Од кај ги знаеш Миле и Цаци? Ти во Тафталиџе да не живееш?:wink:
Не се сложувам дека нема зошто да доаѓаат...
Работна рака е смешно ниска (барем за производство), градба на објект исто така... Мала повластица да им се даде во врска со даноците и олеснувања за царинење, сигурна сум дека ќе има многу заинтересирани.
Индустриската зона Бунарџик има еден куп слободни парцели, но пред кратко време се среди проблемот со струјата.
Значи, извесни се нивните добивки, нека банкарскиот систем направи посебна класа за нивно работење, нека имаат рачун и тука да ги чуваат парите.
Можности има, добронамерноста не ни е насочена.
Кај нас не се размислува во обратна насока туку исклучиво еднонасочно и ограничено.