Помош книговодители!

  • Креатор на темата Креатор на темата donzuan83
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 март 2011
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво форумџии
Денески бев во Агенцијата за вработување за да аплицирам за неповратниот кредит,но по 10 минути разговор ме испишманија за апликацијата .Работам 10 години со фасади и малтарија,но годинава ми е страв да почнам на црно поради најавите за високи казни.Па помислив да отворам фирма и да го земам кредитот пошто е неповратен и на тој начин да работам легално.Но вработениот таму ми рече да размислам добро дали сакам да отворам фирма со тој кредит бидејќи автоматски со тоа сум правно лице и имам многу повеќе давачки (фискални,даноци,придонеси)сето тоа било драстично повеќе во однос на тоа доколку би работел или би се регистрирал како занаетчија.Ми рече да се конултирам со добар книговодител ,па еве сум тука надеваќи се дека ке најдам таков овде :)
-Работиме заедно со брат ми ,двајцата без ден стаж,па ме интересира дали ако се регистрираме како занаетчии ќе можеме да работиме заедно на фасада ? (дали ќе имаме проблем со инспекции).
-Што се е потребно за да се регистрирам како занаетчија и кои се придонесите кое морам да ги плаќам на годишно ниво?
-Кои други трошоци ги имам како занаетчија ако земеме предвид дека работам на објекти т.е немам потреба од дуќан ,кирии,вода ,струја ... ?
-Дали може да плаќам паушал на годишно ниво и дали некој знае колку изнесува?

Се надевам дека некој запознаен со темава ќе може да ми одговори
Благодарам однапред
 
Плата, Пензиско Осигурување, Здраствено Осигурување, Фискална Каса, Резервна Фискална Каса, Данок на ДДВ, Фирмарина, Радиодифузна такса, Дигитален потпис, Трансакциска Сметка, Кирија, Струја, Вода, Телефон, Книговодител итд. итд.

А тоа колку е едноставно отварањето....Сведочи овај линк
http://mkd-news.com/kako-da-otvorite-firma-vo-makedonija-shto-vi-treba-12-detalno-objasneti-chekori/
 
Благодарам на одговорите, но дали може некој подетално да ми одговори на четирите прашајња оти сум тапа од темава :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom