Омилен лик од книга?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Да го размрдаме малку подзаспаниот подфорум. :)
Кој е вашиот омилен лик од книгите кои ги имате прочитано?
Зошто токму тој?
Дали е главниот лик или некој спореден лик? Некогаш токму споредните ликови можат да направат голема разлика во книгите и приказните во нив.
Дали е позитивен или негативен лик?

Постови само со лик, без именувана книга и причина зошто е омилен, ќе бидат бришени. :)
 
1.Нестерка од „Сказни за Нестерка “ од Георги Марчук
2. Затоа што секогаш има едноставно решение за сложените проблеми .
3.Нестерка е главен лик.
4.Гледано од страна на читателот е позитивен лик - за негативиците сигурно не е позитивен :ROFLMAO:
500610.jpg
 
1. Доста Рожденката од ,,Крпен живот" од Стале Попов
Таа е еден од главните ликови во книгата кој е многу посовремен од луѓето кои живеат во селото Мариово. Таа им носи нови јадења, облека и начин на однесување во селото и од ништо прави нешто. Си оформува семејство, го скрпува некако животот и живее убаво.

2. Пајакот Климентина од ,,Пајажината на Климентина"
Книгава ја читав пред којзнае колку време, кога бев основно. Уште од тогаш ми остави добар впечаток, а омилен лик ми беше и ми остана пајакот Климентина која дели совети помеѓу животните.

:)
 
Хенри Чајнески (Хенк) од „Жени“ - Чарлс Буковски.
Ми се допаѓа неговата прагматичност и начинот на којшто го доживува светот. Навраќајќи се ретроспективно и повикувајќи ги неговите мемории, покажува конкретност и прецизност при опишување на специфичните случки, а истовремено и сувопарна искреност за тоа како тој лично ги доживува истите. Реконструкцијата на тоа што го раскажува се најважните аспекти од меморијата, клучните настани, а притоа неприметно проткајувајќи ги и неговите чувства, индиректно ги протнува низ мала врата.
Во неговиот опис, се забележува искуство, искуство коешто не е пријатно иако поучно и преточено во гаден нихилизам. Ништо не го изненадува, нема волја да објаснува, а уште помалку идеалистички да пристапува на работите. Во тие наједноставни реченици, се провлекуваат фурни леб препечени на оган којшто оставил доживотни лузни и алкохолизам зад себе.
 
Шерлок од Авантурите кои ги чкрапна Конан Дојл.

Ми се допаѓа начинот на кој дејствува ликот. Ми се допаѓа начинот на кој ги резонира и осмислува работите, пристапот на проблемите и слатка ми е онаа мала ароганција која ја има кон останатите, со одредена доза на себебендисаност. Големото познавање од сите области кое во голем дел се граничи со неможноста човечкиот ум истото да го дофати е причина плус да овој лик ми биде посимпатичен и посимпатичен. Скоро на сите нас ни е познат, така да нема да должам долго објаснување.

Отецот Тихон во Демони од Достоевски

Имаше таму на некоја страна доста интересен разговор меѓу Тихон и Ставрогин. И двајцата некако ми е запомнето дека разговараат отворено, секој низ своја призма и видување. Тихон беше доста стабилен и смирен, во ниту еден момент не го нападна, туку го сослуша максимално со внимание, па дури и му кажа квалитетни поуки секако низ неговото согледување на светот. Знам дека откако го прочитав тој дел, се навратив неколку пати да го препрочитам, иако продолжував со книгата напред.
 
Ликот-протагонист од Неименливото на Семјуел Бекет. Романот нема сиже, ликови, индиции, јадра итн. Еден единствен лик, заглавен во својот монотон песимизам и цинизам. Не знам дали се познавале, меѓутоа имам чувство дека Селин и Бекет би биле мнооогу добри другари.

Хуан Пабло Кастел од романот Тунел на Ернесто Сабато. Егзистенцијалистичка класика. Во прилог, еден цитат од романот.

Би ги навел и словенечките романи (тешко дека некој ќе го интересира...) Десеттиот брат (Deseti brat) од Јосип Јурчич и Височка хроника (Visoška kronika) од Иван Тавчар. Мартин Спак лик од Десеттиот Брат и Поликрап лик од романот Височка Хроника. Крајно необични, мрачни ликови. И двата романи припаѓаат на стилската формација -- реализам.

*Повеќе се работи за моментално расположение, ништо од ова не е set in stone.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom