Математика и програмирање на факултет без основа од средно

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilievski1997
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 септември 2013
Мислења
43
Поени од реакции
12
Локација
Штип
Здраво луѓе, јас сум матурант оваа година па нели уште сеа се планира за факс како, што.... Средно иам стручно, така да немам учено математика воопшто, информатика 1 година во прва али ко ниедна.... И под некои чудни околности сакам да студирам програмирање и компјутерски технологии односно финки (сеуште не сум се одлучил за смер дека не сум добро запознаен во детали). Планирав да почнам да учам математика барем за основи, по дома, али сеуште немам литература, така да извори на литература се добредојдени. Е сеа ми треба совет дали ќе може да се прилагодам на програмата и да постигнам, ваши искуства, со оглед на тоа дека немам основа. И да, се сметам за паметен дечко и сум hard worker. Фала ви у секој случај ;)
 
boris-apsen-repetitoriji-zbirke-nekoristeno-slika-39918478.jpg


Овие и шибај.
 
Јас исто бев како тебе без никаква основа со математика и програмирање кога матурирав. Преку лето учев програмирање пошто ме интересираше, а математика ништо и на крај пак постасав и еве 3та година сум. Нема страшно ако стварно го сакаш тоа и нели нормално го загреваш столчето од време на време.
 
Здраво луѓе, јас сум матурант оваа година па нели уште сеа се планира за факс како, што.... Средно иам стручно, така да немам учено математика воопшто, информатика 1 година во прва али ко ниедна.... И под некои чудни околности сакам да студирам програмирање и компјутерски технологии односно финки (сеуште не сум се одлучил за смер дека не сум добро запознаен во детали). Планирав да почнам да учам математика барем за основи, по дома, али сеуште немам литература, така да извори на литература се добредојдени. Е сеа ми треба совет дали ќе може да се прилагодам на програмата и да постигнам, ваши искуства, со оглед на тоа дека немам основа. И да, се сметам за паметен дечко и сум hard worker. Фала ви у секој случај ;)


Убаво Емка те советува. И јас бев исти случај на времето, со никаква математика и без предмет информатика се запишав на електро, и нормално беше тешко. За загревање ти се тие од Борис Апсен, колку да добиеш основа. после оди на потешките збирки како Берман, Демидовиќ....

Јас случајно ја имам збирката од која навремето најчесто се даваа задачи. Румунска е збирката, а мана ми е што некој ми изгуби дел од страните. Многу јака збирка
 
Математика 1,2 ти е интеграли и изводи а после тоа имаш варијации и статистика. Јас никогаш не бев математика добар во средно, но со повеќе посветеност и редовно вежбање на материјалот брзо постасав. А со програмирањето, имаш онлајн курсови со кои можеш да достигнеш некое почетно ниво на некој програмски јазик.
 
Зависи кој смер ќе го избереш. Има смерови на кои воопшто нема математики (ПЕТ мислам? ќе си видиш), ама ако одбереш смер кај што има, ќе треба ептен да се испотиш за положување :)
Што се однесува до програмирањата, доста добри професори ги предаваат тие предмети.. Јас не знаев ниеден програмски јазик кога се упишав, испадна баш нив први да ги положувам и тоа со убави оцени бидејќи курсевите се апла за почетници :) Ако те влече струката / ако ти фаќа кликерот, ќе немаш проблем со јазиците.

Инаку јас би те советувала ако стварно си ДУПКА математика, да не си ја мачиш душата и да упишеш смер во кој немаш 10 математики.. Не сакам да те обесхрабрам, ама стварно не се положуваат лесно :) Рачунај ти прво ќе треба да го надокнадиш тоа што твоите колеги го учеле на Математичко-А во гимназија, за дури потоа да го Разбереш материјалот од факултет, па да се убиеш од вежбање за да го положиш.. Види си дали ти вреди, односно дали полето на кое сакаш да се устручиш (ако знаеш што точно сакаш) бара такви знаења или не, па во зависност од тоа одлучи шо ќе праиш.

У крај краева, ако некој смер (со математики) ти фати око, упиши го. Најлесно е да се префрлиш :)

Бравос за амбицијата во секој случај! Со лесно <3
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom