Mozno li e narusuvanje na mirovniot proces i prekinot na ognot pomegu turskite vlasti i PKK, posebno posle napadov?
Мировниот процес е веќе сериозно нарушен.Иако,Апо Оџалан и Селахетин Демирташ,инаку претседател на ХДП,повикаа на продолжување на дијалогот(кој практично не ни постои),сепак дел од тврдото крило на ПКК,предводено од Чемил Бајик,пред некоја седмица објавиja прекин на мирот.
Како причини се наведени односот кон ЈПГ и веќе јасната логистичка поддршка за ИСИС во Сирија, континуираното градење на воени пунктови во областите населени со курди,пред се на границата со курдскиот регион во Ирак,како и неисполнувањето на дел од обврските од договорот.
АКП,истотака проба да го намали влијанието на ПКК,односно ХДП,со формирање на про-ИСИС курдската партија Худа-Пар,имаше и судири и жртви меѓу приврзаниците на двете страни,ама истото имаше контра ефект,па АКП катастрофално изгуби во курдските региони последниве избори.
Капак на се,беше и скриената поддршка што им ја пружија на ИСИС во борбата со ЈПГ,како што кажав и претходно,во Сереканије,Гире Спи и Кобани.
Така што,покрај сето ова мировен процес во Турција веќе не постои,тој е мртов.Време е за вртење на друга страница од поглавјето.