Што се однесува до одење на Водно за викенд, бидејќи не е решен проблемот со паркирање, гледам да ја избегнам гужвата која е најголема во Недела околу 12. Фамилијарно ние одиме во Сабота, а може и Недела ама многу порано, или пак кога не е презагадена Скопската котлина, одиме на Пантелемон каде и нема толку многу гужва, а сепак сме на чист воздух.
И чисто, колку да знаеш, нечистиот воздух во зима во Скопје не е поради автомобилите, туку единствено од оние кои се греат на дрва. Тие кога зимоска ќе ги распалат ќумбињата, загадуваат од 10 до 100 пати повеќе одколку што загадуваат сите автомобили во Скопје. Па така претпоставката дека ќе имаме почист воздух ако се возиме со автобус не е точна. Ќе имаме чист воздух само ако луѓето престанат да се греат на дрва, јаглен, пелет, иверици и други материјали(пластики, гуми и сл.) кои горат.