Која книга би сакале да ја видите како филм/серија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
„Малиот принц“. Идално за анимација. Одамна ми е желбава, а годинава најверојатно и ќе биде реализирана. Според трејлерот изгледа одлично.

И анимирани ги има преку 20
 
Силмарилион - HBO мини серија во 20 сезони. :)
 
1Q84 од Мураками. Ваљда у форма на мини серија.
Ми текна баш на истото.
И одма си ја замислив оваа од Мемоарите на една гејша во улога на Аомаме. Онака од поглед и се гледа на сликава дека ако и се приближиш со еден потег и два прста ќе те реше :icon_lol:

Ама шала на страна, јас не би сакала да видам екранизирана книга од Мураками. Јас какви светови сум си создавала кога сум го читала него, таа емоција никаков филм не би ја доловил. Од некој таков обид мене веројатно само саундтракот би ми се допаднал со сигурност... So, I'd rather watch my imagination than disappointed with the movie :D
 
At the Mountains of Madness

Би излегло некое интересно хорор срање. Има постојано тмурна атмосфера, нешто налик меѓу Прометеус и The Thing би била. Нормален филм од час и половина, без многу потење пошто е новела. Со исклучиво добра нарација, со некој груб, крцкав глас. Може Шерлок на пример, како варијанта.
 
@џимеј Кога сме веќе кај Хенри Милер ја би сакал да видам екранизација на Опус Писторум. Пееси нијанси сиво и остали може вода да носат на ова. Кастинг ќе ми треба дополнително да размислам, бујна машта ради свашста :D
 
Дефинитивно сите раскази и лектири што не тераа да ги читаме до 4то одделение. „Орхан и Кифлата“ кое филмиште може да е тоа :vozbud:
 
Крпен живот од Стале Попов би бил добар како филм. Доволно е добра целата таа приказна за да се преточи во еден филм. Ем филмот ќе биде Македонски, ем ќе збори за обичаите и начинот на живот во еден дел од Македонија.

Пајажината на Климентина од Елвин Б. Вајт би била одличен анимиран филм, нешто во стилот на Чикн Ран (Chicken Run). Интересно би било за сите возрасти.

:)
 
1984. По оваа книга веќе има филм, ама тој е стар, би сакак да видам нова модерна верзија на ова ремек дело, режијата веројатно би била од Полански, а главна машка улога Адријан Броди :)
 
Darth Bane трилогијата од Drew Karpyshyn. Е тоа би биле Star Wars филмишта.

+ 1 за серија Силмарилион
 
Крпен живот од Стале Попов би бил добар како филм. Доволно е добра целата таа приказна за да се преточи во еден филм. Ем филмот ќе биде Македонски, ем ќе збори за обичаите и начинот на живот во еден дел од Македонија.

Пајажината на Климентина од Елвин Б. Вајт би била одличен анимиран филм, нешто во стилот на Чикн Ран (Chicken Run). Интересно би било за сите возрасти.

:)
За вториот веќе има неколку анимирани и еден филм искочен пред 8-9 години искочен.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom