Во голема заблуда си ако мислиш така. Можеби не се купуваат масовно заради висината на македонскиот стандард и ред други работи. Најобичен трактор (без дополнителна приклучна механизација) стар 30-40 години во некоја си пристојна кондиција тешко можеш да го најдеш за цена помала од 2-2 500 еур. Ако додадеш на ова и неколку основни приклучни помагала (плуг, сеалка, брана) ќе треба да си одвоиш уште добри 1 000 еур. Што значи дека без 3 500 еур не правиш ништо. И тоа пак ќе речам за нај прост, нај обичен трактор. Со ваков трактор убеден сум дека може да се обработат годишно 50-100 хектари а повеќето не обработуваат ни 10% од ова. Во превод ова тракторче би му дошло како југце 45ка. Тие ферарињата од трактор се и по 150 000 еур и неможам ни да замислам колку земја може да се обработи со таквите.
Ако никој не сака да се занимава со земјоделие и ако никој не гледа заработка тука, кажи ми зошто цената за закуп годишно на по квалитетните парцели до 4 класа стига и до 500 еур по хектар? Или пак зошто огласите за закуп на државно земјоделско земјиште се многу ретки (3-4 годишно)? САМО, како што кажа и самиот ова е веќе друга тема на разговор.