Скопје Филм Фестивал

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување
Како бе нема (n) (n) Значи ќе се гледа по фестивалот :гомце:

Еј а да не знаете дали Џган ќе продолжи бар уште некоја недела по СФФ, го пропуштив :place:
И јас го пропуштив, но до среда е сигурно на репертоар, зашто во среда се менува програмата, па ќе гледам до среда да го ѕирнам.
 
И јас го пропуштив, но до среда е сигурно на репертоар, зашто во среда се менува програмата, па ќе гледам до среда да го ѕирнам.
Во Синеплекс игра уште мислам. :D
А за Лазар ако го гледам, ќе ви кажам дали е добар. :boksix:
 
Последно уредено:
Интересно филмче испадна Сен Амур. Роуд-трип, со подвижна камера ко со нив да си во филмот. Добар хумор. Депардје и белгијанецот со чкљ презиме одлични. Жули од Revenants исто интересен лик имаше.
П.С. И Луси имаше камео од Revenants. А и Кјара Мастројани и писателов Уелбек кој не ги ни препознав.
 
Никој ништо не изгледа или да? :noze:
Јас сум зафатен со факултетот и проекти триста, презентации едно др и немам баш време. Се надевам бар некој ќе изгледам до четврток.

Иначе, El Clan, Where to Invade Next веќе ги има по торентите, треба уште некој да проверам.
 
За овие 4 дена еве што беше на репертоар кај мене.
Saint-Amour (2015) кажав и` погоре интересно филмче.

Son of Saul (2015) - добар, али не ме допре. Јбг, а филм за холокауст ако не те допре, ебате филмот. Тој некој touch ми фалеше низ цел филм и затоа 4/5, а не 5/5.

Belgica (2016) - овој изненадувачки ептен ми се свиѓаше. Посебно музиката. 4/5

Men and chicken (2015) - смешно-чуден филм. Микелсен прејак. :D 3,5/5

El clan (2015) - аргентинците се мајстори за филм. Добар и овој 3.5/5

Лазар (2015) - наш Лазе малце ме разочара. Можда пошто имав очекувања. У глобала добра камера, фотографија, боја, локациите (Штип на моменти изгледаше ко Ница или некој друг град од Азурната обала, на моменти ко Рим, Венеција со сокачињата.:D). Добра глума од Наташа Петровиќ, Дејан Лилиќ, Хрватов Горан Навојец (човекот стварно се потрудил да го фати акцентот македонски и звучеше доста природно). Ведран Живолиќ ака Лазар ми беше блед, посебно ме нервираше кога збореше. Ако немаше англиски превод, пола немаше да го разберам. И нек им каже некој на странциве дека нашето Л е тврдо, а не лигаво како нивното. :D И ко скоро секој филм понекоја дупка у сценарио. Али у глобала океј. 3/5.
 
Нешто за годинава има најави за програмата или?

...све мислам имав читано нешто во некоја тема...ама очигледно нe била оваа..
 
Засега објавија дека ќе има ретроспектива на Стенли Кјубрик. :D

Рано е за програмите, таму 15ти ваљда ќе објават програма, на 5 дена пред фестивал.
 
Засега објавија дека ќе има ретроспектива на Стенли Кјубрик. :D

Рано е за програмите, таму 15ти ваљда ќе објават програма, на 5 дена пред фестивал.
Видов лани така било пар дена пред старт, али мислев филм два да не има најава :D

Ете дознав за Кјубрик од тебе иначе немаше да знам (y)
 
Еве ја и првата новост:
„Ах, љубов моја“ - најновиот филм на Коле Ангеловски ќе има премиера на СФФ на 21 април, а по фестивалот ќе го пуштат во кино. :)
 
Реквием за госпоѓа Ј ќе го отвори фестивалот.

Српско - македонска копродукција што премиерно ја прикажаа на Берлинале, лапна таму некаква награда и за два месеци прошета доста фестивали.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom