Гимназија VS Стручно училиште

  • Креатор на темата Креатор на темата VaneStoilov
  • Време на започнување Време на започнување

VaneStoilov

Jaeger
Член од
6 јуни 2015
Мислења
98
Поени од реакции
13
Гимназија VS Стручно училиште

Што е подобро и зошто? :toe:
 
Зависи што те влечи.
Ако имаш желба за некоја професија оди си стручно.
Ако не си одлучен што да работиш во иднина одбери си гимназија.​
 
И ова ти текна денес да прашаш кога почнуваат уписите за средно?! Браво бе колку си благовремен...
 
Гимназија
Основните познавања за како работи светот и сфаќање на нештата околу тебе се добиваат само во гимназија (тоа од основно не е доволно). За концентрирање кон една наука го имаме факултетот.
inb4 како во гимназија се учат небитни работи, сиромашна земја сме, нема вработување и магистар да си, боље е да си завршиш струка во средно и да се вработиш хур дур
 
Стручно, оти се насочуваш на една насока и само за таа учиш. Шо не е исто кај гимназијата, таму учиш се и на крај сфаќаш дека незнаеш ништо. :icon_lol:
 
Ако планираш да идеш кај било на факс,запиши се во гимназија.
 
У гимназија одат девојките, значи ќе одиш во гимназија стопосто... знаеше и пред да ја отвараш темава...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Гимназија. Не си прајте филмови дека у осмо знаете што сакате да бидете.
А и да знаете. Пак гимназија. Затоа што човекот не е Коњ. И не е толку страшно ако научиш шо е атом.
 
Стручно средно е каде каде подобро од гимназија. Еден ден ако не завршиш факултет или ако со факултетот неможеш да најдеш работа, ти имаш сепак струка и тоа ќе ти помогне за да се вработиш. А со гимназијата ај да те видам вработи се.
:)
 
Стручно средно е каде каде подобро од гимназија. Еден ден ако не завршиш факултет или ако со факултетот неможеш да најдеш работа, ти имаш сепак струка и тоа ќе ти помогне за да се вработиш. А со гимназијата ај да те видам вработи се.
:)
А без партиска ај да те видам вработи се.
 
Јас суштината на гимназијата до ден денес ја немам разберено. Имаш:
  • Физика
  • Хемија
  • Биологија
  • Математика (со повеќе под видови во математички смер после трета година)
  • Социологија
  • Историја
  • Географија
  • Бизнис
  • Економија
  • Менаџмент
  • Вовед во правото
  • Логика
  • Филозофија
  • Уметност
  • Музика
и тоа се на едно место во четири години во зависност од смерот кој ќе го избереш во трета. Покрај тоа со англискиот јазик учиш задолжително четири години уште еден јазик, а во јазичниот смер после трета уште два јазици. Во мојата гимназија покрај англискиот се изучуваше и француски, а во јазичните смерови се изучуваше италјански и германски.
 
Да бидеме реални исти к*рац е се. Запиши се таму кај што е најтешко пошто на факултет ќе ти биде тродупло потешко.

Од знаењето многу малку ќе научиш уште помалку ќе разбереш, а најмалку ќе примениш во пракса. Луѓево имаат погрешна замисла дека средно и основно училиште се за едукација барем кај нас не се.

Единствено она од што ќе имаш корист е социјализација т.е пријатели и врски за понатаму и да си створиш работна навика. Ако бидеме реални никој не знае кај ќе заврши, познавам човек кој има две дипломи од кај нас државни факултети и работел што работел како помлад и после се решил такси да вози пошто тоа му правело мерак :confused::)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom