Скопје или Битола ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzimidzi
  • Време на започнување Време на започнување
Може прашањево ќе звучи глупо (али не живеам во Мк па не се разбирам) али кој универзитет е тој УГД?? Ги знам само УКИМ и приватниве, па сеа не разбирам за кој збориш, баш ме интересира кој е тој толку мизерен..?
Универзитетот во Штип е тој УГД,не ме чуди тоа шо го ругаат со оглед на тоа шо е вмровски.
 
Ако навистина си спремен да вложиш труд како што си напишал, и посебно за тие факултети, дефинитивно Скопје, нормално под услов да не се пресудни финансиите.

Јас имам спротивно мислење. За тоа што тој го сака, Битола, поголеми се шансите да остане доследен на планот.
Ако сака провод, студентски дом во Скопје.

Познавам еден куп луѓе што отидоа по студентските домови во Скопје со план да се шинат од учење и да завршат во рекордно време, ама другите активности им се видоа некако поинтересни, па испозаглавија.:icon_mrgr:
 
Универзитетот во Штип е тој УГД,не ме чуди тоа шо го ругаат со оглед на тоа шо е вмровски.

На тој универзитет е се калакурница, не се знае кој пие кој плаќа. Последната глупост во низата е што го избралее Горан Стаменков како "студент" претставник за Универзитетскиот сенат (а дипломиран е пред 2 години и оттогаш не продолжил на постдипломски) со плус уште двајца шо појма неам кои се...
Кој партиски чмаролижач е дечкото, не ме ни чуди како го избрале за претставник на студентите во универзитетскиот сенат а не е студент!
 
УГД е второрангиран универзитет во МК, нема потреба да лечите сопствени фрустрации овде. Во држава кајшто чистачите по улица се партиски вработени мене ич не ме боли кој бил во сенат курци палци. Гледаш да научиш нешто, да дипломираш и да градиш кариера со лист хартија што отвара по некоја врата.
 
УГД е второрангиран универзитет во МК, нема потреба да лечите сопствени фрустрации овде. Во држава кајшто чистачите по улица се партиски вработени мене ич не ме боли кој бил во сенат курци палци. Гледаш да научиш нешто, да дипломираш и да градиш кариера со лист хартија што отвара по некоја врата.

Без пракса. А која врата дипломата ја отвара без 2 години минимум работен стаж ме интересира?
Еве јас сум на УГД, Здравствен менаџмент на економски факултет. Ме интересира која врата ми се отвара (од областа јавно/приватно здравство) без минимум 2 - 3 години работно искуство?
 
Без пракса. А која врата дипломата ја отвара без 2 години минимум работен стаж ме интересира?
Еве јас сум на УГД, Здравствен менаџмент на економски факултет. Ме интересира која врата ми се отвара (од областа јавно/приватно здравство) без минимум 2 - 3 години работно искуство?


Отсуството на практичниот дел е проблем во образованието во МК, тука се слагаме 100%. Не само на факултет туку и во средните стручни школи. Останато ни е од поранешниот систем или нешто друго, но соодносот теорија - пракса е катастрофален. Во мојот случај добив само мала претстава за она што би правел кога би работел во соодветната под-гранка поврзана со предметот што го изучувам. Веб програмирање и дизајн ми фати око, па почнав повеќе да чепкам во таа област во слободно време. Дипломата ми отвори врата да добијам интервју за тримесечна пракса (без никаква плата итн.). Кога на интервјуто почнав да зборувам за успеси за време на студиите, просек бла бла ми рекоа ќе видиме тоа, дипломата беше важна до интервјуто. Покажав труд и желба и после 2 месеци добив постојан договор. Без ниту еден ден искуство претходно и со слаб (барем по мое мислење) германски.

Искуството не е проблем само во МК, цела генерација го има истиот проблем и во Германија и било каде. Пракса без плата, волонтирање итн. се според мене најдобриот начин да излезеш од тој круг - ми треба искуство за да најдам работа, ми треба работа за да добијам искуство. Тука многу зависи од други фактори, дали си финансиски способен (или твоите родители) да работиш некое време без надомест итн. УГД, УКИМ, Битола, Прилеп - тоа не игра улога ако гледаш долгорочно. Само вака на форум некои ќе си лечат фрустрации со нивните елитни факултети во однос на оние селските дисперзирани штипски или незнам какви факултети.
 
Се зависи од финансиската состојба. Битола во секој случај ти е поевтина алтернатива.
Но, јас стојам зад тоа дека УКИМ е на 1во место со причина.
 
Искрено еве ти давам совет разгледи си за Софија.Софија е дури поевтина од Скопје, јас така се заебав и сега ми е мака.Да можам да бирам пак ќе ја одберам Софија без размислувања.А доколку одиш на медицина тогаш Пловдив.Знаења што ќе ги стекнеш таму, башка праткична настава нема шанси да ги добиеш тука во Македонија.
 
Искрено еве ти давам совет разгледи си за Софија.Софија е дури поевтина од Скопје, јас така се заебав и сега ми е мака.Да можам да бирам пак ќе ја одберам Софија без размислувања.А доколку одиш на медицина тогаш Пловдив.Знаења што ќе ги стекнеш таму, башка праткична настава нема шанси да ги добиеш тука во Македонија.
Абе како Софија...на бугарски ли треба да следам настава ?
 
Абе како Софија...на бугарски ли треба да следам настава ?
Зависност од кој универзитет го одбереш.Има и оние на кои наставата се следи на англиски но тешко за таму да имаш кеш.
Инаку бугарскиот не е толку тежок колко ти изгледа во мометот.У 1 семестар ќе го совладаш без маки.Е сега само ако си домашарче, бидејќи тешко да си одиш толку редовно како од Скопје иако Ромео има редовни линии Прилеп- Софија каде што одат студенти од прилеп.Распитај се верувај ми тамошното знање што ќе го добиеш за професијата што ќе ја избереш ќе е огромно и ќе можеш веднаш да работиш овде без да го трошиш времето на обуки.
 
Пример на драгиот ни УГД не можеш да земеш потврда за пракса.
Ете бев вчера, главниот за тоа си зел 10 дена одмор и оставил една госпоџа шо се пцуеше со сите шо дошле пошо и е скратена паузата за топол оброк (иако од 10 до 11 си беше на пауза а треба само 10-10 и 30) и еден дечко и рече дека 3 пати доаѓа за да му отвори некоја потврда оваа му рече дека требало да дојде друг пат пошо не можела да се замара со секоја будала.
И не тераа да се потпишуваме на списоци за да ни ги изготват потврдите по НЕКОЛКУ дена или НЕДЕЛА цела.
Така да ти ако си од друг град освен од Штип, ако сакаш пракса ќе платиш повратна за штип за да си ги земеш тие ебени потврди.
Инаку ќе пишам една така поголема статиичка за сите убавини на УГД, ама прво да положам еден предмет, пошо цел факс е у Гејм оф тронс свет т.е. сите еден на друг си забиваат нож у грб.
 
Каде е подобро и поефтино за студирање?
Отприлика колку пари треба за 1 месец во Скопје, а колку во Битола ?
Samo Skopje, eventualno ako mozes da si dozvolis stranstvo, Bitola mozi da ti ponudi diploma ama vistinsko znaenje I vestina(pa da ne zboruvam praksa) ke pocekas malce, samo ke gi frlis 4 - 5 godini vo veter.....od svoja kozha znam kolku vredat fakultetite vo Bitola, ako se zapisis tamu veruvaj ke zazalis, ne vredi da studiras na UKLO, osobeno ako si poambiciozen i so pogolem kapacitet za ucenje, oti ke ucis so nekoi kamenja sho se zapisale na fakultet a odvaj zavrsile sredno, a kvalitetot na nastavata I prakticnite vezbi e daaaaaleku od UKIM, site fakulteti na UKLO se katastrofa
 
Последно уредено од модератор:
Скопје колку и да штедав во месецот без минимум 100 евра трошок не бев, иако седев во студентски и тоа шо си одев дома еднаш месечно или на еден и пол месец.
Секое одење дома рачунај ти е дупло поголем трошок него да го поминиш викендот Скопје, ќе ти треба еве автобуска или со воз карта, дома ќе сакаш да си излезен пркеу цел викенд и плус шо ќе си одиш ќе треба џепарлак да ти дадат.
Сигурна сум дека е поскапо од Битола, пошо познавам луѓе шо седат таму и имаат многу помали трошкови од мене, ама па од друга страна учењето на УКИМ и на УКЛО не е исто.
Ако се запишиш па Битола,ќе можиш од втора година многу полесно да стигниш до стипендија и ќе си имаш поголем џепарлак.
 
Скопје е поскапо но и далеку подобро и поквалитетно. Па и таму, во зависност од тоа кај си сместен, не е претерано скапо. Минимум се врви и со 8 илјади, но станот да ти е Карпош 4 или некаде што е подалеку од Центар. Во спротивно 10тина илјади горе долу.
А ако седиш во студентски, гледај тоа да е Стив, другите се елементарна непогода. Овој е попогодна непогода од останатите. Во студентски се поминува и со 6 илјадарки
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom