.
зградите се преногу обични.ме нервираат сите што се коцкасти и направени само да соберат што е можно повеќе станари и сите во различна и нескладна со околината боја.

се е некако направено да го умртвува градот,особено во зима кога нема дрва и сонце,абе да те слупа депресија кога се возиш по улициве.
мртво е.
коцки и правоаголници, и измеѓу нив некоја куќа шо е дреч зелена(дап,има и таква у ѓорче)
да нбе почнувам да зборам за универзална и мнт..да не почнувам за државна и гратска колку се одбивни и да не почнувам за факултетиве колку се сиви и тужно.
не знам кога ќе дојдеме да правиме вакви градби

IMG_3314.JPG

MITstatacenteriStock000003459410.jpg

a401.jpg

a305.jpg

a303.jpg

далеку сме од ова знам,јас се молам да излеземе од коцкастите објекти па да се надеваме на поголема креативност.
не ми викајте дека треба големи финансии за вакво нешто,треба воља креативност и муда:)
 
Незнам зошто ама спомен куќата што ја прават на Мајка Тереза мислам дека ќе биде најгрдиот објект во центарот.

Многу ми ја грди сликата на улица Македонија.

Кој е архитект кој го направил концептот незнам, ама е многу грд нема да личи на ништо. :tapp:
 
второ:секоја населба си има своја политика,секоја е во крајности различна.почнувајќи од ѓорче што најдобро го знам,до ново лисиче.
зградите се преногу обични.ме нервираат сите што се коцкасти и направени само да соберат што е можно повеќе станари и сите во различна и нескладна со околината боја.

Магде, не се нервирај, времето на екс Ју и неговата политика имаше поинакви сфаќања. Полека градот добива нов лик, ама години градење едно, не може да се смени за една ноќ, иако и јас би сакал. Сепак, трпение. :)
Еве Кире ќе среди работа, не се секирај, он може да биде креатор на изгледот во иднина кој знае... :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom