Мој другар посетува курс (додуша ова му доаѓа како академска година која се плаќа околу 2500 евра, освен ако не фатиш некој попуст или добиеш ваучер), а претходно немаше никаква допирна точка со програмирање. Се разбира доста во компјутери, но никогаш порано не работел некои програмски јазици. Доста е задоволен од предавањата и сите активности кои ги имаат во склоп на "струдирањето". Групите се од по 30-тина луѓе и меѓу нив има секакви, студенти од ФИНКИ, некои кои веќе работат како програмери, некои кои немаат допирна точка со програмирање, некои кои од дома ги тераат да завршат некој ваков курс итн

Е сега, другаров вика дека иако не се потребни никакви квалификации за да запишеш курс, освен да имаш завршено средно училиште, сепак професорите претпоставуваат дека тие кои го запишале курсот веќе ги знаат основните синтакси кои се слични во повеќето програмски јазици. Нормално, тој материјал со повторување на основните синтакси бил поминат набрзина, па потоа паралелно учат неколку програмски јазици кои се надоврзуваат еден на друг.
Имаат домашни, заеднички и индивидуални проекти, а во партиципацијата им е платено и полагањето за сертификат од мајкрософт.
Одев една недела на еден летен курс, чисто од љубопитност и можам да кажам дека има некои професори кои се ептен посветени и секоја чест за нив, ама имаше еден кој на пример не ми личеше дека ќе успее да те научи нешто. Другаров ми потврди дека од сите тие, он навистина најслабо предавал, не дека бил лош, меѓутоа многу брзал и не се навраќал на некои работи за кои сметал дека веќе треба да се познати.
Со други зборови, секој може да се запише на некој од курсевите, ќе добие добри услови да научи, но за сето ова треба паралелно многу да се вежба дома. Доколку не вежбаш самостојно и оставаш да ти се трупа материјал, џабе си потрошил пари.