Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Викторгг напиша:Од повеќегодишното искуство со спротивниот пол ми стана јасно дека за да постигнеш интимна интеракција од трет вид понекогаш (читај многу често) мора многу да се потрудиш. Јасно е дека и девојките го сакаат истото, ама ете обожаваат да ги молиш, а тие тоа политички коректно го нарекуваат “Да се бориш за нив“. Во ред, ќе играме по ваши правила, само кога на крајот ќе направиме се за вас и “ќе се избориме“, не се чудете што сме ве шутнале како последен партал. Напорни бевте од почетокот.
Да, поентата на темата... Дали вие “се борите“ или попрво би барале друга девојка...
Девојки... зошто го правите тоа???
Има игри каде постои само ловец, т.е. останува само ловецот, како што има игри каде некој си претпоставува дека е плен. Разни варијации. Ако се работи конкретно за ситуација каде јасно е дека постои дефинирана релација ловец-плен, значи постои заинтересираност. Ловецот има повод да биде тоа, а и пленот она што е. Секако дека тука може да се измешаат улогите, па да си ги заменат местата. Тоа не е важно.Serpico напиша:Молењето е крајниот нус продукт на лошо темпираната игра "ловец-плен".......
Aма што ако веќе желбата е остварена? Што ако почувствува дека е посакувана? Што ако веќе осетила дека некој друг имал потреба од нејзе (токму од нејзе јасно и гласно)? Што ако ете дечкото се потрудил за таа да сфати дека е искрен во она што го покажува?Serpico напиша:И според мене постои една основна цел... желбата да се почувствуваме посакувани! Да се осети таа потреба која некој друг ја има кон нас.
Ако си го задоволила нивото на потребно внимание, веројатно ќе ги отвори портите на задоволството за ловџијата да си ја земе заслужената награда. Или како што тоа би го рекол Миле Паника, ќе се подаде.Fortune напиша:...Aма што ако веќе желбата е остварена? Што ако почувствува дека е посакувана? Што ако веќе осетила дека некој друг имал потреба од нејзе (токму од нејзе јасно и гласно)? Што ако ете дечкото се потрудил за таа да сфати дека е искрен во она што го покажува?
Треба упорно да си дава рокови, да прави иксови на календар колку дена поминале за да не ја помисли лесна?
Пре индивидуално е. Да не се повторувам... Лично, не поддржувам "гњавење". Премногу од се - не го бива. Па и премногу добро. Нели?Serpico напиша:...Е сега, проблемот е во тоа што никој не може да ни каже колку време треба да тестираме чувства, упорност и квалитетот на челик кој персоната го има во нервите. И времето на гњавење правопропорционално се зголемува со големината на егото кај двете личности, а посебо оди до екстрем, до плафон кога "удварачот" покажува манири на лигавење.
Нема правила.Постои "правилен и погрешен" пристап.
Serpico напиша:Јас не би знаел да одговорам на едно вакво егзистенцијално и нелогично прашање. :smir:
Како што реков, прашањата ги поставив, но не директно до тебе. Го искористив твојот пост, затоа што ме поттикна да размислам во врска со темава, а основна цел ми беше да ја доловам суштината и да објаснам што сакал Виктор да каже.Fortune напиша:Ќе искористам некои делови од постот на Serpico за да ви ја доловам суштината на она што сакам да кажам.