Коловрт
Озимандија
- Член од
- 12 април 2010
- Мислења
- 4.015
- Поени од реакции
- 9.165
Го пребарав цел подфорум и не ми се верува дека не најдов тема за човекот кој го смени текот на музичката историја. Срам да ви е! Дами и господа, но пред сѐ дами, ви ја претставувам најголемата поп-фолк икона на овие простори - Милко Калајџиев.
Михаил Панајотов Калајџиев, попознат како Милко Калајџиев (на бугарска литературна норма: Милко Калајджиев) е бугарски пејач, текстописец, продуцент, откривач на ѕвезди и влажен сон на безброј жени. Роден е во далечната 1951 во Свиленград, Народна Република Бугарија. Бербата ’51 се смета за најдобра во тој крај од времето на самиот Дионис, факт што треба да се има на ум секогаш кога се споредуваат мажите со виното. Многу легенди и преданија се вртат околу неговото раѓање. Најпознатата е несомнено за неговата крштевка, кога славеј ја посрал кафанската пејачка. Ова има тројна симболика: славејот го симболизира славејскиот глас што ќе го добие, пејачката ја симболизира страста кон женското тело што ќе ја развие, а срањето... добро, двојна симболика.
Светот бил премногу време лишен од неговиот талент. По завршувањето на школувањето и воениот рок, Милко работел како таксист, па како пазарџија, професија што подоцна ќе ја опее во свој хит. Музите му се насмевнале во ’96 кога го снима својот прв албум „Има ли Господ?“, иронично име со оглед на тоа кој го поставува прашањето. Теолошки теми преовладуваат и во следните албуми „Прошка“ и „Спомен за обич“. Но, големата врата кон славата ќе му ја отвори Пајнер продукција со албумот „GSM“, концептуален албум што ја има борбата на човекот против технологијата како главен мотив. Албумот „Софијанка“ со својот носечки сингл „К'де си батко“ кој ќе прерасне во мега-хит, само ќе го зацврсти неговиот статус на вечен ерген и секс-симбол. По ова, секоја песна излезена од под неговиот мустаќ е успех.
Со албумот „Европеец“ од 2002 ги помести музичките граници на Балканот со хитовите како „Луд С'м“, „Др'ж Чаршафа“ „Метро кјучек“, но пред сѐ вонвременскиот гига-хит „Хеј, малката“, кој со вметнатиот исконски тракиски повик за парење и до ден-денес претставува задолжителна лектира за секој љубител на народната песна и традиционалните вредности. По него веќе нема ништо да биде исто, песните сами ќе се пишуваат, а девојките ќе се тепаат за дует или барем да се појават во негов видео-запис.
Тешко и неблагодарно е да се одвојат само неколку песни од овој најплоден период од творештвото на изведувачот кој прерасна во амблем на чалгата. „№1 в лјубовта“, „Секс на екс“, „Грешница“, „Кр'чма е душата ми“ се само некои од хитовите на тракискиот кршач на женски срца, со кои со право го заработи епитететот Том Џонс од Свиленград. „На батко играчката“, „Готина си“, „Професор“ , „Точилка“ се песни кои ги одбележуваат летата веќе неколку години по ред и ги рушат сите рекорди на слушаност и гледаност.
Но Милко Калајџиев не ја остава музика ни зад сцената, каде се занимава со продукција, компонирање и откривање на таленти. Меѓу своите музичките влијанија ги наведува: Ennio Morricone, Whitesnake, Чарли Чаплин, Coolio и други. Тој е потентниот катапулт кој вивна во музичките височини бројни пејачки како Преслава, Галена, Анелија, Емилија и уште многу други кои вечно ќе му бидат благодарни на свиленградскиот бард на поп-фолкот.
Милко Калајџиев важи за најголем плејбој на бугарската естрада и пошироко. Неговата вечно вита става и мустаќи кои со секој кунилингус се сѐ побујни побудуваат воздишки кај секоја жена. Многумина се трудат да ги пребројат сите негови пријателки во ноќта. Проценките се движат од 300 па сѐ до 3000 жени кои го вкусиле мустаќот наречен желба. Меѓу неговите последни секс-авантури (за кои јавноста дознала) е групниот секс со тризначките Вера, Надежда и Љубов, познатите реалити ѕвезди од Благоевград. Но, за вистински маж како што е Милко, бројките се неважни - женските оргазми се тие што се битни на крајот.
Неговиот шарм е надминат само од неговата популарност. Покрај веќе тривајалното појавување на јајца пред Велигден скоро секоја година, ликот на најпознатиот мустаќ во југоисточна Европа може да се види насекаде, од билборди сѐ до торбички за на пазар. Клучниот детаљ во неговиот имиџ е, многу јасно, симболот на неговата машкост – мустаќот. Милко Калајџиев не би бил Милко Калајџиев без него. Мустаќите се толку битен дел од неговиот живот, што Милко категорично ја одбил наводната понуда од милион долари на „Жилет“ да сними реклама за нив во која тој би ги избричал.
За ликот и делото на Милко Калајџиев може да се пишува со часови, но тука ќе прекратам и ќе отстапам место на останатите обожаватели. Кој е вашиот омилен албум? Го одобрувате ли неговиот стил на живот? Дали верувате во фотосинтеза? Споделете.
П.С.
На хејтерите ќе им порачам само едно: