Под флексибилност во врска, подразбирам прилагодување еден на друг, прилагодување на желбите, не крутост и остра себичност. Да нема некои ограничувања, забрани, туку да знаеме како да се приспособиме еден на друг.
Но, во однос на овие работи:
да бидете со други девојки/дечковци, додека сте во стална врска.?
Дали би шарале надвор од брактот?
Дали би правеле тројки, четворки итн?
итн..
Не, не сум флексибилна. И тоа ич. Сметам дека во една врска треба да има заедништво, доверба, искреност и јаки темели на истата, кои ги исклучуваат горе наведените работи. Изневерувањето за мене е предавство и ги руши темелите на врската, а без темел, нема ништо.
Така што во однос на тие прашања сум ригорозна и сум апсолутно против.
и најважно.. дали ги осудувате оние кои прават такви работи и кое ви е образложението за тоа?
Осудување е многу јак збор, јас немам зашто да судам некому за неговиот живот. Секој има право да живее како сака, иако сум против тие работи. Ама ако на некој му е добро така, нека си живее така. Нормално, освен ако не е мој дечко па да шврља настрана, однак ќе му речам чао.
Дали ќе му простите на мажот ви/жена ви, ако тој/таа кажат дека имаат потреба да се гледаат и со други луѓе?
Ако има потреба да се гледа со други девојки и да биде со други, најдобро ќе биде да раскинеме. За доброто на двајцата. И он нека си биде со други девојки, а јас нема да бидам мајмун со рогови.