Потрошени пари за џабе

  • Креатор на темата Креатор на темата Aleee
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
27 февруари 2006
Мислења
1.356
Поени од реакции
9
1,300,000 евра за рекламата Invest in Macedonia досега, а за понатаму...
 
Треба да пишуваме која според нас голема сума на пари воопшто е напразно потрошена или лично безвезе лупнати пари?
:):):)
 
Aleee напиша:
1,300,000 евра за рекламата Invest in Macedonia досега, а за понатаму...

Ај ако може малце поише образложение, за да може да се дискутира. Во спротивно- Епа канта македонче. sviri:
 
а од каде таа информација дека досега се потрошени толку пари за кампањата?
 
Aleee напиша:
1,300,000 евра за рекламата Invest in Macedonia досега, а за понатаму...

Многу К-15 може да влијае штетно на здравјето. :)


Момак, па дали мислеше дека некој милионер бизнисмен будејќи се со утринското кафе и првата цигара, го здогледал нашиот оглас, запишал мобилниот на Груевски и му рекол: "Никле бачко, ај вонт ту инвест ин Мацедонија сто...море шо сто, ДВЕСТЕ милиони евра, ти само кажи ми во која индустрија, која фабрика да ја купам, кој концерн да го донесам, која река да ја преместам, која нива да ја изорам... Сакам на Македонија да и дадам пари, не ми е грижа дали условите се исполнети, што работите, како работите и колку е безбедно и доходовно. Македонијо, АЈ вонт ту гив ит Ол, енд ај вонт ит НАУ"....?


Многу фурни леб треба да се изедат. И да се фрли рипче за да се фати крапче. А можда и пастрмче ако сме ловокрадци :)

Поддржка за владата, за кампањата, визијата, надежта и рипчето :)
 
Два нови спота со пораката „Инвестирајте во Македонија“ и годинава ќе се емитуваат на програмите на реномирани телевизиски куќи како Си-ен-ен, Скај њуз, но и на телевизиски канали во Холандија, Германија, Шведска, Кина, Франција и во Турција. За таа цел, Агенцијата за странски инвестиции веќе распиша оглас за изработка на два промотивни видеоспота, и тоа насловени „Македонија- атрактивна инвестициска дестинација“.

Во еден од видеоспотовите е предвидено странски инвеститори што се веќе присутни во Македонија со свои сведоштва да им порачаат на потенцијалните инвеститори зошто земјава е поволна дестинација за инвестирање. Според очекувањата, кампањата треба да го подобри имиџот на земјата како атрактивна инвестициска дестинација и да иницира интерес кај странските компании за разгледување на Македонија како потенцијална локација за инвестирање.

Виктор Мизо, директор на Агенцијата за странски инвестиции, вели дека новите видеоспотови треба да ја пренесат истата порака како и спотовите од минатогодишната кампања.

- Изминатиов период светот беше во криза и со нашата кампања сакавме да пренесеме порака до инвеститорите дека во време на криза треба да ги намалат трошоците и дека тоа можат да го добијат со инвестирање во Македонија односно во слободните економски зони. Светот сега закрепнува и затоа сметаме дека со сведоштва на инвеститори кои се веќе присутни во Македонија, а кои имаат тежина во интернационалните бизнис-кругови ќе можеме подобро да ги покажеме поволностите за инвестирање - вели Мизо.

Тој вели дека е рано да се откријат имињата на инвеститорите што ќе сведочат за деловното опкружување во земјава. Мизо додава дека ќе се прават верзии на спотовите на повеќе странски јазици за поефективно да се пренесе пораката до инвеститорите на нивниот мајчин јазик.

- Годинава на пример се одржува „Шангај експо“, настан што се смета за олимпијада на бизнис-светот. Така што сакаме со спотовите Македонија да биде присутна, меѓу другите, и на кинески јазик - вели Мизо.

Во однос на прашањето колку пари ќе чинат емитувањата на спотовите на странските канали, Мизо вели дека тоа е веќе испланирано во буџетот на агенцијата за 2010 година. Бројките покажуваат дека Владата очигледно е подготвена да вложи многу во понатамошна промоција на Македонија како поволна дестинација за странските инвеститори. Имено, Агенцијата за странски инвестиции во 2009 година располагаше со буџет од околу 4,3 милиони евра и имаше 19 вработени. Годинава агенцијата располага со буџет од околу 6,8 милиони евра и има 48 вработени. Од овие пари, околу 1,5 милион евра се предвидени за економска промоција, а околу 3,4 милиони евра за економски маркетинг.
Автор: Владимир Николоски

Link

Незнам колку е успешна предходната кампања, но мислам дека бизнисмените слушнаа за поволните бизнис услови(не зборам за патна инфраструктура итн, стриктно за условите кои се оценети од врвни магазини како поволни).
Останува да видиме колкав ќе биде успехот. Во секој случај стегам палци и ја подржувам кампашата :)
 

Link

Незнам колку е успешна предходната кампања, но мислам дека бизнисмените слушнаа за поволните бизнис услови(не зборам за патна инфраструктура итн, стриктно за условите кои се оценети од врвни магазини како поволни).
Останува да видиме колкав ќе биде успехот. Во секој случај стегам палци и ја подржувам кампашата :)


Како незнаеш?Па не е тешко да дознаеш,оди на сајтот на НБРМ и види директни странски инвестиции во изминативе 2 години.И да не се збуниш,префрлањето на капитал од мајка/ќерка не влегува во мерењето на ефектите.
И јас стегам палци да дадат уште 500 милиони евра за себе промоција.
 
Малце ни е треба вакво нешто секој ден да се изведува врз македончето ->:bdsm:
 
Како незнаеш?Па не е тешко да дознаеш,оди на сајтот на НБРМ и види директни странски инвестиции во изминативе 2 години.
Што да речам, очекуваш преку ноќ се да се реши, ок тогаш, верувај си во тоа.
 
Што да речам, очекуваш преку ноќ се да се реши, ок тогаш, верувај си во тоа.

365 ноќи + 365 ноќи = 730 ноќи.
Имаш идеја кога ќе бидат ефектите од рекламиве?

п.с. првиот пост е од 22.02.2007,значи плус 365 дена :)
 
И јас мислам дека се потрошени пари за џабе. Па зошто имаме амбасади и конзуларни претставништва? Они се наши емисари и промотери; мене не ми е јасно каква е нивната улога ако дополнително се плаќаат економски промотери?
Веројатно се ужевеале во улога на Англиска кралица.
Па доволно е да видат холандската амбасадорка како се понаша! Бесплатен курс имаат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom