Екстерно тестирање 2014-15

  • Креатор на темата Креатор на темата Толстој
  • Време на започнување Време на започнување
Некој имал цела година тројка а за три дена ги научил,препишувал или му поткажвале па добил петка.
Во ред ли е тоа.
И зошто де не се казни професор?
Лошо го постави прашањето, треба да прашаш Зошто да СЕ казни професорот. Не се глупирај на темата,си ја покажуваш интелигенцијата.
 
Малку надвор од темата, ама и тоа како треба да се удри по некои професори, ем ништо незнаат и се глупираат на часовите, ем земаат плата, а надвор од училиштето можеби има спремен професор кој не е вработен. ЈАс мислам дека треба малку и да се средат некои професори.
 
Како еден наставник по етика,физика и хемија кој на час ништо не работи,децата ги тера сами да предаваат и учат лекциите.
 
Малку надвор од темата, ама и тоа како треба да се удри по некои професори, ем ништо незнаат и се глупираат на часовите, ем земаат плата, а надвор од училиштето можеби има спремен професор кој не е вработен. ЈАс мислам дека треба малку и да се средат некои професори.
A што тие имаат врска со екстерното? Нивна единствена врска е нивната партија. Секој од нас имал таков професор. Имав професорка што уште не и го знам ракописот и гласот.
 
Прво предметот етика! Глупост. Што ќе ти е предмет етика кога во средните стручни училишта еден предмет цела учебна година се посветува на етиката т.е. моралот и деловната етика? Која глупост е тоа. За мене етичниот кодекс е еден, за тебе е друг од простата причина што тој не е пишан. И етичките норми кои се во согласност со законите можат лесно да се променат со доаѓањето на новите генерации (и политички партии на власт) што значи дека или материјалот треба да варира, или се' генерално да се гледа од денешен кон историски аспект, како на пример во колосеумот било нормално да се убие, а денес не е. Етиката како предмет е тотална утка. Да не зборам за материјалот затоа што учебникот ми паднал во рака.

И секој предмет си има своја тежина. Како на пр. физично каде претежно е битна опремата и физичката активност на ученикот и една еве физика каде се застапени различни скали на оценување, различен материјал по тежина, како и учење формули решавање задачи и нормално теорија. Која е логиката ти да го наградиш професорот по физичко само затоа што водел портфолио, а да го казниш оној по физика затоа што има отскапување од оценката? Па и еден паралелен пример. И на тестовите за интелигенција кои каде- каде се потешки од овие, учениците т.е. испитаниците се подложни на неколку различни теста (со заокружување, да напоменам). Причините се внатрешните и надворешните пречки, пред се. Така да заеби концепција каде за 1 час, со 30 прашања со препознавање, и со претходно дадени прашања и со самото тоа и одговори ќе наградиш или казниш професор. Што ако не е до професорот? Што ако тој одлично предавал, но во однос на својот колега кој исто така одлично предавал има потежок материјал? Не смее да се заме во предвид само оценката туку со зачестени инспекции кои ќе ја контролираат работата на наставникот (но не само административната) ќе се добие некаков успех во тој поглед.

Јас мислам дека не си во право. Не знам за тие твои неуспешни експерименти, но ако се учи од грешките, денес треба да се применат решенија кои навистина ќе бидат лек за овие проблеми кои го тресат и уништуваат образовниот систем и образовниот профил. :)
 
A што тие имаат врска со екстерното? Нивна единствена врска е нивната партија. Секој од нас имал таков професор. Имав професорка што уште не и го знам ракописот и гласот.
Немаат никаква врска. Само велам дека треба да се удри и по професорите, не само да ги жалиме ќе ги казнеле.. И тоа какви одвратни професори ги има... Ај да е еден во ред, ама не е еден.
 
Немаат никаква врска. Само велам дека треба да се удри и по професорите, не само да ги жалиме ќе ги казнеле.. И тоа какви одвратни професори ги има... Ај да е еден во ред, ама не е еден.
Треба инспекции на сред час да упаѓаат и така ќе гледат каква е атмосферата која ја наметнува професорот. Екстерното не е никакво решение.
 
Ima nekoj sredno medicinsko treta godina opst smer? :)
 
Треба инспекции на сред час да упаѓаат и така ќе гледат каква е атмосферата која ја наметнува професорот. Екстерното не е никакво решение.
Значи професорите не треба ниту да знаат дека ќе има инспектори. Секогаш кога има инспектори пеофесорите велат:
"Деца бидете мирни им инспектори"-и секогаш атмосферата е лажна.
 
Ок, и што ако еден професор биде 2 пати казнет. Еднаш поради екстерното, а вториот пат нешто административно. Знаеш ли дека екс министерот Спиро рече дека тие ќе водат само еден дневник- електронскиот? Уште една лага?!
 
Колку што сум информиран, софтверот за е-дневник не е сеуште стабилен, па професорите сепак мораат уште да го користат обичниот дневник.
Ама јас не зборувам за тоа, има професори кои да речам комплекси си лечат со нас, на таквите мислам, оние професори кои се инаетчии и се расправаат за банални работи, професори кои скоро сите ученици ги мразат. Мислам ме разбираш :D Не навлегувам во нивната административна работа.
 
Значи се сложуваме дека во системот има и нестабилни и недовршени проекти кои се ставени во функција?
Јас јасно те разбирам, но мојот став овде треба да ги изрази сите недостатоци и аномалии на овој систем. ;)
 
За ова ја отворив темава, ама пак иста прича, отварање милион теми уше сеа. Замислете како ќе е у јуни..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom