OK, згрешив, не спомна BMW туку Volvo. Како и да е, од мое лично искуство, од туѓи искуства кои ги среќавам секојдневно и од достапните информации, не се согласувам дека Land Rover произведува подоверливи возила од Мазда. Дека е полуксузен бренд кој по дифолт носи повеќе и полуксузна опрема, нема дискусија, ама дека за исто пари може да се купи половен Land Rover кој ќе служи бар приближно верно и доверливо како било кој нов јапонски suv, не верувам. А да не збориме за половен јапонски suv за исти пари како и Land Rover...
Друг муабет е тоа што на старо она што се наоѓа кај нас од Land Rover, исто ко BMW, Audi и Mercedes e скантан отпад донесен од Италија преку Бугарија. Отвори ги огласниците и посочи некој прв газда да продава сочуван Land Rover со малку километри кој го купил од овде со сервисна историја и слично и за прифатлива цена.