Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.241
- Поени од реакции
- 36.550
Совршено што му текнало и ова на некој како изум, но од лично искуство тврдам дека за кај нас ова нема да функционира, бидејќи ќе ти го крадат медот.Добар изум - медот сам истекува од улиштето
Македонските пчелари нека си нарачаат/ купат http://www.honeyflow.com/shop/p/94
Во минатото постарите кажуваат дека го сметале грев ако некој укради семејство пчели (кошерка, или сандаче поново), но денес ако ги оставиш некаде подалеку и одиш поретко, голема е веројатноста да ти ги собере некој, го осетив на своја кожа.
Додатно според мене веќе се помалку и помалку ќе се одгледуваат пчели кај нас поради промената на климата и временските услови. За Прилеп, Битола, Демир Хисар последниве 5-6 години беа тотално промашување во поглед на мед, болести на пчели, од лично искуство полоши години не паметиме.
Во периодот кога требаше оваа година да биде медењетона багрем/детелина/липа фатија повторно ветрови, дожд со месеци нема, а кога требаше да почне да се развива пролетта пчелното семејство, пак врнеше и беа ниски температурите до крај на април.