Девизно или денарско орочено штедење?

  • Креатор на темата Креатор на темата ViM
  • Време на започнување Време на започнување

ViM

Член од
25 мај 2006
Мислења
39
Поени од реакции
2
Што е подобро? Кои се ризиците кои можат да се случат кај едното и другото штедење? На колкав временски период е препорачливо да се орочат пари?

Се заинтересирав да ги орочам парите во некоја од нашиве банки.Ме заинтересира зошто е толку голема разликата во каматните стапки за девизно и денарско орочено штедење.Ако за девизи орочени на 6 месеци каматните стапки се движат од 2 - 2,50% во зависност од банката, кај денари орочени на 6 месеци каматните стапки се движат од 6,50 - 7,50%.

Се распрашав во неколку банки за тоа кој е подобар начин да ги орочам моите девизи и добив различни мислења.Во Комерцијална банка ми рекоа дека најдобар избор за орочување е она што имаш, дали во моментот имаш девизи или денари.Образложението им беше дека со менување на девизите од денари ќе изгубам одреден дел на пари, а и тоа дека денарот не е стабилен т.е. една девалвација и тој нема да вреди ништо.Во друга банка ми рекоа дека подобро е да орочам денари бидејќи каматната стапка е до 3,5 пати поголема од онаа каматна стапка за девизи и дека со самото тоа ги вадам парите што ги губам при менувањето од девизи во денари а исто ги покрива и парите кои би требале да ги додадеме кога би купувале повторно девизи.

Ми треба совет околу сето ова и одговор на неколку прашања.Дали за 6 месеци може да се случи девалвација на денарот и растење на курсот на девизите со кој би биле во загуба толку многу да денарските каматни стапки не ги покријат овие трошоци?

ПС:Се работи за евра и за период не поголем од 6 месеци со тоа што каматата би се подигала месечно а не на крајот од орочувањето.

Се надевам дека има некој повеќе искусен и стручен да ни даде корисен совет за тоа што да превземеме и кој е најдобриот избор.
 
Поголемата камата кај денарските отколку кај девизните штедни влогови се должи на следниве причини:

- Ризик од девалвација. Иако не верувам дека би можело да се случи тоа во скоро време (факинг цела деценија имаме врзан курс), банките мора на некој начин да им влеат некаква психолошка сигурност на штедачите за нивните влогови, нели? На сите им фуфка од девалвација.

- На банките им се потребни денари. Денари на нивната сметка, денари општо во оптек во платниот промет во државава. Банките претежно работат со денари. Всушност, на банките девизните влогови и не им се многу од полза. Тоа е уште една причина зошто каматните стапки на девизните влогови се толку ниски.

Со оглед на тоа дека планираш да си ги орочиш средствата на релативно краток период од 6 месеци, би ти препорачал да се одлучиш за денарско штедење, не гледам некаков ризик од девалвација. Доколку еврата ги претвориш во денари, со тоа би изгубил околу 1%, но би ќарил 4,5 - 5% повеќе отколку да ги орочиш како денари.

Незнам за колкава сума станува збор, ама и да се 1000 евра, ако ги дадеш како денарски, наместо како девизен влог, пак ќе си во ќар околу 50 евра повеќе.
 
Фала на советот и одвоеното време. :wink:
 
Денарско ми се чини дека е подобро
 
Два совета:

1. Ако се одлучиш за девизно штедење, распрашај се за каматите во СИТЕ банки. Пример, Комерцијална Скопје дава 2.50% за 12 месеци, ТТК дава 3.50%. И гледај орочените средства (по банка, за еден ЕМБ-една сметка) да бидат до 10.000 евра, заради сигурност.

2. Државни обврзници е поимот кој треба да го истражиш. Тоа е причината за каматните стапки кои банките ги даваат на денарските депозити. Кога вршиш конверзија евро-денар на голема сума, СЕКОГАШ барај повластен курс во банките за таа сума. Не ретко се случува банките да дадат поповолен курс во споредба со менувачниците.!

Или, ако имаш можности (т.е. муда), заедно со некој пријател нотар, лихварството е нај исплатливо! ;)
 
Gorco напиша:
Или, ако имаш можности (т.е. муда), заедно со некој пријател нотар, лихварството е нај исплатливо! ;)
Jas povremeno zemam pari na lihva.Pricina e sto kaj nas se uste nema margin k.,ali valjda so doagjanje na socgen zbogom lihvo ljubavi!
 
itar pero напиша:
Jas povremeno zemam pari na lihva.Pricina e sto kaj nas se uste nema margin k.,ali valjda so doagjanje na socgen zbogom lihvo ljubavi!
Биди појасен, у кратки црти.
 
Мистичен напиша:
Поголемата камата кај денарските отколку кај девизните штедни влогови се должи на следниве причини:

- Ризик од девалвација. Иако не верувам дека би можело да се случи тоа во скоро време (факинг цела деценија имаме врзан курс), банките мора на некој начин да им влеат некаква психолошка сигурност на штедачите за нивните влогови, нели? На сите им фуфка од девалвација.

- На банките им се потребни денари. Денари на нивната сметка, денари општо во оптек во платниот промет во државава. Банките претежно работат со денари. Всушност, на банките девизните влогови и не им се многу од полза. Тоа е уште една причина зошто каматните стапки на девизните влогови се толку ниски.

Со оглед на тоа дека планираш да си ги орочиш средствата на релативно краток период од 6 месеци, би ти препорачал да се одлучиш за денарско штедење, не гледам некаков ризик од девалвација. Доколку еврата ги претвориш во денари, со тоа би изгубил околу 1%, но би ќарил 4,5 - 5% повеќе отколку да ги орочиш како денари.

Незнам за колкава сума станува збор, ама и да се 1000 евра, ако ги дадеш како денарски, наместо како девизен влог, пак ќе си во ќар околу 50 евра повеќе.

definitivno denarsko oroceno stedenje, se soglasuvam so tebe
 
Buterfly напиша:
definitivno denarsko oroceno stedenje, se soglasuvam so tebe
Само во денари. Штедење во странска валута не е штедење него чување пари у сеф.
Денарски влогови во ИК банка имаат највисоки камати.
7.5% за 6 месеци влог. За на една година имаат 8% камата што е помалку од УНИ Банка мислам.
Зависи и колку пати ќе ставиш.
Инаку тоа конверзија на евра у денари дека ке загубиш нема врска нека не те лажат, со каматата се се покрива.
А имаш и можност за 10% дневна камата www.mse.org.mk
ама ако ти држи газот.
:vozbud:
 
moj sovet e denarsko stedenje.
pre bidejci nema sansa od devalvacija periodov!!
 
Два совета:

1. Ако се одлучиш за девизно штедење, распрашај се за каматите во СИТЕ банки. Пример, Комерцијална Скопје дава 2.50% за 12 месеци, ТТК дава 3.50%. И гледај орочените средства (по банка, за еден ЕМБ-една сметка) да бидат до 10.000 евра, заради сигурност.

2. Државни обврзници е поимот кој треба да го истражиш. Тоа е причината за каматните стапки кои банките ги даваат на денарските депозити. Кога вршиш конверзија евро-денар на голема сума, СЕКОГАШ барај повластен курс во банките за таа сума. Не ретко се случува банките да дадат поповолен курс во споредба со менувачниците.!

Или, ако имаш можности (т.е. муда), заедно со некој пријател нотар, лихварството е нај исплатливо! ;)



Ne mora da bide do 10 000 evra moze i do 20 000 evra treba da se proeri vo koj banki,vo nekoj 10 000 evra se 100% osigurani,a 20 000 90% osigurani,no smetam deka vo komercijalna banka i stopanska,a sega i ohridska(societe) i 50 000 da stavis nema da imas zasto da se sekiras zasto toa se veke izdignati banki,a ne sedilnici koj utre moze da propadnatm.
P.S. Odlicen sovet za lihvarstvo samo ne vo nasava zemja,veruvajte!!!
 
Само во денари. Штедење во странска валута не е штедење него чување пари у сеф.
Денарски влогови во ИК банка имаат највисоки камати.
7.5% за 6 месеци влог. За на една година имаат 8% камата што е помалку од УНИ Банка мислам.
Зависи и колку пати ќе ставиш.
Инаку тоа конверзија на евра у денари дека ке загубиш нема врска нека не те лажат, со каматата се се покрива.
А имаш и можност за 10% дневна камата www.mse.org.mk
ама ако ти држи газот.
:vozbud:


Najgolemi kamatni stapki ima vo sileks stedilnica,podgranok na sileks banka. informaciite na www.mse.org.mk se razlikuvaat od onie na samite web sajtovi na bankite i stedilnicite.
 
Devalvacija na denarot vo brzo vreme e samo teoretski mozno,denarot ima fiksna vrednost ne se menuva vo odnos na drugite za razlika na primer od dinarot vo srbija itn.Taka da ne se grizete za devalvacija.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom