За пуштање „бомби“ 4 години затвор

  • Креатор на темата Креатор на темата RedStarFan
  • Време на започнување Време на започнување
А да не е случајно минус за Ѕинго и компанија? :D
Правиме муабет за тип што учествуваше во напад на америчка амбасада. Не знам со кој памет му поверувал Бејли. Кој минус можеш да му го додадеш нему веќе? Сите ги има. :D
 
Кажав јас уште кога се отвори темата за „Титаник“ тука на форумот, кога цел ден сите беа заулавени од радување, не е тоа буцни прачка-пиј вино, има тука уште многу за оние што сакаат да ја срушат гранитнава институција наречена власт.

Денешнава одлука е првата заштитна мрежа, еден вид генерална проба за уставниот суд, втората ќе биде прифаќање на преставката која сега ја чуваат и оцена на СЈО како неуставна категорија, а тоа ќе се случи по втората прес-конференција на СЈО.

Но дека одлукава е глупава, донесена панично и избрзано говори и фактот што цел ден помина, а мозокоперачките аждаи збор не зуцнаа за настанот, за просечниот македонски гледач на кој животот му е цел ден шалтање од турски серии на дневник и обратно, истиот како да не се случил, не постои.

Изгледа не им се готови депешета како да брифираат за одлукава.
 
Изгледа не им се готови депешета како да брифираат за одлукава.
Со тек на време ќе стигне и тоа депеше, можно е да идат со ретроспективен осврт ("a како беше у 2005?"), или пак компаративно - да најдат некоја земја која што го има ова опфатено, каснат мегафоните како и да е.
 
Денешнава одлука е првата заштитна мрежа, еден вид генерална проба за уставниот суд, втората ќе биде прифаќање на преставката која сега ја чуваат и оцена на СЈО како неуставна категорија, а тоа ќе се случи по втората прес-конференција на СЈО.
После избори.
 
Кажав јас уште кога се отвори темата за „Титаник“ тука на форумот, кога цел ден сите беа заулавени од радување, не е тоа буцни прачка-пиј вино, има тука уште многу за оние што сакаат да ја срушат гранитнава институција наречена власт.

Денешнава одлука е првата заштитна мрежа, еден вид генерална проба за уставниот суд, втората ќе биде прифаќање на преставката која сега ја чуваат и оцена на СЈО како неуставна категорија, а тоа ќе се случи по втората прес-конференција на СЈО.

Но дека одлукава е глупава, донесена панично и избрзано говори и фактот што цел ден помина, а мозокоперачките аждаи збор не зуцнаа за настанот, за просечниот македонски гледач на кој животот му е цел ден шалтање од турски серии на дневник и обратно, истиот како да не се случил, не постои.

Изгледа не им се готови депешета како да брифираат за одлукава.

Нема шанса да се донесе во прашање уставноста на СЈО. Да можеше Грујо таа карта да ја одигра, одамна ќе го направеше тоа. Проба со балон да види како ќе реагира меѓународната заедница, и веднаш доби заушка, па тој предлог веднаш беше повлечен. Постоењето на СЈО е главен предуслов за договорот од Пржино. Без него, нема избори, а без избори Грујо е политички мртов човек. Дека ќе проба да го опструира СЈО на секој можен начин, тоа да, дека ќе го укине, никогаш, дури ни после избори кои евентуално би ги добил.

Само мое мислење е дека Груевски никогаш нема повеќе да организира избори со амин на меѓународната заедница. А ова го кажав уште пред една година.
 
еве го и Договорот од Пржино
има точно која е функција на СЈО.... има и за Медиумите:
..Овој договор, меѓу другото, ќе ги вклучува и реформите кои треба да бидат спроведени во поглавјата 23 и 24, организирањето и независноста во работењето на релевантните државни органи, поголема медиумска слобода и целосно усогласување со мислењата и препораките на Венецијанската комисија.
 
Ајде сега во твој стил дај го автентичното толкување на договорот. :icon_lol::icon_lol:
И успат, уфрли како некогаш и негде во некоја држава имало некојси случај кој е статистички релевантен за самото автентично толкување. :D[DOUBLEPOST=1456477887][/DOUBLEPOST]
Правиме муабет за тип што учествуваше во напад на америчка амбасада. Не знам со кој памет му поверувал Бејли. Кој минус можеш да му го додадеш нему веќе? Сите ги има. :D

Па добро, ако во неговиот тефтер нема место за минуси, има место за минуси во тефтерот на некој друг. :)
 
770.000 ИМИЊА ИЗБРИШАНИ ОД ГЛАСАЧКИОТ СПИСОК
И според официјални бројки на Изборната комисија потврдено е дека 770.000 илјади лица се избришани од список на гласачи откако во системот се воведени новите промени побарани од Владата. Ова Владата е - Владата на Велика Британија.
 
за пуштање на бобмите каде има цврсти докази за тежок криминал затвор 4-години,а за изборни измами СЛОБОДА...ПУ ДА ВИ ИБАМ ТОА КРИМИНАЛЦИТЕ ВО ВМРО...ЈА УНИШТИВТЕ СВЕТОСТА НА ВМРО..
 
за пуштање на бобмите каде има цврсти докази за тежок криминал затвор 4-години,а за изборни измами СЛОБОДА...ПУ ДА ВИ ИБАМ ТОА КРИМИНАЛЦИТЕ ВО ВМРО...ЈА УНИШТИВТЕ СВЕТОСТА НА ВМРО..
го избришаа газот, овие десетина години со името на партијата.
Но, што друго да очекуваш од сендвичи - луѓе?
Идеологија, патриотизам, ... тоа се глупости, како што отприлика сам си кажа еден од нив тука на форумов.[DOUBLEPOST=1456490502][/DOUBLEPOST]
Ѕинго надвор од Кратово више ништо не го занима. Ова е за син му.
коа сме тука веќе:
https://www.youtube.com/watch?v=ly_VZQQ1fJU
 
Последно уредено:
Редакциски коментар на ТВ Телма по соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Партијата ВМРО-ДПМНЕ лиферуваше соопштение во јавноста во кое ја нападна телевизија Телма за пристрасно известување во вестите. Според ВМРО ДПМНЕ, во нашите вести вчера имало 4 прилози, во времетраење од 650 секунди во кои, како што се вели во соопштението, индиректно, преку инсинуации било оцрнувано ВМРО, а биле застапувани позициите на СДСМ.

Веројатно се алудира на оној срамен чин на Уставниот суд, со кој за да се спасат осомничени за изборни криминали од владејачката партија, беше овозможено помилување и на педофили. Такво дезавуирање на институциите во Македонија, поткопување на правната сигурност на граѓаните, и давање потстрек и храброст на изборните фалсификатори и предаторите педофили кои ги загрозуваат нашите деца, Телма телевизија секогаш ќе го осудува, независно од каде доаѓа. Инаку, осудата на чинот со кој 5 судии на уставниот суд се самопонижија дојде од проминентни авторитети и професори, а не во директен редакциски коментарна телевизијата, кој не ни е практика. Но, со самото тоа, што ВМРО ДПМНЕ се најде погодено од реакциите во јавноста, експлицитно признаваат дека тие стојат зад гласањето во Уставниот суд.

Едновремено, ВМРО-ДПМНЕ протестира зошто сношти на Топ тема и било отстапено време од 3.900 секунди на потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска. Целата македонска јавност знае дека не постоело издание на Топ тема, во кое не биле повикани и претставници на ВМРО- ДПМНЕ, во фер дебата да ги кажат нивните ставови. За жал, ВМРО-ДПМНЕ, навикната нејзините функционири да гостуваат само на нарачани интервјуа, во од нив контролирани медиуми, одбиваат да земат учество во јавна дебата. Освен што 10 години ја ускратуваат дебатата во која граѓаните ќе можат да ги видат реално спротивставените аргументи на сите страни, што е спротивно на демократските и европските практики, тие сега одат и чекор понатаму, и сатанизираат било каков обид на форма за политичка дебата и интервју.

Се разбира во ВМРО ДПМНЕ знаат дека истите тие 3.900 секунди минатиот четврток му беа отстапени на актуелниот министер за надворешни работи Никола Поповски. Како што знаат и дека има покана истиот тој простор да го искористи и нивниот лидер на партијата Никола Груевски, кој се премислува дали да гостува на Топ тема. Ако станува обид за тактички потег на партијата за да издејствува однапред договорени прашања кога нивниот лидер ќе гостува на Телма, во партијата направиле грешка бидејќи Телма телевизија никому однапред не дава прашања, па нема ниту на Никола Груевски.

Но, зад ова соопштение на ВМРО –ДПМНЕ има и подлабоки мотиви. Партијата која го урниса слободното и фер новинарство во изминативе 10 години, за време на чиј мандат Македонија во слободата на информирањето падна од 34 на 140 место во свет, во друштво на најзлогласните диктатури, очајнички се обидува да прикаже дека сите медиуми се исти, и дека сите се пристрасни за едната или другата страна. Но, ова е провидна лага и спин. Телма, која секогаш ќе биде објективна, балансирана и на страната на интересот на јавноста, а не на политичките партии кои се обидуваат да го киднапираат секој сегмент од општеството, одлучно ќе се спротивставува на ваквите обиди за релативизација и ставање знак на равенство меѓу објективните и крајно пристрасните и тенденциозните, и ќе продолжи со својата објективна уредувачка политика, без да подлегне на притисок од која било партија.

Во Македонија имало диктатура?
Да ама од соросписка партија со 1,5% електорат која останатиот од 98,5% глуп па дозволува во здрав мозок да го ебе како сака
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom