Јас мислам дека Анима Мунди колку и да шират некакви бесмислени работи како она за вегетеријанците, како она за една чаша млеко како биле злоставувани бикот и кравата, сепак тоа е занемарливо во однос на она на колку бездомни кучиња и мачки им помогнале. Мене дури драго ми е што има вакво здружение кои им помага на бездомните животни. Сега трескале глупости или не, сепак помагаат.
Потоа кога ќе слушнам ваква измислена приказна која е крпена само од едната страна, во вид на одбрана, се ежам. Луѓето можеби се силат за некого да заплашат, за да не му се повтори да малтретира бездомно куче или маче.
Сведок сум бил на настан и приказна измислена - недомислена како твојата. Бездомно кутре од неколку месеци се вртка низ зеленилата во градот, а некој фраер кој не е фраер, туку глуми фраер (кој во случајов можеш да бидеш ти или некој друг), за да се направи фраер пред другите го шутира кучето или жаргонски како што вие викате го рога. Тој негативната енергија од дома така ја исфрла. Па некој човек од страна тоа го снима, го предава материјалот кај Анима Мунди, па они се силат, зошто ние немаме никакво друго здружение или функционален закон за заштита на животните. Истиот фраер подоцна се јавува како е оштетен од Анима Мунди, иако ,,ништо не направил".
Што се однесува до болдираното, јаз незнам дали си прошетал малку во странство или не, но кај и да идеш, ти на улица ќе видиш и бездомно куче и бездомник човек. Можеби кај нас е поголем бројот на бездомни животни и луѓе, но тоа незначи дека во другите држави тоа воопшто го нема.
Потоа велиш таму сите се вдомени, а кај нас шетаат сите џукели. Па пиле наместо да ,,рогаш'' бездомни кучиња, биди фраер, вдоми, спаси живот, па фали се потоа. Поголем фраер си ако помогнеш некому отколку да натепаш некого.
И лично според мене едно место без кучиња и мачки покажува колку е диво и колку само паднало под штетната рака на човекот. И да не заборавиме................., човек кој се плаши од џукели, страшно е против нив и сака да ги нема, да ги заборави, зошто тие го потсеќаат на село...................., само покажува дека е од село дојден.