Политички случувања во САД: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Ако биди Хилари vs Буш, тогаш републиканец ќе биде следниот претседател.

Само јас сеуште мислам дека нема да биди номинираа Хилари за претседателски кандидат на демократите.
 
Мислам дека може да промени нешто, пред се е успешен бизнисмен и е многу добар во вложувањето и инвестициите како намалувањето на трошоци кои се повеќе од потребни на САД. Последниве неколку години е голем критичар на Обама и критиките му се издржани така да мислам дека кај републиканците ќе биде многу неизвесно, пред се е миленик на публиката и во дебати е многу добар, нема трема така да ќе биде интересен период:)
 
Доналд Трамп нема потенцијал за да биде претседател ни на куќен совет, а камо ли па на држава.

Типот е малку премногу богат, а истовремено не е баш некој филантроп, ниту па хуманитарец за да остави некаков позитивен впечаток кај сиромашната и средната класа.

Трамп веќе најави дека ќе се кандидира како независен кандидат, што повеќе од доволно говори дека ќе се стави себеси меѓу два огна - и демократите и републиканците ќе маваат по него со дрва и со камења, па дури и со измет ако треба, само за да го спречат неговиот избор.

Секако дека ќе го прикажат како големиот богаташ кој профитира врз маките на американските работници, си тера бизниси надвор од САД, а дома во САД се прави патриот, ќе го срамнат со земја, тоа е повеќе од јасно.

А токму бидејќи е богаташ, држи вода теоријата дека можеби ќе профитира на дебело од својата изборна кампања, за да се откаже од изборната трка во 5 до 12 во корист на некој од преостанатите 2 кандидата од редовите на Републиканската или Демократската партија.

Заклучок:

Доналд Трамп никогаш нема да биде претседател на САД - освен ако веќе направил или допрва ќе прави некаков договор со политичките и деловните моќници во САД, како што прават сите кандидати за претседателската фотеља во Белата Куќа на авенија Пенсилванија број 1600 во Вашингтон - главниот град на САД, а доколку направил или допрва ќе прави таков договор, нема да биде ништо поинаков од сите досегашни претседатели на САД, а можеби ќе биде бетер и од Барак Хусеин Обама.
 
Не сум ја прочитал таа информација дека ќе биде независен кандидат, можеби се смениле работите, а за тоа што се скржав и не е хуманитарец тоа е точно од друга страна човекот си ги цени парите тие се тешко заработени, но сум сигурен дека ќе биде подобар од предходниците Буш и Обама во сите сегменти да бидеме искрени со Обама САД го допре дното.

И покрај се јас сум за Доналд Трамп мислам дека ќе донесе нешто ново во политиката.
 
:icon_lol:
Доналд Трамп бе. Wanna be celebrity Доналд Трамп. Погледни веќе колку лапсуси има, а тек ја почна кампањата. Освен за публицитет не знам што би барал во тркава.
 
И јас го мислам истото.

Типот е заинтересиран само за публицитет.
 
Има публицитет и повеќе од доволно, не го бранам туку сакам да видам што ќе направи, особено на темите на кои го критикува Обама.
 
Немам еден асален републиканец досега видено. Особено не тед круз
 
Леле овие БУш не можам да ги смислам.Клинтонци исто.

Кој и да биде нека биде,ама само да не еод овие две фамилии.
 
Кој и да дојде на власт од Републиканците и Демократите се е џабе.
Америка ќе продолжи да тоне во банкрот,а згора на се,ќе продолжи да јаде гомна по светот.
И двете партии се тешки пиони на банкарите,така да исто им се фаќа на обичниот народ.
 
Немам еден асален републиканец досега видено. Особено не тед круз
Мене Рубио ми остави впечаток. Млад е, интелигентен, интересен. Ма да, според моите лични уверувања највеќе (во поголем дел, не за се) се сложувам со Ренд Пол.
Мислам дека може да промени нешто, пред се е успешен бизнисмен и е многу добар во вложувањето и инвестициите како намалувањето на трошоци кои се повеќе од потребни на САД. Последниве неколку години е голем критичар на Обама и критиките му се издржани така да мислам дека кај републиканците ќе биде многу неизвесно, пред се е миленик на публиката и во дебати е многу добар, нема трема така да ќе биде интересен период:)
Успешен бизнисмен не значи и добар политичар. Далеку од тоа. Делува вака на прв поглед слично, ама врска немаат едно со друго.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom