Уредување на стан

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
Па, вака на изглед е ОК, а за друго, сеуште не можам баш да кажам, пред една недела ја ставив. Комшиите у моја зграда, што предходно си ставија таква фасада, сите се фалат многу (меѓу другото, затоа и јас решив да си ставам).
Јас прашувам како ти е погодена, зошто енергетски задоволува, а често по овој тип на фасади се појавуваат пукнатини.

Иначе ај со среќа во реновирањево:D
 
Еден мал апдејт, ако некого го интересираше:
- Во купатилото, сменети се старите метални цевки со пластични. Решено е да се стават новите врз старите плочки, пошто стариве се ептен прејако наместени, со цименто биле лепени и сега не се вадат нормално, туку цели парчиња со се цименто, малтер од ѕидот и големи дупки остануваат. Така ќе одело многу лепак, а да не го заборавиме бесконечното ѓубре и прашина што ќе остане по кршењето. Истово важи и за кујната. И таму исто имаше интервенција на цевката за одвод, ставена е нова и изведено е приклучок за струја и вода за машина за садови ако некогаш се одлучиме да ставиме.
- Електричната инсталација исто доживеа реконструкција. Се изведоа нови штекери и прекинувачи според новите потреби. Ќе се смени цела табла со осигурачи, со нови автоматски и со фид-склопка за заштита на целата инсталација.
- Дупките околу прозорците кои остануваат по монтажата се веќе затворени, а на местото на старите ролетни пошто е огромна дупка, во кнауфот внатре сега има тервол.
- Истовремено се работи на ѕидовите, се крпи тоа што ископа електричарот, се ставаат лајсни на сите ивици и се припремаат ѕидовите за глетовање.

Мајсторите работат одлично и си одржуваат чисто околу, под плакари редовно се мети и брише, се чека прописно што треба да се исуши па да се работи следно итн. Не сме за брзање ни ние ни тие, проценката е дека до крајот на месецов, ќе биде се топ средено.
Сликиве се од пред една недела, така да моментално во уште понапредна фаза е работата.

040920151508.jpg
040920151510.jpg
DSCN5377-1.jpg
 
Прегледај го приврзокот 128326
Прегледај го приврзокот 128327
Прегледај го приврзокот 128328
Се е супер, само ова со плочкиве не ме бендиса. Јес да преку старите плочки се става прајмер, па се лепат новите, но контактот ѕид - лепак - плочка е подобар од контактот глазура/плочка - лепак - плочка, бар според мене.

Како и да е, чекаме новости и слики.....:)
 
Знам, ама стариве се брате бетер од железо направени. Може комотно и така да се користат иако се пред 30 год. Нема никакви траги од валкано, влага и сл. Али кога се реновира се, ред е и нови плочки да се стават, целосно се менува ликот на кујната. Купатилото посекако треба нови плочки поради менувањето на цевките и редењето плочки до таван, што не е случај моментално со старите.
 
podborka_42.jpg

ne tolku za stan, povekje za studentski domovi- koga denot e nokj, a nokjta -den
 
Како се движат цените за шмирглање и лакирање паркет, ако знае некој?
 
на нијансирана зелена боја од цел салон еден само ударен ѕид како би било подобро да се офарба загасита зелена или лимон жолта боја?
 
Јас лично не те разбрав што прашуваш. Имате салон/дневна која е целата офарбана во зелена боја и сега се двоумите како да го офарбате ударниот/најголемиот ѕид во собата или имате дневна/салон офарбан во бела боја, па сега се мислите каква боја да биде ударниот/најголемиот ѕид?
 
Дали некој ќе сака да ми каже мислење (може и од лично искуство) за тоа чии новоградби во Скопје имаат солиден квалитет?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom