Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга,
Вчера кога станав околу 7 сабајле, си сварив кафе и викам ај на тераса да го пијам, кога излегов на тераса, гледам нешто големо,пред куќа, прво помислив кенгурче,(ама знам дека тука нема кенгури де :pos:), протрив очи, кога тоа да ти било див зајак, огромни уши и задни нозе, кремово кафена боја, скокаше полека ама огромен како куче,:) и скроз ја заобиколи куќата, премина улица и се изгуби во шумата, имаме густа шума преку пат елки и борови, кое прекрасно чувство беше, неописливо. А можеби и има некоја симболика не знам.
И кажувам на другаркава вели да не го замисли на скара. Не бе златна се јадење ти е во паметот, прекрасно чувство беше да видиш животно во дива природа, посебно дека обожавам шума и шумски животни.
 
Последно уредено:
Зошто ме фрустрира толку многу кога некој постојано зборува за факултет околу мене, за работа, кариери? Ова е мојата маана. Многу се нервирам кога се случуваат вакви настани. Не сакам никој да ми зборува за факултет и кариери затоа што едноставно одам по друг пат во животот. Не сум роден да бидам просечен и да добијам просечна работа, затоа што знам дека сум роден за повеќе. Татко ми особено ги шири своите глупави мислења и пропаганда, дека морам да одам на факултет и неговите глупости. Тој е во шеесеттите години и сѐ уште мисли дека светот бил каков што бил пред 30 години. Сега, вистинските кариери се бизнисот. Крај е на факултетот и 40-часовната работна недела за газда кој не ме плаќа како што треба. Мразам кога луѓето ми праќаат видеа од овие курсеви за програмирање, „работа од дома“, толку многу ги мразам. Кога повторно ќе почнам во септември, работите ќе се променат. Многу ќе се променат.

Знам дека треба само да се откажам од нив и да ги оставам да кажат што сакаат, но го толкувам тоа како многу непочитување кон мојата иднина. Како да не веруваат во мене и во она што навистина сум способен да го постигнам. Направив пауза од 1 година само за да се фокусирам на ментално подобрување. Тие навистина не знаат дека овој сон што го имам не можам едноставно да го игнорирам. Ова е мојот живот. За ова ќе живеам. Без него, јас сум жив мртовец во тело.

Еден ден ќе погледнам назад и ќе се смеам колку мал бил нивниот вид во споредба со мојот. И ќе знам, тие всушност никогаш не ме познавале.
 
ДК,

Наградена сум со трофеј сунѓер.
Прејако. Ме изнасмеавте. Си викам дај да видам што значи сунѓер да ти даде Кајганче.
 
Се надевам оваа надградена верзија ќе биде постабилна и нема постојано да паѓа и да е недостапна. Поради ова го напуштив во минатото форумот. Позз од Германија
 
Специјален поздрав до Дома Мебел (кај Јужен Булевар) кој упорно одбиваат да го оправат рекламниот материјал кој им стои пред салонот...

Screenshot_20250713_081956_edit_5196695898420732.jpg
 
Пробувам да имам правило кај што ако некоја реклама ме исече у момент, пример глеам нешто на јутуб и у сред клип ми почиња реклама за кока кола, после тоа некој период не купувам кока кола.

Порше више ги бојкотирам пар години :misticen:
 
Да утепаш 11 год дете ради имот, заслужуваш ГРОБ да немаш. Гроб!
Само у 9ти круг правац.
Говедо едно распало. Пичка една, се самоубил, иди лежи го.
 
ДК,

Сфатив колку пари имам уштедено кроз годиниве на гардероба со тоа што не работев во канцеларија. Ај што е трошок па и тотална стерилизација за мојот кежуал, спортски стил.
Убаво ми викаше бившата, аман со тие карго пентс и дукс.
:place:
 
Дали може да отворам тема ,,Црна Хроника” не гледам дека има?
И онака за жал ништо друго нема за дискутирање во државата
 
Кајг,


затоа сите по турбо фолк, дури предвреме идат на концерт да фатат подобро место пред бината! :facepalm:
 
Draga iskreno krenav race od tebe, si rekov kajgana ja prodade kucata, te proglasiv za umreno. Ne mi bese tolku deka te snema tuku i livadarskata tema ja snema zaedno so tebe :sneaky:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom