МАКЕДОНИЈА - Хрватска 08.09 2015 Вторник, 21:00

  • Креатор на темата Креатор на темата the_kop
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Искрено нема што да бараме денес, одлично се пополнети Хрвативе на секоја позиција макар и без Богдановиќ, па и Зориќ кој имал повреда. Се надевам само на добра утакмица и не толку висок пораз. Ние шансата треба да ја бараме со Грузија и Словенија. Словенциве после првата утакмица ми оставија добар впечаток, но наредниве 2 утакмици не ме импресионираат баш. Не се ништо посебно, премногу и тие зависат од шутот за 3. Грузија исто така ќе бара единствена победа со нас, па и тоа ќе биде тежок дуел во кој мора да одиграме максимално, според мене со добри партии имаме шанси и со Грузија и со Словенија.
 
Верувам нема да им требаат балетанки за денешнава утакмица како за претходните две.
 
Добри вести пред малку слушнав од нашиов коментатор на Сител 3.Вечерва сигурно не играат Богданович и Симон, а неизвесен бил и Жорич.:oeoeoe:

Е добро е сега, сигурно добиваме.










По муцка.
 
За разлика од натпреварот против Грција кога искрено и очекував висок пораз (повисок отколку што излезе), со Хрватите мислам дека колку толку ќе се носиме. Има теоретски шанси за изненадување со оглед дека длабочината на хрватите која според мене им е најсилна страна им е на удар сега ако навистина не играат Богдановиќ, Жориќ и Томас. Не дека и вака не се апсолутни фаворити (во принцип може и полошо да излезе бидејќи практично ќе мора голема минутажа на некои од клучните играчи да им дадат), ама имаме какви такви шанси да бидеме во натпреварот.

Малку за составот на Хрватска кој ако се точни отсуствата ќе го видиме на теренот:

Укич / Дрејпер / Стипчевиќ
Симон
Хезоња / Рудеж
Шариќ
Томас / Билан

Би одвоил 4 клучни аспекти на играта на Хрватска:

1. Post up и P&R преку Томиќ. Некој убаво напиша погоре. Томиќ е практично подобра верзија на Самарџиски со горе долу истите предности и маани. Катастрофа во одбрана, но може многу проблеми да ни прави во нападот, особено кога Самарџиски ќе го чува. Има одлично чувство и доволно подвижност околу кошот. Хендрикс и Самарџиски ќе мора да го надиграат ако сакаме позитивен резултат (не е за очекување, но е сосема можно, Томиќ никогаш не блескал во репрезентацијата пред се затоа што на екипата му треба дефанзивен центар и имаат слаби плејмејкери - тоа се контри со добрите страни на Томиќ).

2. Слаби плејмејкери. Убедливо најслаба страна на хрватската репрезентација и можеби главна причина зошто посериозно не се зборува за нив кога се коментира за медали е позицијата плеј. Имаат 3 плејмејкери ама ниту еден од нив не е ништо посебно. Укич е крупен плеј кој може да биде незгоден но може и целосно да ја исфрли екипата од колосек. Дрејпер е најпросечниот американски плеј во Европа кој некогаш заиграл за нечија репрезентација. Главно тие двајца ја делат минутажата.

3. Убиствени шутери. Мора многу да внимаваме на Симон и Хезоња. Се работи за шутери од светска класа. ако им се остави и малку простор може скапо да не чини и брз о целосно да не исфрлат од наптреварот. Од друга страна лимитирани се во креативноста (особено Хезоња) и според мене една од главните шанси за нашата репрезентација е ако усшееме да ги натераме нив да ги креираат акциите за нивната екипа. Особено ова важи за Хезоња кој иако е огромен талент и страшен шутер и атлет има само 20 години и дисциплина полоша од онаа на Трајковски. Може многу лесно да биде целосно исфрлен од колосек и да прави многу грешки. Во отсуство на Богдановиќ и Томас, претпоставувам Рудеж ќе го играат на позиција 3. Горе долу истото важи и за него со таа разлика што тој е повисок но и побавен.

4. Шариќ. Иако ќе биде вториот најмлад играч на теренот со само 21 година, Шариќ е според мене клучот на овој натпревар. Голем талент и универзалец без некоја очигледна слаба страна. Од една страна заради енергијата со која игра е многу важен за дефанзивата на Хрватска (која е далеку послаба страна ај хрватите во однос на нападот). Убиствен е во транзиција откако ќе собере дефанзивен скок (а често го прави тоа - најдобар скокач им е). Буквално како топ плејмејкер со висина на центар. Словенија и Грција скоро во секоја ситуација од таков тип намерно го фаулираа на пола терен (и кога пола екипа беше вратена). Можеби е тоа и паметна стратегија треба да се размисли сериозно. Во позицион напад може да игра во било која улога, и да шутира за 3 и да креира за екипата и да игра на низок пост. За среќа не играат којзнае колку многу преку него Хрватите туку се мачат со плејмејкерите. Причината зошто Шариќ е особено клучен на овој натпревар е затоа што дефанзивата на позиција 4 е убедливо најслабата страна на нашата репрезентација. Мислам дека Трајковски и Ѓуровски ќе мора да одиграат меч на своите кариери ако сакаме успех.

Се на се доста силна екипа против која во просечен наптревар немаме шанси, но се случуваат изненадувања, а и Хрватите не се познати по својата стабилност (плус 2 од клучните играчи им се исклучително млади) па не очекувам тежок пораз. Дали можеме до изненадување ќе видиме. Дефанзивата на позиција 4 и шутот за три се клучните аспекти кои ќе го одлучат ова.
 
мало предвидување, ако ја задржиме Хрватска под 72 коша победуваме, моја констатација и пресметки од статистиките:D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom