Кругот се врти?

охоооооооооо...не да се врти...секогаш се врти, и прави репризи...
 
ме чуди оти ко ќе сакаме не се врти,туку кога не сакаме:toe:
 
Не знам дали се врти. За мене сеуште не се свртел кругот, сеуште чекам, но конкретно за ситуацијава:

Вака сеа, ми се нема десено вакво нешто, не ни сакам ама кога би се нашла во ваква ситуација мислам дека (сега незнам дали ќе се изразам најдобро ама ќе пробам) би пробала да го освојам но она индиректно. Нема да му се додворувам туку ќе пробам да го освојам со изглед, однесување и преку разговор трудејќи се да му оставам некој впечаток. Нема да се обидувам да му се мешам во врската колку и да сакам и ќе се останам по тоа прашање на дистанца. Можеби преку однесување ќе му дадам до знаење дека ме заинтересирал, но во никој случај директно нема тоа да го кажам. Ако сеуште му се допаѓам ќе оставам на него да одлучи дали повторно ќе проба нешто со мене или не. Значи нема да му се мешам во врската. Е сега ако многу ми се допаѓа не знам, најверојатно ќе почекам да видам дали тој ќе ракине или не.Ако раскине одам во напад, ако видам дека станува сериозна нивната врска тогаш ќе се повлечам и ќе се потрудам да го заборавам.
 
Ми се има случено,т.е. како голем баксуз ми се дешава уште,мене да ми се свиѓа некој,и тек од кој ќе го изгубам интересот за таа личност тогаш да се заинтересира за мене.И јас нормално иако што се вика не го сакам,кој ќе ми кажат пак го засакувам.

Ми се има случено и слично како примерот на темава,али не ми се присвиѓал од после,повеќе ме занервирал,се прави важен тука пред мене со женска,а јас сум го “корпирала“.
Меѓутоа,доколку би ми се присвиѓал тој што сум го одбила,би го придобила вака:

би пробала да го освојам но она индиректно. Нема да му се додворувам туку ќе пробам да го освојам со изглед, однесување и преку разговор трудејќи се да му оставам некој впечаток. Нема да се обидувам да му се мешам во врската колку и да сакам и ќе се останам по тоа прашање на дистанца. Можеби преку однесување ќе му дадам до знаење дека ме заинтересирал, но во никој случај директно нема тоа да го кажам. Ако сеуште му се допаѓам ќе оставам на него да одлучи дали повторно ќе проба нешто со мене или не. Значи нема да му се мешам во врската. Е сега ако многу ми се допаѓа не знам, најверојатно ќе почекам да видам дали тој ќе ракине или не.Ако раскине одам во напад, ако видам дека станува сериозна нивната врска тогаш ќе се повлечам и ќе се потрудам да го заборавам.
:pipi:
 
Јас би рекла дека се работи за погрешен (прв) впечаток, и затоа никогаш не би требало да донесуваме одлуки, ослонувајќи се само на првиот впечаток...втора шанса му е решението, ќе си излезиш пак, не болит.......

а и малце не ми се верува дека до толку се сменал човекот, едноставно можеби првиот пат не му било до разговор... и затоа оставил таков впечаток...

аа мене на пример ми се случило сосема обратното од ова, значи човек што сум го сметала за совршен, паметен, всушност беше спротивното од тоа...... не знаеше да сврзи ни една нормална реченица....... и закључокот: првиот впечаток не е пресуден, за да оцениме со какава личност сме...
 
Хм,позната реченица,ја имам кажано,ама ја немам почувствувано, ниту пак ми се случила таква ситуација.
Верувам дека кругот се врти и дека ако некој си подигрува со нечии чувства или ако се прави недостапен/а може да и/му се удри тоа во глава.
Ако се случи горенаведената ситуација,ќе си речам,јеби га Марија,си го заслужи.Особено па ако има девојка нема ништо да превземам.
Плус јас знам да проценувам луѓе и ако не ми оставил впечаток,тешко дека за 6 месеци може да промени нешто.Секогаш проценките ми биле точни иако некогаш намерно ги игнорирам што нормално прави да се заебам сама себе на крај.
 
Не ми се случило такво нешто, а доколку се случи можеби и би пробал зашто да не. Ако не се проба не може да се знае што ќе биде. Секогаш постои ризикот од одбивање.
 
Сум била, од другата страна. Типот ми праи муабет само у ситуација минич и штикла, или кога се јавува за материјали од факс, иначе ни здраво не вика, гледа право низ мене. Не дека ме интересирал или ми се допаѓал, али ме доведувал у глупи и непријатни ситуации, пошто јас имам обичај да се поздравувам со луѓето кои ги познавам. Едно време мислев дека пати од просопагносија, ама после ми се разјасни дека пати од шо е кретен :)
 
Незнам, некако не ми иде ова...можеби ќе се смени физички, ама за тоа дека ќе праи саглам муабет и ќе биде интересен да го слушаш и имаш покрај себе некако не ми е верно....арно ама кога би ми се случило такво нешо некој шо сум го корпосала да се опраи ко шо треба , би го викнала на кафе чисто информативно да видам шо магија употребил за таков ектрим мејковер:pos:
 
Ако се променил физички на подобро, а според муабетот е ѓубре, не си трошам време на него, ама ич. А од друга страна, ако има женска и најдобар да е, пак не се мешам таму. Мислам, јас веќе сум го пропуштила возот, нема да биде фер кон него да играм такви подли игри.
Затоа јас обично се сложувам со тоа дека првиот впечаток не е важен...Можеби на некој не му е денот, можеби е најинтересната, најдобрата и најмилата личност на цел свет, ама ете баш тогаш се погодило да не е во нормала. Кога јас веднаш сум се одлучила да не му давам шанса да се запознаеме, нема после што да барам.
 
Ситуација-најдобриот/та другар/ка ви носи девојка/дечко и ја запознава со вас....се ок! праите муабет ова она али не остава никаков впечаток кај вас,ни е убав/а ниту пак не знае еден муабет на направи...

Зборите со другарот другиот ден он ви вели абе и/му се допаѓаш ова она дај нешто...а ти упорно абе не сакам не ми се свига воопшто... и крај на приказна...потоа не ја/го гледате ич..сосема заборавена приказна...

во неколку месеци-ја/го гледате девојката/дечкото онака пицнат/а дотеран/а најубав/а од сите...иди се поздравува со вас(се сменил/а са 180 степени) зборуваш со неа/него и те воодушевува! но...на крајот ти вели-супер ми беше разговоров али морам да идам дечкото/девојката ме чека! се гледаме!:helou:

ти остануваш со отворена уста!:nesvest:

и сеа шо праиме? ке пробаш ли да го/ја освоиш и покрај што е зафатен/а? таа/тој навистина те воодушевил/а-прекрасен разговор онака навистина супер! опуштен/а,забавн/а...се `се...

дали кругот се свртил и те удрил по глава?

Дали нешто вакво ви се има случено вас? Како сте реагирале-дали ќе контактирате,ке и/му се јавиш..или пак ке/го баталиш мислеќи дека не е единствен/а во светот?
повелеле...
:gaze:

Хах добра ти е темава....
Значи вака. Ми се десило слична приказна. Али не се обидов да ја освојам од проста причина - не бев упорен. А и сега кога ке се сетам не би ми се исплатело. Прво, девојката која подоцна ми се засвиѓала немаше шанси да ја најдам - живее далеку. Е сега шта би било кад би било опет да се деси иста ствар? Па ќе се обидам. Освен ако веќе немам друга, која ја сакам.
 
Понекогаш човек треба да е доволно мудар за да не си бега од среќата. Барем тоа е мое размислување. Инаку во контекст на темава ми се случило тоа еднаш, но не избегав, напротив останав приземјен така да кругот се заврти кон една многу добра страна од мојот живот... Срцка те сакам :)
 
Аххх колку само сакам јас кај мене кругот барем маааалкуцка да се сврти...Малку он да трча по мене а не само јас по него...Ама немаааааа....мн.сакам нели?:(
 
Се врти кругот..кога тогаш се врти..кај некои побрзо отколку што очекувале а кај некои многу покасно..но сепак се врти но кога ке се сврти некогаш е прекасно
 
Се врти.
Само некогаш и премногу брзо.
А некогаш премногу бавно.
Битно се движи,а се што останува е да бидете трпеливи,бидејќи секој обид, свесно и самостојно да го придвижите,може да даде спротивен ефект,и да се најдете во уште полоша положба од таа која сте сакале да ја избегнете.Тоа е така,бидејќи,она тркало за кое зборуваме е премногу моќно и негативно реагира на свесните влијанија врз него.Прифаќа само едно-нашата потсвест,која е доволно силна и чиста за да има ефект врз него.А неа секако,не ја контролираме.Барем засега.
Затоа,smile,relax,and enjoy the ride.
The journey in the life is from the top to the bottom....and back.:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom