Peaky Blinders

  • Креатор на темата Креатор на темата Torchyrus
  • Време на започнување Време на започнување
Сега ми дојде на ред 4-та сезона, до трета епизода сум само, али морам да пишам, кој секс е дијалогот овие три епизоди, свака част.
 
novive sezoni se epten glupi, pola vreme od sekoja epizoda e vo slow motion i glasna muzika za mozokot na prosechniot stole da reagira i da misli deka e jaka serija
 
Мора така не е реално повеќе тепање со банди. Единствен начин да ја спасат серијата е Томи да ги легализира и серијата да е политичка драма со повремени хит мен услуги кои ќе му ги дава Томи на Черчил. Италијанска мафија, ИРА, уценување на судии веќе се преголем залак.
 
Првите две, па и третата сезона се одлични, четвртата веќе малку претераа... Мислам оваа (петта) сезона ќе биде последна, не гледам како ќе продолжи понатаму... Boardwalk empire е подобра серија, но Peaky си заслужува почит.
 
Boardwalk јас пак ја почнав после Peaky Blinders и многу досадна ми се виде првите 4 епизоди и ја прекинав.
 
treba da i dades sansa, boardwalk empire za peaky blinders e kako the wire za familija markovski
 
На крајот Томи ќе умре од рак на белите дробови, нонстоп му е тоа цигариштето у уста.

Супер серија, држи внимание. Ми се допаѓа атмосферата од тој период меѓу првата светска војна и големата рецесија.
 
Многу ме интересира што има да каже Макс Мозли за начинот на кој што го покажуваат татко му во серијава :icon_mrgr:
 
Од серии што јас ги имам гледано, два лика мислам (за мој вкус) се недопирливи во поглед на прогресија на лик и изведба. Рагнар од Vikings и Томас Шелби од Peaky Blinders (или како нашиве ги преведуваат Жилетите од Бирмингем). Почесно место има Џекс Телер од Sons of Anarchy и Утред од The Last Kingdom (кој, ако продолжат да ја градат серијата вака како што тргнале може и да ми стане еден од најомилените).

peaky-blinders-season-4-1517571471.jpg

Кога ќе споите брилијантен ум како што е креаторот Стивен Најт и исто толку брилијантниот Килијан Марфи се добива еден така добро оформен лик, што импресионира. Серијава се воздигна до културен феномен, но без да звучам арогантно, мислам дека тоа се должи за жал на публика која Томас Шелби го сфаќа како „јакиот мафијаш“ и сака да го копира стилот на серијата во секојдневието (фактот што модни линии се направија инспирирани токму од серијава зборува нешто).

Зошто е Томас толку брилијантно изграден лик? Уште во почетната епизода Томас има еден интересен разговор со својот брат Артур кој му замерува за постапките, на што тој му вели: Јас мислам, за да не мислиш ти. Томас размислува стратешки, многу чекори понапред од останатите, а дури и кога тоа не му поаѓа од рака, умее да извади некој ас од ракавот. Но, серијата не дозволува секогаш да го гледате како крал, бидејќи реално во таа констелација и тој добива силни удари. Прогресијата е многу добро видлива низ сезоните: момчето со PTSD од долниот слој, станува врвен криминалец, а потоа и политичар. Има тука ми се чини една зајадливост, што е многу итро поставена.

Килијан е друго ниво на актер, а тоа ќе го согледате, ако гледате било кое интервју со него. Човекот е тотално отсутен на тие интервјуа, воопшто не ги сака во суштина и е една повлечена личност која не сака да има ништо со славата. Погледнете го потоа Томас Шелби и имате прилика да видите што значи да се биде актер. Промената во гласот, движењето на телото, тикови и гримаси, тој владее во сцените. И нема премногу текст, доволни се манирите и неколку зборови за да се пренесе моќта.

Имам неколку посебно омилени сцени, како што е токму првата во која оди на претскажување за да ги навлече другите да се обложуваат на одреден коњ, моментот кога буквално му го копаат гробот и немаш поим како ќе се спаси и соочувањето со Лука Чангрета (Адријан Броди, капа долу)

Несомнено, Стивен Најт има талент да препознае талент, но и да создаде приказна. Деталите во серијата го покажуваат тоа. Не верувам дека квалитетот на серијата ќе падне, тој има замисла до каде ќе тера овој лик и искрено едвај чекам да го видам тоа, а исто така и изведбата на Марфи секогаш ќе биде на ниво.

Оваа серија има и една друга многу силна страна, а тоа се одлично изградените женски ликови, во кои секако се истакнува Поли Греј. Таа дава така добра рамнотежа во нешто во што доминираат мажи, што не можете, а да не ја сакате. Тука се и Ејда и Лизи.

Топло им ја препорачувам серијава на сите, а особено не сум погрешила во една проценка, буквално на сите што ги знам што ја гледале Sons of Anarchy, им се допаѓа оваа серија. Ако раскажеш дејство, може некој првично ќе рече каква врска има моторџиска банда, со криминална група од Бирмингем? Но, има многу заеднички точки: од позицијата на анти-херој, потребата постојано да се биде лидер, иако е тешка задача, губењето на блиски личности како еден вид казна за животот што се води, танц со опасни личности итн. Има тука нешто :)
 
Прегледај го приврзокот 221822

Се согласувам во целост со твојов пост.
Сите можни интервјуа ги изгледав со Килиан и можам да кажам дека се малку во споредба со други актери. Баш барав за новион филм Ана било какво интервју со него и Саша ама не најдов.
Човеков е толку приземјен што дури ми е и чудно, ниту користи некоја социјална мрежа ни ништо.
Секоја чест сега сум на план да ги изгледам и другите филмови со него.
Сакав само да додадам дека според мене не постои друг што би можел да го долови Томас а тоа да не е Килиан, предобар избор.
 
nekako epten cudno zavrsi 5ta sezona sprema drugite.

se izgledase prelesno, se im bese sredeno isplanirano, i na kraj epten cudno zavrsi.

mislenja za krajot na 5ta sezona i kako bi prodolzila novata sezona?
 
Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...

Недела од 5 јули 2025

Back
На врв Bottom