Напад од куче на патот

  • Креатор на темата Креатор на темата Litajko
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 април 2008
Мислења
790
Поени од реакции
357
Здраво , верувам дека мнозинството од вас што возат мотор имале проблеми од ваков тип . Јас лично имав сериозен пад од моторот поради куче ми се пушти да трча и лае по мене јас како се обидов да го избегнам тоа ми скокна пред предната гума и удрив во него на сред улица , паднав од моторот и замалку не ме удри кола од позади. Ситуација бр 2: возејќи по рурален пат накај едно село десетина кучиња кои чуваа стадо ме обиколија и жив ќе ме изедеа да не дојдоа овчарите од негде исто како во следниот случај: https://www.youtube.com/watch?v=pLi4619vwAU
Како вие реагирате кога ви се пуштат кучиња дали им бегате или ги смирувате и напишете некоја ваша случка со мотор или велосипед.
 
Куче е за во двор а кога се шета строго на ланец со корпа на устата

Застанувам а долколку не избега од ќотек го убивам и си продолжувам како ништо да не било
 
И јас имам претрпено ваков сличен напад од кучиња. И пази апсурдна ситуација. Кучињава морав со сета сила да ги мавам со камен по глава за да ми ја пуштат фармерката која тие упорно не ја пуштаа, а дегениве што беа во моја близина наместо да помогнат ме обвинија за суровост према животните. Какви глупи луѓе има, значи страшно......
 
Колку ме нервира со овие што се бунат со суровост према животните и сл нека претрпат и они сл напад па тогаш нека продааваат муда за бубрези и нека тогаш ги галат песовите
 
Ми се има десено во неколку наврати додека возам точак да ми се пуштат кучина. До сега тие секогаш го извлеквле подебелиот крај или се откажале, се додека не ме зачека некој Вучјак:)

И то она што сум го приметил до сега не ми се пуштило улично куче. Бидеќи рекреативно возам велосипед, често поминувам покрај слабо населени населби. Во многу од куќите има кучина кои не се врзани, а згора на се обично има и по некоја дупка во оградата каде кучето може слободно да се протне и да те брка низ цела улица.

Да бевме нормална држава газдите би попиле добри казни.
 
А колку е казната за сопственикот ако неговото куче нападне некој?
И дали нападнатиот добива оштета и колкава?
-Комшиското куче често се случува да ме брка па чисто информативно да знам дали да се бранам или да му дадам да ме изеде. :D:D:D
 
Единствен спас е да си носите од оние пендраци хитлерки сто ги викаат али тоа не спасува ако се глутница кучиња како на видеото... Мислам дека од таква ситуација ако се повеќе кучиња или ако е едно а огромно спас е само електро шок али ако може да се намести некако на нешто подолго пример шипче и оддалеку да го стрескаш. Иначе многу голем проблем е недај боже да нема кој да те спаси.
 
Јас да имам еден пиштол уште вечерва би излегол и би ги испотепал сите агресивни џукели што се собираат околу зградава. Незнам како никој ништо не превзема. Веќе скоро 1 година се тука во комшилукот мој и покрај тоа што неколкупати нападнаа луѓе, не се десило досега да дојдат шинтери и да ги однесат таму кај што треба - во Вардариште.
 
Постојат доста ефикасни ултразвучни уреди (dog repellent) кои произведуваат за кучињата непријатен звук од кој бегаат, имам таков дома работи проверено и на мали и големи раси, пар на ротвајлерки кои ми се пуштија, ги избрка сместа, мал е се носи в џеп, исто има и средства кои имаат непријатна - одбивна миризба за кучето и ги брка но не ги повредува, комбинација на тие две средства би била доволна за таква заштита

Јас не би ги тепал али ако те нападне немаш друг избор.
 
Постојат доста ефикасни ултразвучни уреди (dog repellent) кои произведуваат за кучињата непријатен звук од кој бегаат, имам таков дома работи проверено и на мали и големи раси, пар на ротвајлерки кои ми се пуштија, ги избрка сместа, мал е се носи в џеп, исто има и средства кои имаат непријатна - одбивна миризба за кучето и ги брка но не ги повредува, комбинација на тие две средства би била доволна за таква заштита

Штознам, јас најбезбеден покрај бесни џукели би се осеќал ако во џеб носам некое мало пиштолче.
 
Штознам, јас најбезбеден покрај бесни џукели би се осеќал ако во џеб носам некое мало пиштолче.
Имаш пукано со мало пиштолче на 3-4 кучиња кои те напаѓаат?
 
Многу пати нападнат..... многу ги иритира кучињата вртењето на тркалото! Ако се спротиставуваш пак, уште повеќе! Застани, продолжи да одиш не ги гледај в очи и нема проблем. Па ми се затрчувале така, али сум се наведнувал и сум им зборувал милозвучно, се смируваат па дури може да дојдат и да ги погалиш, а пред тоа би те изеле! Сум бил каснат од куче, али јас си го барав. Место тепање и убиство како превенција од напад, пробајте со други методи......
 
Имаш пукано со мало пиштолче на 3-4 кучиња кои те напаѓаат?
Немам, ама сепак повеќе ќе те заштити пиштол отколку некоја справа што испушта ултразвук.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom