Мигрена/Главоболка

Овие лекови кои ѝ ги дале се специфични, но ниеден не е конкретно против болка. Не би можела да ти дадам препорака за некој лек затоа што некои лекови имаат интеракција, а не би ни требало да зема на своја рака сѐ додека не ја прегледа поискусен доктор. Што поскоро нека оди на посериозен невролог, ќе се распрашам и ќе ти пишам кој во моментов е најдобар, да не лута жената на 100 места и да ѝ дадат 100 различни лека.

Ова на темава да го напишеш и да ме тагнеш обавезно. Инаку ова магетната снимка колку е штетна за главата и колку често по потреба треба да се врши. Инаку дали знаеш нешто во врска со Калцификати у главата?
 
Те молам објасни ми го делов „да ја фатите на почеток“? Што треба да направи кога ќе почувствува мали болки?
Овие апчиња се препишани денес: Фезам (Piracetam/Cinnarizine), Деметрин, Цинедил(Cinnarizine) и витамин Е. Никој немал мигрена во фамилија. Ја боли женава само десната страна од челото кон слепоочница, заврши со повраќање во утринските часеви и нормално престој во болница на инфузии. Има зуење во ушите неколку години години, односно од мено пауза последица. Е сега дилемата на лекарите е спондилоза(која веќе ја има) - од тоа ја боли главата, мигрена - од тоа ја боли главата или тумор. И сега ќе се вежбаме со илјада апчиња да видиме што е уствари.

Искрено незнам колку се разбираат нашите доктори нешто, ме советуваш да ги пие апчињава или веднаш да иде на снимање на мозокот? Си велам подобро да снима во Филип 2 барем ќе знаеме начисто дали има тумор, пред мозочен и слични убиствени болести, од колку да слушаме совети од квази лекарчиња па ќе тестираме милион лекарства.

Сори на задоцнетиот одговор.
Тоа "фаќање на почетокот" мислам дека ти го објаснија и ме разбра што сакам да кажам. Е сега таблетиве што се препишани сите делуваат на мозокот и го опфаќаат она подрачје на кое што се сомневаат докторите т.е Фезамот се дава кај луѓе кои претрпеле/или се сомнева дека претрпеле мозочен удар за да ги ревитализира колку толку мозочните функции, цинедилот е за вртоглавицата која ја чувствува и до некаде за повраќањето, а витаминот Е е за да ја зголеми циркулацијата на крв во мозокот, со тоа би допринел за подобра исхрана на мозокот и би ги спречил вртоглавиците кои настануваат како резултат од недостаток на кислород во мозокот. Деметринот е за спиење.
Е сега од тоа што го опиша јас би рекла дека и дале добра терапија иако би ти препорачала да направите еден скен на главата чисто да проверите дали има некој тумор кој притиска некој крвен сад па поради тоа се јавуваат вртоглавици/болка/повраќање.
Мое мислење е дека станува збор за постара особа која поради спондилозата што веќе ја има и поради годините има намалена циркулација на крв во мозокот па од таму вртоглавиците и болките. Можно е болката да станала толку силна што предизвикала повраќање т.е да преминала во мигрена, но не мора да значи дека ќе ја има постојано.
Луѓето што патат од мигрена испробале еден куп таблети за глава, крајна граница е НОМИГРЕН. Таблетата се пие кога ќе се почувствуваат првичните болки, онаа карактеристична аура за мигрена што ја спомнаа погоре.
Искрено јас не би знаела препорака за невролог, знам луѓе кои биле во Неуромедика на снимање, но за иискуството на кадарот таму не сум компетентна да зборувам.
 
И сега главно прашање од милион евра во Македонија, а какво апче да се напие? Препишани еден куп, од сите треба да пие 20 дена, па после ќе виделе што и како.

Секако, во МКД десет мислења се неминовни.

Beck's Др Милчо Демерџиев од Систина во моментов важи како најдобар.
 
Ова на темава да го напишеш и да ме тагнеш обавезно. Инаку ова магетната снимка колку е штетна за главата и колку често по потреба треба да се врши. Инаку дали знаеш нешто во врска со Калцификати у главата?

Ако не постои друг процес во телото, калцификати во главата се добиваат при стареење на телото, т.е. природен процес е тоа. Најчесто таквата снимка е б.о. (без особености).

Магнетната резонанца не е штетна за главата и воошто за телото, на луѓето им се страв затоа што апаратот кога работи е поприлично бучен (поради ладењето на детекторот), но за телото е сосема безбедна, покрај ехото (ултразвукот) магнетот е најдобра имаџинг техника без јонизирачко зрачење.
За тоа колку често треба да се снима некој орган одлучува докторот според поставената дијагноза.
 
од кога стана вегетаријанец, мигрената и е значително ослабната на мајка ми. има многу помали болки од предходно. ама е многу тешко да се стане вегетаријанец. барем мене ми беше, и не успеав.
 
Може да станува збор и за тензиона главоболка.
Причинител може да биде стресот, работното место, преоптовареност, замор, неадекватно држење на грбот, вратот и рамената, со што доаѓа до вкочанување на мускулите.

А тука можеме само да си нагаѓаме, а кога болката преминува во хронична, тоа е аларм за посета на лекар(y)
Последниве неколку месеци сум притиснат од повеќе страни. Ослабена економска состојба во семејството, неуспеси на работно место и сл....премногу ме боли главата. Еве послениве 10-тина денови непрекинато ме боли левата страна на главата. Кога разговарам со некого неможам да се сконцентрирам, ако влезам во потопла просторија ми се врти паметот. Дали станува збор за тензиона главоболка?
 
мигрена и тензиона главоболка

Постојат две главни причини за тензиона главоболка и мигрена:
а) Стрес и лошо држење
б) неисправна исхрана
Стресот и лошото држење ги затегнуваат мускулите на вратот и на грбот, изместувајќи го рбетниот столб, предизвикувајќи мало шинување на зглобовите.

1. Мигрена. Пршлените се изместуваат од својот распоред поради мускулната напнатост и ги притискаат вените во вратот. Овие вени ја снабдуваат главата со крв, а сега се прошируваат. Ова за возврат ги иритира нервите околу вените предизвикувајќи болка, обично само на едната страна од главата.
2. Тензиона главоболка: Пршлените се изместуваат од својот распоред поради мускулната напнатост. Ова ги иритирa нервите во вратот предизвикувајќи мускулни грчеви кои пак предизвикуваат болка преку нервите кои ги инервираат овие мускули.



Симптоми:
Различни главоболки имаат различни видови на симптоми:
1) Воглавно, мигрената се јавува само на едната страна на главата.
2) Кај главоболка со тензија (како да ќе пукне), болката може да се јави во делот околу очите, челото и задната сртана на грбот.
3) Главоболка во челото е предизвикана од синузит
4) Главоболка предизвикана од треска (висока температура, над 38 степени). Болка во целата глава.
5) Главоболка предизвикана од воспаление на слепоочните артерии. Има болка само од едната страна во слепоочницата.
6) Главоболка предизвикана од алергија која ги зафаќа слузниците лоцирани во и на површината на главата како што се очите. Болката може да се јави околу очите, и на челото.

Причини:
Причините се многу и варијабилни, но главни причини се:
Емоционални:
-Стрес
-Гнев, омраза
-Грижа
-Депресија
-Лутина
-Вина
-Страв

Физички:
-Замор
-Читање на слаба светлина
-Лошо држење на телото
-Сончаница
-Многу силно светло
-Физичко напрегање
-Загаден воздух
-Читање на слаба светлина

Органски:
-Висок крвен притисок
-Недостаток на спиење
-Лошо варење
-Треска
-Настинка

-Алергија
-Проблеми со забите
-Инфекција на уво
Имам непрекината болка на левата страна на главата веќе една недела. Во последно време сум многу нервозен, бесен, депресивен, понекогаш ќе се напијам диазепам, кафетин, или Б6, ама џабе. Неможам да издржам во притисната ситуација, немам концентрација, ми се врти паметот и ми се повраќа. За каква главоболка станува збор?
 
Последниве неколку месеци имам многу проблеми и чести главоболки. Последниве 10тина дена осеќам пулсирање на мозокот, крвниот притисок ми е добар. Матичната ми препиша Хелекс ама не осеќам резултати. Што мислите вие што да правам понатаму?
 
Последниве неколку месеци имам многу проблеми и чести главоболки. Последниве 10тина дена осеќам пулсирање на мозокот, крвниот притисок ми е добар. Матичната ми препиша Хелекс ама не осеќам резултати. Што мислите вие што да правам понатаму?
Чај од валеријана, јога, боксување или пливање или играње - било каква активност, МАГНЕЗИУМ И ВИТАМИНИТЕ Б ( од б1 -б12) конзумирање обавезно и масажи
 
заборави да му кажеш и - ненервирање
 
Чај од валеријана, јога, боксување или пливање или играње - било каква активност, МАГНЕЗИУМ И ВИТАМИНИТЕ Б ( од б1 -б12) конзумирање обавезно и масажи
Кај да го најдам тој чај?
 
В аптека. И обични и во хербални аптеки

Еве како се наоружав вечерва. Дали ова може да го замени Хелексот? Неможев да најдам Валеријана, Лаванда и Липа. Дали некој од овие чаеви предизвикува поспаност? Ми треба нешто што нема да ми смета на учењето.

ip19o6.jpg
 
шо знам колку ќе ти помогнат вистински овие обработени продукти.........мислам дека набрани од природата би ти биле покорисни,ваљда има по зелените пазари продавачи..........
 
Еве како се наоружав вечерва. Дали ова може да го замени Хелексот? Неможев да најдам Валеријана, Лаванда и Липа. Дали некој од овие чаеви предизвикува поспаност? Ми треба нешто што нема да ми смета на учењето.

ip19o6.jpg
Жалфијата е за антибактериски употреби, за жабуркање в усна празнина и не е добра да се пие континуирано. Мајчина душица и маточина и камилица е добар спој. И смируваат, и ублажуваат .
 

Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...
Back
На врв Bottom