NSU

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.347
Возраст
47
Локација
Струмица
Веб-сајт
www.kajgana.com
Една, за жал, веќе бивша марка, денес во состав на концернот Волксваген, на времето ценета и позната, чијшто модели на времето се склопуваа и во Сараево (Принц), и која банкротираше заради Wankel моторот.
Еве ја историјата на марката.
Инаку, името ТТ не е случајно. NSU TT е духовниот татко на денешниот Ауди ТТ

Неколку модели:

1200 c најчест на нашите патишта:



NSU TT. The ultimate sports machine:



NSU Prinz 4:



И, гробарот на марката, колата на годината 1968, NSU Ro80:

 
Интересно.
Инаку, моделов К70 вака гледано од напред страшно ме потсеќа на Југо

NSU-K70L.JPG
 
Моделот К70 е всушност, Волксвагенова преработка на Ro80, по 1973 кога марката преоѓа под капата на Волксваген. Веќе ја губи автентичноста, за да кон крајот на 70-тите конечно замре.
Нејзините погони денес произведуваат модели на Ауди.
 
Еве како всушпност изгледа Wankel моторот. Триаглест ротационен клип, кој се врти низ цилиндарот (така да го наречеме) и кој се слуша специфично, како турбина некако...Неможам точно да го опишам звукот.

Проблемот бил во трајноста на моторот. Не издржувале во просек повеќе од 40-50000 км. За изумот на Феликс Ванкел во трка биле NSU и Citroen кој мислеле да го вградуваат во легендарниот DS. Исто така, и Мазда ги откупиле подоцна правата за овој мотор, кој во моментот кога NSU почнале да го вградуваат сеуште не бил добро тестиран, непроверен во пракса, и го доработиле, со тоа што од керамика ги направиле клиповите и хилзните на цилиндрите.
Така, денес овој мотор успешно „се врти” во Mazda RX8.
 
Имаше пред некоја година во Огласник се продаваше К70!
А ваков бел најдов (напишав во друг пост) во Битола, така седи...

NSU%20typ%2067%20-%201.jpg


Штета што нема делови за него...
 
Дечки да се пофалам...

Најдов NSU Prinz 1200c со фабрики 47000км и влегов во пазар за него. Татко ми го чекам понеделник да дојди да го види и тој...иначе требаше утре да го земам. Колата е совршена. Истиот газда има уште еден ...ама не го дава...како горниот е...двата се гаражирани...
 
Volkswagen напиша:
Дечки да се пофалам...

Најдов NSU Prinz 1200c со фабрики 47000км и влегов во пазар за него. Татко ми го чекам понеделник да дојди да го види и тој...иначе требаше утре да го земам. Колата е совршена. Истиот газда има уште еден ...ама не го дава...како горниот е...двата се гаражирани...

Слики да клаиш!!!
 
Dzish напиша:
Да не е црвениот бела чешма шо седи на семафор???
Офф топик: да дојдеш на мсн! Се загубивме :)

Тој е Dzish...во истата гаража од кај што е изваен има и NSU 1000 ама не го дава газдата :( Мада овој е позачуван...
 
Rusnacite imaat kopia na NSU prinz, se vika Zaporozec. Uzasna kola, no sepak moze nekoj delovi da se istite.
 
Aj cestito VW pa ako go zemes so zdravje da si go vozis i sliki da ni stais.
 
Еве го чекам судбоносниот понеделник...требаше денеска да ја зеам,ама татко ми запнал прво тој да ја види па после...се надевам дека нема да бидам толкав баксуз да се продаде. Мада не е некоја многу посакувана кола ( за сега барем ...мислам на NSU) ама со оглед на фактот кога почнав со Бубите така никој не ги сакаше, па со Голфот па се надевам истата судбина ќе биди и со NSU-то...
 
Не знам дечки што да правам...барав на нет вака...никаде делови не глеам за NSU...ниту по огласи... :\

Недај боже нешто да се скрши или да се расипи...што ќе правам...

Ако имате броеви некој што има NSU-а растурени ова она...кажите...

Само тоа ме сеќира...деловите...иначе одма ќе ја зеам...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom