M
Moon Child
Гостин
Не мислев за овие конкретно. Овие ни јас не ги жалам, ни денар не давам кога просат.Има де, голем дел од населението е доказ за тоа.
Нивната мајка, има неверојатни бенефиции како на пример бесплатно здравство, бесплатно образование за нејзините деца, социјално итн.
Дали треба да жалам жена што ги тера своите деца на улица а не на училиште?
Знаеш колку мајки и татковци деноноќно работат за своите деца да завршат школо?
Дали треба да жалам татко шо парите од социјално и парите шо неговите деца ги собираат од питање наместо за моливи и бои ги троши на ефтин лепак и тромадол? Да жалам татко што безмилно ги тепа децата за да им ги земе парите?
Разумот во мене не дозволува трошка жал.
Ги жалам само децата шо нема некоја установа да ги прибере.
Таму кај што работев, имаше нон стоп, јас знам дека некој ги праќа да просат, потоа им ги собира парите. Од мене не добиваат пари.
Ги водам со себе во најблиската пекара и им купувам да јадат.
Им давав и сладолед џабе кога ќе ми побараа. Немам душа да им наплатам. Ама пари не.
Сиромаштија се луѓето што живеат начукани по 5 генерации во двособен стан, работат во странските инвестиции или било каде за 150 евра, се крстат во пензиите на своите, не се осудуваат да имаат повеќе од едно дете, или ниедно, и јадат грав 4 дена по ред притоплуван.
И пак едвај врзуваат крај со крај.
Но не ги жалам ваквите семејства кога имаат по 5-6 деца и после бараат помош по телевизиите. И јас сакам да имам дете, ама разумот сеуште не ми дозволува. Камо ли да живеам во беда, и да имам 6 деца.