Осигурување на имот

  • Креатор на темата Креатор на темата dastan
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.129
Поени од реакции
1.291
Ајде да поразговараме малку за осигурувањето на имот ( во мојот случај стан од 50-сетина м2 кој сакам да го осигурам во догледен период месец до два максимум) дали е добра инвестиција, искуства, покритија од штета, која компанија да се одбере според Вас.... и се што може да ви падне на памет за оваа проблематика.

Моето мислење е дека е добро да се има некаква сигурност (каква и да е) а јас сум заинтересиран конкретно за следново осигурување ДОМИ КОМПЛЕТ КОМФОР
која нуди солидна заштита од следни ризици :
Пожар, Гром, Експлозија, Луња и град, Излевање на вода од инсталации, Провална кражба и разбојништво, Паѓање на летала, Манифестации и демонстрации, Одговорност кон трети лица, Трошоци за нужно сместување, Земјотрес, Стакло од кршење, Трошоци за нови документи, Трошоци за нови клучеви, Осигурување на членови на домаќинство, Патничко осигурување.

http://www.eurolink.com.mk/proizvodi_detail.asp?prID=55&mID=1&pID=1
(не ја рекламирам компанијата а може во зависност од дискусијата да се одлучам и за друга).




Од ова што го читам се е во ред но ме бунат оние некои правила за кои се прогласуваат дека нема да исплатат штета како на пример што е во ред да не исплатат премија ако јас ја оставам славината отворена и поради тоа дојде до полплавување мое или на соседот подмене, ама ако пукне цевка поради дотрајаност како може некој да знае дали му е дотрајана инсталацијата кога е под плочките или во случај на спор дали имало луња или не огигуреникот е должен во случај на спор да докаже дали било луња или не да обезбеди доказ дека ветерот дувал со брзина над пр.62 км на час и такви некои слични нелогичности.
 
Пред да се одлучиш за било што има опција на страницата на национално биро за осигурување на следниот линк http://www.nibm.com.mk/NBO.nsf/ZaClenki_Izveshtai.xsp да провериш која компанија како е со исплата на штети и сл.
Исто така задолжително читање на условите. Можеш да отидеш во било која компанија и да им кажеш дека си заинтересиран за осигурување на имот и ќе ти дадат понуди + услови. Можеш нешто да исклучиш или да додадеш во пакетот. Битно е да го читаш текстот со мали букви. :) Таму лежи зајакот.
 
значи мене не ми е тешко да прочитам се, тешко ми е што јас како обичен граѓанин кој нема пошироко познавање на стручните тремини од областа на осигурувањето ќе ги разберам тие поими и како јас ќе ги сватам а како утре истите ќе се применуваат.
Баш поради тоа сметав ако се отвореше поширока дискусија за различни видови на продукти и компании како и искуство во исплата на штети од реално оштетени грааѓани ќе беше многу корисна работа како за мене така и за секој останат кој ќе му се јавеше ваква потреба во иднина но и тука се повтори статистиката дека многу малку домови се осигурани (а и тие што се, се осигурани на минимален - банкарско осигурување поради хипотека на имот во корист на банката т.с само градежниот дел)
 
Сега е актуелно Осигурување од земјотрес, но нашите компании бегаат од тоа како од шуга... незнам како банките кој даваат хипотекарни кредити не ја осигуруваат недвижнината од земјотрес ??
 
не бегаат во некои е вклучено во основната полиса а во некои треба да се доплати екстра, јас еве веќе фтора година сум осигуран во винер со премиум плус полиса и еве кои покритија ги има


Пакетот ПРЕМИУМ е најкомплетниот пакет за вашиот дом и стварите во него. За мошне фер цена овој пакет ве штити од сите ризици кои можат да Ви нанесат надоместливи материјални загуби.

  • пожар
  • експлозија
  • удар од гром
  • град
  • луња
  • манифестации и демонстрации
  • земјотрес
  • кражба
  • паѓање на летала
  • излевање од инсталации
  • поплава
  • штети кон соседи
  • нужно сместување
штета сум немал фалабогу и незнам какви се за исплата при осигурен случај ама понудава од кај нив ми е ОК.

п.с ова со осигурувањево од земјотрес ми е некако чудно ако ми падне зградава врз глава и загинеме кој ќе ја активира и наплати полисата :popce: ???
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom