Дали секогаш ги читате книгите до крај?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Дали секогаш ги читате книгите до крај?


  • Вкупно гласачи
    57
Читав една статија во која Набоков изјавува дека би требало да се ослободиме од чувството на вина и чувството на недовршеност кога станува збор за недочитана книга. Од една страна не вреди да се замараш за нешто што не ти предизвикува никаков интерес, но од друга како би можело да предвидиш дека баш крајот или остатокот од содржината нема да те заинтригира?

Во денешно време мислам дека ретко некој фаќа да чита книга по случајност. Сите читаме коментари, рецензии и мислења на интернет и од прилика знаеме што би ни се допаднало што не. Ризикот да наидеш на нешто што не ти е по мерак, а сепак е од жанрот што го сакаш и следиш е минимален.

Како придонес за темава ќе оставам две статии што се посветени на оваа „проблематика“.

Промискуитетно читање.

Кој тип читател си?

Лично јас пред да ја студирам книжевноста никогаш не оставав недочитана книга. Токму поради чувството на вина. Читав книги што речиси и не ги разбирав, ама имав некој внатрешен немир што ме тераше го прочитам секој збор. Подоцна низ раце ми поминаа многу книги од кои требало да ја филтрирам само најважната информација или анализа и сум немала време да им се посветам на тој начин. А сепак ако не ги сметам стручните дела немам дочитано само 2-3 романи во животот.
 
@Crazy in Love Одлична тема.

Досега сите книги што ги имам почнато ги имам завршено, единствен исклучок е Ана Каренина кога бев во средно, не се сеќавам баш конкретно, ама знам дека ми пукна филмот уште некаде на почеток, плус тоа tl;dr и спојлер, колку страници и да читам знам дека на крај таа се фрла под воз поради некоја љубов и слично.
Мислам, сите делови од тоа литературно дело, ги имам сумирано на таа една реченица, што и реално не е многу добро, ама во случајов - тоа е.

Инаку да, како што реков, се што е почнато мора да се заврши соодветно, нема бегање, истото важи и за книгите.
 
Ги дочитувам до крај без разлика дали ми се допаднале или не, тие што не ги сфаќам ги баталувам и после ден-два пак почнувам да ги читам, со надеж дека работите ќе ми се појасни. Некоја книга знае и целосно да ме обземе па можам и за ден да ја прочитам.
 
Да.
Ја читам колку и да ми е досадна и глупава и не знам каква,ја дочитувам до крај.
Избегнувам да не ги дочитам.
:гик:
 
Има премногу книги што копнеам да ги прочитам за да губам време на дело кое не ми се допаѓа.
Впрочем, само на една книга што не сум ја дочитала ми текнува, чинам Фотографија се викаше. Беше толку монотоно напишана, не се случуваше ништо, се изнервирав и ја баталив.

Инаку за среќа не се случило чинам друг пат да баталам книга. Си го познавам вкусот и генерално читам литература што ми е во областа на интерес.
 
Кога друѓите нешта не ги правам до крај барем книгите ги дочитувам. Еве во периодов наидов на книга со возбудлив почеток, но има некоја долга средина досадна до бесвест, ама ќе се помачам уште 60 странички. :)
 
Зависи,ако книгата ми е убава ќе ја читам до крај
 
Порано ме фаќаше грижа на совест и ги дочитував до крај на сила и тие што не ми се допаѓаат. Сега, доколку книгата која ја читам не ми се допадне и пружам добра шанса, односно не се откажувам брзо, но во моментот кога веќе не можам да издржам, ја баталувам. И повеќе не се замарам дали е океј или не, понекогаш развлекувам книга со недели само за да не ја откажам, а за сето тоа време сум можела да уживам во други.

Минатата година ги баталив "Играта со стаклени мониста" на Херман Хесе и "Ефи Брист" на Теодор Фонтане. Едноставно предосадни ми беа, преспоро се одвиваа работите и ништо не се случуваше. Од првата добивав и нагони на повраќање, до толку не ја можев.

И мојот очигледно вечен немезис: "The Silmarillion" на J. R. R. Tolkien. Пред 2 години ја почнав, едвај 50-ина страни прочитав. Ја почнав по втор пат пред неколку месеци, мислам дека не стигнав ни до 100. Екстремно многу сакам да ја прочитам, но не можам. Претешка е. Секоја глава е со нови ликови, приказната е речиси библиска, премногу имиња и места, премногу неразбирливо.
 
Порано ги читав до крај, како да морав, а сега ако не ми се допаѓа ја оставам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom