Која книга би сакале да ја видите како филм/серија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Љубителите на книги најчесто се најкритички настроени кога една книга ќе биде екранизирана и направена како филм, но сепак сведоци сме на многу добри екранизации во минатото. Секако многу зависи од тоа како режисерот се решил да ја води приказната и дали вашата и неговата перцепција се поклопуваат, па врз основа на тоа ќе ви се допадне или нема да ви се допадне.

Секако влијаат и други работи, глумата, музиката, сценографијата... целиот комплет.

Која книга би сакале да ја видите на екраните, без разлика на тоа дали се однесува на игран филм или можеби серија?

Зошто токму таа книга? Кој режисер според вас би можел успешно да го изведе тој проект? Или на пример кои глумци/глумици мислите дека одлично би се снашле со некој лик од книга, според вашето искуство?

Темава можеше да оди и во филм, но ја отворив во литература чисто малку да го продрмаме подфорумот кој е малку заспан. :)

Без одговори како: Ниту една... не е тоа поентата на темата. :)
 
Алхемичарот од Коељо, требаше да се прави филм, ама уште нема ништо.
 
Алхемичарот од Коељо, требаше да се прави филм, ама уште нема ништо.

Зарем „ 50 нијанси на сиво“ не е доволен доказ дека глупи книги не треба да добијат филмски адаптации.
 
Зарем „ 50 нијанси на сиво“ не е доволен доказ дека глупи книги не треба да добијат филмски адаптации.

Греота е 50 нијанси на сиво и Алхемичарот да ги споредуваш:pipi:
 
Греота е 50 нијанси на сиво и Алхемичарот да ги споредуваш:pipi:
Па пеесе врсти не сум ја читал, ама на толку фама и зборување исто ко да сум ја читал и сигурен сум оти Алхемичарот е на посебно ниво на идиотизам. Не може 50 нијанси ни одблиску да се спореди со тие глупости изнатраскани во неа.

онтопик: серијалот Jack Ryan Jr. од Tom Clancy
 
Обично се адаптираат книги кои имаат некакво дејствие во нив, ко книгите на Ден Браун и слично, или британските мелодрами од 19 век. Не сум видел многу филмови кои успешно пренеле некаква замисла од книга, обично го сквернават делото. Единствен филм што за мене е подобар од книгата е Пеколен Портокал. Бар во моментов можам да само на него да се сетам, може има и други...

Пред да пишам случајно проверив и имало филм за книгата која сакав да ја пишам. Не знам дали е добар, ама јас ете би ја адаптирал. Се работи за Раковиот напоредник од Хенри Милер.
Ќе биде во некоја надреална атмосфера, во стилот на Луис Буњуел и филмот кога ликовите нема да можат да излезат од ресторанот, сите ликови во филмот ќе бидат налудничави и ексцентрични како во филмот Wild at Heart на Линч. Тука во пакет доаѓа Вилем Дефо како некој спореден лик. Ќе ја има и Лора Дерн, мора да ја има, измислена е за Раковиот напоредник.
Филмот ќе има и една симболична сатирична нота, но воглавно ќе биде мрачен и тежок. Хуморот, ако некој го доживее како таков, ќе биде во втор план, меѓу редови.
Ликовите ќе бидат прикажани како да се во некој циркуз на Федерико Фелини, а ќе биде сниман по некој европски терк, нешто слично меѓу стилот на Бела Тар.
Ќе ги има боите на Кишловски и ете ти филм.

Не сум одлучил уште кој да го глуми Хенри Милер, ама ете ми текнува на Никола Ристановски. Тој би ги покажал моралните дилеми на ликот. А ако сменам мислење и се одлучам да го направам ликот на Хенри Милер малку покревок, всушност ако го направам да изгледа како уфрлен во тој општествен хаос и безизлез, би го чекирал Џозеф Фајнс. Ќе делува малку симпатично и ќе биде единствен реален лик во приказната.
 
Некое време размислувам како ,,Скандалите на Кроум" (Crome Yellow) од Хаксли би била пресликана на филмско платно.

Субјективен ќе бидам, бидејќи имам неколку глумци кои би ги ставил во секоја улога, секогаш, но што да се прави.

Кроум - некое велшко или ирско село. Се снима во доцна пролет, се е зелено, се е расцутено, се е живо. На ридот надвиснува селската црква, а два километри од неа, езерце. Мало, убаво, околу него по некој заљубен пар, лежи во прегратки на тревата и живее.
Куќата во која се одвива дејствието е огромна, убава однадвор за некое друго, минато време, кичеста и премногу помпезна за денес.

Денис - Нортон или Пит. Пит или Нортон. Ќе речам Нортон, а на Пит ќе му најдам друг лик. Главниот протагонист. Повлечен, срамежлив, мудар, романтичар. Нортон во секој филм скоро е со слични или исти карактеристики.
Ќе зборува малку, тивко, по малку и мистично.

Господин Скоуган - Метју Меконахи. Шминка, обелена коса, може и кафеав бастун. Наочари со големи стакла. Многу би сакал Метју да зборува за рационалната држава во името на Скоуган, за новите идни генерации. Би сакал да видам како постојано трага по разговори, како го демне Нортон и како се снаоѓа во улогата на духовен вампир.

Господин Вимбуш - ако зборуваме за работи кои никогаш нема да се случат, Мето Јованоски. Ако не сака режисерот античките да се мешаат во манџа, тогаш Морган Фримен.
Сопственикот на куќата, вљубеник во Кроум и неговата историја. Гласот на Фримен кога би раскажувал за архитектот на куќата во која тој живее, ех. Или дедо Мето, со лош и рапав англиски.

Мери - Џенифер Лоренс. Ја замислувам како слатка, буцкаста девојка, остроумна, на средина од патот. Репресирана од помислата на сексот и репродукцијата. Хм, не гарантирам дека би била Лоренс добра, но експериментирам. Кајгана е.

Нафрлав неколку ликови кои читајќи ги замислував филмско платно прикажани од овие актери.

Долги разговори, долги кадри. Темелна разработка на ликовите, нивните разговори и односи во куќата, целосно разголување на умот. Сето ова пропратено со музиката на Цепелин.
Режисер, Тарантино, поради долгите дијалози пред се. Или Финчер, поради Нортон де.
 
Последно уредено:
Мислам дека SF книгите досега се најдобро адаптирани на филмовите. Ќе набројам неколку филмови што мислам дека го потврдуваат исказот: The Invisible Man (1933) работен според новелата на Херберт Џ. Велс, Solaris (1972) снимен според новелата на Станислав Лем, 2001: A Space Odyssey (1968) според расказот на Артур Кларк, Slaughterhouse-Five (1972) според романот на Курт Вонегат итн.

Според мене, The Light of Other Days (на македонски јазик насловот е преведен како -- Светлината на другите дни) новелата на Артур Кларк има потенцијал за врвно филмско достигнување. Идејата што се обработува во книгата е мошне интересна (можност за гледање низ времето), ама не верувам дека има режисер што може добро да ја стокми работата. Ако го режира било кој од холивудските режисери, како Џејмс Камерон, Спилберг или Кристофер Нолан, филмот ќе испадне "interchangeable checklist of cliches", така што таа опција отпаѓа. Жан-Лик Годар има 200 години, Дејвид Кроненберг не е добра опција, мислам дека истото би важело и за Дејвид Линч во случајов. Ќе беше супер да можеше некако да воскреснат некој помеѓу Кјубрик и Фриц Ланг.
 
The Game - Neil Strauss
Интересни ситуации има, би сакал да ги видам онака посликовито у филм.
 
Бамбила од другиот свет - Михо Атанасовски. Ако книгава се екранизира, ќе биде многу добар sci-fi филм. Кој ја читал, знае за што зборам.
 
Екранизирањето книжевни дела е процес чии резултати често се зафркната работа. Обично е така. Ама не е мал ни бројот филмови и серии што се мајсторски направени, добри исто колку и книгите, а некогаш и подобри. Извесен период читам жанровска литература, па такви ми се и желбите.

Алеф од Борхес. Од расказов може да се направи интересен филм. Би го сакал Линч зад камерите.
Неколку раскази од потценетиот Лавкрафт - можеби цела серија според нив. Можеби Г. Дел Торо?
Јуда Искариотски на Андреев. Забеган лик како Мел Гибсон би можел одлично и да го одглуми Јуда и да го режира филмот, посебно ако се игнорира фактот дека е католички фанатик.
Американските богови (серијата е откажана) и Книга за гробиштата на Нил Гејмен.
Амберските хроники и Господарот на светлината на Зелазни.
Никогаш нема да ја прежалам Дина на А. Ходоровски (Салвадор Дали, Орсон Велс, плус H. R. Giger и Пинк Флојд, односно Мик Џегер и Дејвид Карадин.:(
 
„Малиот принц“. Идално за анимација. Одамна ми е желбава, а годинава најверојатно и ќе биде реализирана. Според трејлерот изгледа одлично.

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom