Колку сте флексибилни во врската?

  • Креатор на темата Креатор на темата Никола
  • Време на започнување Време на започнување
Nikola koga go vidov naslovot pomisliv na "fleksibilnost" vo smisla megjusebno razbiranje, otkazhuvanje od doredeni naviki......
Ochigledno ne sme jas i ti na ista frekfencija.
Јас пак мислев флексибилни во смисол - телото колку ви е ластик.

Инаку што се однесува до темата, флексибилен сум премногу се дур се работи за нас двајца само. Друго не може да биде ни тема за разговор, засега.
 
Јас коа сум во врска, нормално си функциониран и понатаму. Си искачам нормално у кафана :), не давам никој да ме контролира. Нормално коа еден од двајцата ќе биде искочен одделно, ќе постои мала доза на љубомора и нервоза, ама тоа е минлива работа.
 
jas sum od krajnost vo krajnost,koga sum so edna osoba ,samo so taa sum i voopsto ne sum fleksibilna vo odnos na drugi partneri ili slicno i toa go osuduvam najstrogo toa spored mene e glupiranje
Zosto da se seksas na strana koga mozes so osobata sto ja sakas,ako ja sakas dovolna ke ti bide samo taa/toj:smir:
 
Под флексибилност во врска, подразбирам прилагодување еден на друг, прилагодување на желбите, не крутост и остра себичност. Да нема некои ограничувања, забрани, туку да знаеме како да се приспособиме еден на друг.

Но, во однос на овие работи:

да бидете со други девојки/дечковци, додека сте во стална врска.?
Дали би шарале надвор од брактот?
Дали би правеле тројки, четворки итн?
итн..

Не, не сум флексибилна. И тоа ич. Сметам дека во една врска треба да има заедништво, доверба, искреност и јаки темели на истата, кои ги исклучуваат горе наведените работи. Изневерувањето за мене е предавство и ги руши темелите на врската, а без темел, нема ништо.
Така што во однос на тие прашања сум ригорозна и сум апсолутно против.

и најважно.. дали ги осудувате оние кои прават такви работи и кое ви е образложението за тоа?

Осудување е многу јак збор, јас немам зашто да судам некому за неговиот живот. Секој има право да живее како сака, иако сум против тие работи. Ама ако на некој му е добро така, нека си живее така. Нормално, освен ако не е мој дечко па да шврља настрана, однак ќе му речам чао.:)

Дали ќе му простите на мажот ви/жена ви, ако тој/таа кажат дека имаат потреба да се гледаат и со други луѓе?

Ако има потреба да се гледа со други девојки и да биде со други, најдобро ќе биде да раскинеме. За доброто на двајцата. И он нека си биде со други девојки, а јас нема да бидам мајмун со рогови.
 
па не одам со други додека сум со една личност не сакам да оди со други не доаа во предвид за тројка и слично немам некои одлепени фантазии а и не ги осудувам другите кои шараат кога се во врска секој има сопствен начин на живот што неможеме на својот да му дадеме јасна цел а не па да го одредуваме на другиот
 
Не су таков да правам шамати односно да се зезам со девојка ми ако су у сериозна врска шо знам до сеа не ми се случило такво нешто а се надевам и понатака дека ци бидам воа шо су ако су со една и ми е убаво немам потреба од друга а ако сакам да мењам не би се впуштал во сериозна врска
 
Под флексибилност и јас го подразбирам она што го напиша Crazy in Love.
А за таква флексибилност како што е наведена,зависи од околностите.Да ми беше поставено прашањево пред две години ке речев нема шанси,ама сега некои случаи ме натерале да размислувам поинаку.Не е се црно или бело......
 
кои работи се морални и дозволливи за вас, а кои не се?
Во врска дозволливо е: искреност, љубов и секс зад затворени врати.
Се’ другото нека се гони подалеку...
Дали можете да бидете со други девојки/дечковци, додека сте во стална врска.?
Кој чесен спрема себе и партнерот, може да го прави ова?
Дали би шарале надвор од бракот?
Зошто би шарал надвор од бракот (цивилна унија :smir:)?
Дали би правеле тројки, четворки итн?
А? Што, што...?
и најважно.. дали ги осудувате оние кои прават такви работи и кое ви е образложението за тоа?
Не. Не ги осудувам. Одвратни ми се. Нема образложение, органски ќе да е тоа...
Дали ќе му простите на мажот ви/жена ви, ако тој/таа кажат дека имаат потреба да се гледаат и со други луѓе?
Да, ќе му простам. Ако преживее...
на крај, треба да се молчи или да се каже?
Ако нешто од погоре кажаното е прекршено, не треба да се премолчи, ни да се каже...

Треба да се раскине. Заслужувате подобар човек од таква гадурка...
Може ви звучам неискрено и глупо, ама јбг, многу сум конзервативен за овие прашања. Љубовната врска е света работа, работа на емоции и предавање. Работите од погоре, прават таа да нема смисла. Сексот е исто така света работа, кога се практикува меѓу двајца рамноправни. Ама знае и да биде крајна нискост ако излезе од доменот на интимата.
 
Флексибилност...апсолутно, од чиста почит. Ако барам девојка која апсолутно тотално целосно ми одговара, за мене ќе важи изреката ко бира мастурбира. Компромиси мора да се прават во врската за да успее.
Меѓутоа тоа не значи да одам секаде кадешто оди она или обратно, мразам такво гушење во врска. Исто така тоа не значи дека ќе е или цело време по мое или по нејзино, секогаш заеднички се договараме, разумни луѓе сме, за се има решение.
 
Во врска дозволливо е: искреност, љубов и секс зад затворени врати.
Се’ другото нека се гони подалеку...

Не си приметил дека оние кои ги пропагираат овие работи од кои ти се гнасиш, се токму оние кои се вокални во поддршката на твојата кауза?
Феминистките се најгласни за разбивањето на моногамијата, за промена на традиционалните односи, за „слободна“ љубов, во превод лажење и манипулации.
Интересно е како ти како човек со не-хетеро инклинации, си против прељубите, неверствата и сите оние работи кои се толку карактеристични кај припадниците од твојата сексуална ориентација.
 
Не си приметил дека оние кои ги пропагираат овие работи од кои ти се гнасиш, се токму оние кои се вокални во поддршката на твојата кауза?
Феминистките се најгласни за разбивањето на моногамијата, за промена на традиционалните односи, за „слободна“ љубов, во превод лажење и манипулации.
Интересно е како ти како човек со не-хетеро инклинации, си против прељубите, неверствата и сите оние работи кои се толку карактеристични кај припадниците од твојата сексуална ориентација.

Јбг брат, статистиките викаат дека 3% од хомосексуалците имале само еден партнер во својот живот (засега, кај мене е така). Човек не знае во кое малцинство од друго малцинство ќе се најде...
 
Љубовта е најбитна

Ако постои љубов во врската (збир од обострано емоционално и физичко задоволство) природно е да посакуваш да бидеш со партнерот/ да делиш работи/ да создаваш/ итн...во сите тие работи има компромис и флексибилност...
Џабе имаш се кога љубов немаш
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom