D
Daedalus
Гостин
Питер Гринавеј е лично мојот најомилен режисер и сценарист па решив и да го испоштувам со тема. Роден е 1942 година во Њупорт, Велс. Питер завршил школа за ликовна уметност, а потоа се сосредоточил на ѕидно сликарство. Во 1962 година, го направил својот прв филм, „Смртта на сентиментот“, а потоа продолжува со неговата филмска кариера. Фасциниран од делата на Бергман, започнува да ја следи европската сцена и да твори свои филмови кои во секој можен детал без промашај, претставуваат уметнички дела сами по себе и се одраз на многу културни, социјални и филозофски аспекти кои ја опфаќаат европската историја на уметност, општествените динамики кои се одразуваат на индивидуата и конфликтите помеѓу личноста и социјалните норми, потребата за искажување која е потисната од надворешниот притисок и апсурдноста наметната од суровата реалност, клешта која ја гуши креативноста на поединецот. Сето тоа се крие зад маскарадата на прекрасната и гротескната естетика на сцените, дијалозите и костимографијата.
Гринавеј има направено и неколку авторски дела во форма на слики и либрета.
Од све што иам гледано, никој не успеал да ми долови атмосфера до таков степен, да ми остане впечатокот неколку дена по гледање на негов филм.
Филмовите му се честопати приказ на животните циклуси, човечките пориви и пороци, особините, навиките и други различни аспекти од животот со што секогаш провлекува поука на крајот. Во многу од неговите филмови, приметливи се контрасти помеѓу две екстреми, наивноста наспроти лукавоста, задоволството наспроти болката, среќата наспроти тагата и животот наспроти смртта.
Фасциниран е од ренесансата, барокот и неокласицизмот како периоди во уметноста, нешто што може да се забележи по сценографијата. Кај него не постои цензура во поглед на експлицитни сцени и ваљда некои моменти не се препорачливи за луѓе со слаб стомак. Како негов потпис, прикажува суптилна комичност која соодветствува со контекстот на ситуацијата и излегува како резултат/производ на апсурдноста која ја покажува наративот, нешто налик на Солонц и Ален иако ниту еден од овие режисери не е нималку сличен со другите и не планирам да вршам никаква компарација. Мање више, го има моментот кога приказната навидум тече среќно и распеано иако сите знаеме дека ништо не ваља у муабетот и „среќно“ е последниот збор кој реално би го опишал дејството.
Најпознати филмови му се:
The cook, the thief, his wife and her lover
Drowning by numbers
The Baby od Mâcon
The belly of an architect
The Draughtsman's Contract
Prospero's Books
A Zed & Two Noughts
И тука више се фаќам како скоро му ја набројувам цела филмографија. Исто така не треба да се пропуштат неговите документарци како Nightwatching, Rembrandt's J'Accuse (посветени на Рембрант) и многу други.
Препорачуем да изгледате неколку од горенаведените филмови за тие кои немате гледано ништо од него, ваљда за почеток супер се „The cook, the thief, his wife and her lover“ или „Drowning by numbers“ па после да ја изгриндате цела листа ко мене.