Мигрантите низ Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата GoD.HateUSaLL
  • Време на започнување Време на започнување

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Пошо ме мрзи да пишувам само ќе ви го пастирам текстот дословно:

http://bcove.me/uqk0o1p8 Изгледајте го видеово обавезно

Преку видео ви ја пренесуваме застрашувачката репортажа на британскиот тв Канал 4, која известува за организирана криминална група која оперира во Македонија и која секојдневно киднапира мигранти и ги држи како заробеници, барајќи им да платат откуп.

Соговорниците на телевизијата (бегалци од Сирија) кои биле држени во заробеништво успеале да ја снимат куќата во селото Ваксинце во општина Липково, како и да ја зачуваат локацијата преку ГПС на својот мобилен телефон. Нив им било побарано да платат по илјада евра за да ги пуштат.

784389349832.png

ГПС координатите на куќата

Телевизиската екипа успеала да ја пронајде куќата во Ваксинце, која ја посетиле, што се гледа од репортажата. Куќата е обезбедувана од повеќе чувари, а операцијата ја водел човек кој сите го знаеле како Алибаба, кој бил Авганистанец, но кој соработувал и со криминални групи во Македонија, и се фалел дека ја потплаќал и македонската полиција, па затоа никој не можел да им помогне на мигрантите.

– Можам да ве убијам и никој да не дознае. Или ќе платите, или ќе ве убијам – им се заканил тој на соговорниците на телевизијата.

674378348923-540x302.png

Куќата во Ваксинце каде се чуваат заробени киднапираните мигранти

Кога телевизиската екипа се приближи до куќата, од таму излегоа неколкумина кои велеа дека внатре нема мигранти, и дека треба да си заминат.

78548934903423-540x306.png

Киднапирани мигранти во дворот на куќата во Ваксинце

Мигрантите обвинуваат дека во операцијата се вмешани и луѓе од македонската полиција, граничари, како и луѓе од железницата.

78548943342.png

Фотографија од соба во куќата каде се чуваат заробените мигранти

Вообичаено, контактот со групата, мигрантите го остваруваат кога од Грција ќе влезат во Македонија. Тие барајќи луѓе кои ќе ги пренесат низ Македонија и ќе ги однесат до Србија, налетуваат на оваа криминална банда. Ветувајќи им дека ќе ги пренесат за одредена сума пари, тие ги заробуваат и ги носат во оваа куќа во Ваксинце.

Од телевизијата стапиле во контакт и со македонската полиција и им укажале за сознанијата до кои дошле. Добиле ветување дека ќе проверат за што се работи.
 
Нека не ја прошируваат веста кој ќе се објаснува по луѓе дека не киднапирам мигранти во слободно време.
 
Што не ги пуштаат луѓето да патуваат на легален начин, дали со воз, автобус, такси? И онака не ги спречуваат, тогаш зошто ги оставаат да се измачат со жени и деца по дождови или горештини.
Колку веќе беа прегазени од возови.
 
Сите земји кои граничат со Сирија - имаат обезбедено бегалски кампови каде на тие што спасиле жива глава од воените ужаси им се овозможуваат основни потреби, засолниште, безбедност, храна, лекарска нега.
Сириските бегалци не одат во тие кампови, туку патуваат преку Турциија (не им е убо таму) преку Грција (не им е убо таму), Македонија (не им е убо тука) , Србија (не им е убо таму) унгарија (не им е убо таму) германија (не им е убо таму), до Шведска кај шо им е убо.

Да спасиш своја глава и глава на сопствено семејство па после да си ризикуваш живот свој и на своите најблиски на 5000 километри илегален несигурен пат по туѓи земји за да оди на печалба е претерано.
 
Малку останаа од оние нецивилизирани шонтари. Во видеово се туто комплето.
Образованите шонтари не верувам ова да го напраат.
 
Ќе биде јако кога цела Европа ќе се пренасели со муслимани и кога ќе почнат да дигаат во воздух се живо и диво.
 
Channel 4 пишува дека жителите на Ваксинце се уморни од ваквите случувања.
Што значи дека не е логично полицијата да не знаела до сега што се случува таму. Очекувам некоја ``фамозна`` акција деновиве со апсења и такви ствари.
 
Па ако го виде видеото, едниот кажува дека Полицијата е вмешана и во соработка со киднаперите.
 
Па ако го виде видеото, едниот кажува дека Полицијата е вмешана и во соработка со киднаперите.
Па да де, затоа и немаше ништо досега од нивна страна, сеа откако се расшири веста ќе испадне дека не се вмешани, туку спремале организирана акција бла бла и знаеме како иде приказната натаму...
 
Па да де, затоа и немаше ништо досега од нивна страна, сеа откако се расшири веста ќе испадне дека не се вмешани, туку спремале организирана акција бла бла и знаеме како иде приказната натаму...

Тоа најголемите апаши во Собрание не ги апсат, не па овие... :)
Ќе најдат некои дечишта со така по пуничко досие ќе ги пикнат зад решетки и завршена работа.
Ко што e случајот Монструм.
 
Сите земји кои граничат со Сирија - имаат обезбедено бегалски кампови каде на тие што спасиле жива глава од воените ужаси им се овозможуваат основни потреби, засолниште, безбедност, храна, лекарска нега.
Сириските бегалци не одат во тие кампови, туку патуваат преку Турциија (не им е убо таму) преку Грција (не им е убо таму), Македонија (не им е убо тука) , Србија (не им е убо таму) унгарија (не им е убо таму) германија (не им е убо таму), до Шведска кај шо им е убо.

Да спасиш своја глава и глава на сопствено семејство па после да си ризикуваш живот свој и на своите најблиски на 5000 километри илегален несигурен пат по туѓи земји за да оди на печалба е претерано.
Смрт за сите што не сакаат да живеат во бегалски кампови! :)
 
Смрт за сите што не сакаат да живеат во бегалски кампови! :)
Не е баш така али самите си земаат ризик да од ко избегаа од војната, сега “бегаат“ преку 7 држави во која нема војни за да стигнат во онаа во која има убави плати.
 
Што не ги пуштаат луѓето да патуваат на легален начин, дали со воз, автобус, такси? И онака не ги спречуваат, тогаш зошто ги оставаат да се измачат со жени и деца по дождови или горештини.
Колку веќе беа прегазени од возови.
Бидејќи за да се движи слободно низ територијата на РМ треба да влезе на легален начин, на некој од премините. Со други зборови треба легално да излезе од Грција за да може да влезе во Македонија. Поголеми шанси имаат да добијат Еуро Лото.
Другата варијанта е државата да ја признаае состојбата и да "помага" во транзитот на мигрантите.Ова ќе потегне неколку европски фондови да инвестираат во програми за задржување на истите во РМ или бар ограничување на нивното движење.Со други зборови прифаќање на мигрантите,правење бегалски кампови во РМ и гледан ни е тој филм.
За сега статус кво ни е најдобра опција.[DOUBLEPOST=1433662322][/DOUBLEPOST]
Не е баш така али самите си земаат ризик да од ко избегаа од војната, сега “бегаат“ преку 7 држави во која нема војни за да стигнат во онаа во која има убави плати.
Лет, бегаат каде што има мир и каде што имаат можност за некаков си просперитет. Кажи ми, што ќе работат во бегалски камп? Во Турција? Во златнава наша државичка? Нашите луѓе каде бегаат? И ние бегаме на север, не кењај без везе и ти.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom